27.08.2012, 13:29 „Пиволенд“ од 29 август до 2 септември
Во петте фестивалски вечери ќе настапат Бајага и Инструктори, хрватскиот бенд Елементал, Рамбо Амадеус, Нокаут, Baildsa (Грција), Drum'n'Zez (Србија), Ска бендот Процес од Ниш и др
Петтото издание на гурманскиот викенд со пиво во Скопје „Пиволенд“ ќе се одржи од 29. август до 2. септември, на просторот пред спортскиот центар „Борис Трајковски“.
Во петте фестивалски вечери ќе настапат познати музички имиња од Македонија и од странство. Предвиден е настап на Бајага и Инструктори, хрватскиот бенд Елементал, Рамбо Амадеус, Нокаут, Baildsa (Грција), Drum'n'Zez (Србија), Ска бендот Процес од Ниш, Србија...
Дел од фестивалот се традиционално големиот избор на различни видови пиво, разновидната гурманска понуда, наградни игри, игротеката за возрасни и ракотворбите..
Влезот на фестивалот, како и секоја година е бесплатен за сите посетители
|