| 27.08.2012, 15:00 На забава обезглавени 17 лица во Авганистан 
 Поради забава на која имало музика и се танцувало во текот на ноќта Талибанците убиле и обезглавиле 15 мажи и две жени Петнаесет мажи и две жени се убиени во текот на ноќта во јужниот дел на Авганистан. Жртвите биле обезглавени, а се претпоставува дека се убиени од страна на Талибанците, бидејќи организирале забава на која пуштале музика и танцувале. Во друг инцидент исто така во оваа јужна провинција, во напад врз контролен пункт загинаа 10 војници.
 - Можам да потврдам дека ова е дело на талибанците, изјави портпаролот на гувернерот на провинцијата Хелманд, Дауд Ахмади, додавајќи дека тврдокорните талибански струи се познати по тоа што во текот на нивното владеење вршеа јавни егзекуции и ја забрануваа музиката и забавите.
 
 Портпаролот додава дека убиствата се извршени во област под контрола на Талибанците.
 |