28.08.2012, 15:39 (ФОТО) Иванов на литургија за Пресвета Богородица на Матка
ФОТО: МИА
Претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов, по повод одбележувањето на големиот христијански празник Успение на Пресвета Богородица присуствуваше на божествената литургија во истоимениот манастир на Матка со која ќе чиноначалствуваше Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан.
Иванов на сите православни верници им го честиташе празникот Успение на Пресвета Богородица.
- Ова е празник кога славејќи ја Богородица ја славиме и улогата на мајката во семјеството, она што е задача на семејството, посветеноста на семејството, на своите деца и љубовта кон нив. Навистина овој празник ја одржува таа традиција на нашите верници и овие се моменти кога се потсетуваме на сето она што било во минатото и она што не очекува во иднината, порача претседателот Иванов.
|