28.08.2012, 15:29 Њу Орлеанс директна цел на нов ураган
Градот уништен од ураганот „Катарина“ повторно на тест на природата
Тропското невреме „Ајзак“ е на граница да прерасне во ураган како што се приближува кон Мексиканскиот залив, предупредуваат прогнозерите. Неговите виорни ветришта и дождови ќе бидат голем тест за новите системи за контрола на поплавите во регионот, седум години откако ураганот „Катрина“ предизвика водени бранови да удрат во внатрешноста на копното.
„Ајзак“ се очекува да пристигне на копното над југоисточна Луизијана или доцна вечерва или утре изутрина. Невремето се движи кон северозапад со брзина од 12 милји на час, и се чини дека директната цел е Њу Орлеанс, што би значело немилосрден удар за градот кој се' уште се обидува да закрепне од „Катрина“, ураган што го погоди градот на 29 август 2005 година, кога загинаа над 1.800 луѓе и предизвика материјална штета од повеќе милијарди долари.
Сателитските снимки покажуваат дека тропското невреме „Ајзак“ денеска го зафати Мексиканскиот залив. Незаштитените, ниски области во близина на Њу Орлеанс беа евакуирани во понеделникот.
Се очекува „Ајзак“ да биде првиот голем тест за обновениот систем од 14 милијарди долари што потфрли во 2005 година кога градот беше катастрофално погоден. „Ајзак“ однесе најмалку 22 живота и предизвика големи поплави и материјална штета на Хаити и на Доминиканската Република, а во неделата го заобиколи јужниот врв на Флорида.
Се предвидуваше дека невремето ќе зајакне во ураган од прва категорија, што е најнизок интензитет на Сафир-Симпсоновата скала за урагани од пет нивоа, со најсилни ветришта од 90 милји на час.
Иако би било значително пониско од интензитетот на „Катрина“ – силно невреме од 3 категорија - огромните димензии на бавно-движечкиот систем на „Ајзак“ ги натера прогнозерите да предвидат големи поплави. „Дури и ако е тропско невреме кога ќе го зафати копното, големите димензии се' уште значат значително налет на невреме“, изјави директорот на Центарот за урагани, Рик Кнаб за новинарите. „Тоа потенцијално значи опасност за животите“.
|