27.08.2012, 14:07 Загинатиот кај Матка е израелскиот бизнисмен Гидеон Сандел
Сандел беше осуден на две и пол години затвор за измама со кредитни картички во Македонија, во судскиот процес кој траеше десет години
Седумдесетгодишниот Израелец, кој загинал при пад од карпа, додека пешачел сам на Матка, е познатиот бизнисмен Гидеон Сандел, кој беше осуден на две и пол години затвор за измама со кредитни картички во Македонија, во судскиот процес кој траеше десет години.
По тридневната акција за пронаоѓање на Израелецот, вчера бил пронајден мртов. Телото на починатиот Сандел од Матка било извлечено со помош на полициски хеликоптер од бездна длабока цели 60 метри. Сандел на 24 август бил пријавен како исчезнат, а отседнал во хотелот „Мрамор“ во Скопје,
Израелското Министерство за надворешни работи за весникот „The Times of Israel“ го потврди случајот. Оттаму велат дека со конзулатот во Хрватска и македонските власти се работи на враќање на телото на загинатиот во Израел.
Израелскиот бизнисмен беше осуден, но го доби судскиот спор во Европскиот суд за човекови права, за судење во неразумен рок. Сандел бараше отштета од 10.000 евра и ја тужеше државата поради долгиот судски спор. Судот во Стразбур досуди отштета од 1.600 евра.
|