28.08.2012, 14:54 Јовановски: Очекувам параолимпијците да се пласираат во финалето
Оливера Наковска-Бикова и Ванчо Каранфилов во Лондон ке се натпреваруваат во пукање со воздушен пиштол, со спортски пиштол од 25 метри, како и со пиштол по слободен избор на 50 метри
Бранимир Јовановски, тренер на македонските репрезентатвци во стрелаштво кои учествуваат на годинашните Параолимписки игри во Лондон денеска изјави дека очекува добри резултати и пласман во финалето.
- Очекувам македонските натпреварувачи да обезбедат пласман во финалните борби, барем во една од трите стрелачки дисциплини, изјави тренерот Јовановски.
Република Македонија на овие Игри што почнуваат утревечер со церемонијата на свеченото отворање на главниот Олимписки стадион во лондонскиот Олимписки Парк, ја претставуваат двајца спортисти. Оливера Наковска-Бикова и Ванчо Каранфилов во Лондон ке се натпреваруваат во пукање со воздушен пиштол, со спортски пиштол од 25 метри, како и со пиштол по слободен избор на 50 метри.
Тренерот Јовановски од Наковска-Бикова очекува да се најде во финалните борби во воздушен пиштол, додека од Каранфилов да оди во финалето во натпреварите во спортски пиштол од 25 метри.
Параолимписките игри во Лондон ќе траат до 9 септември, а на нив учествуаат 4.200 спортисти од 165 земји што е најмногу во досегашната историја на овие Игри.
Пред четири години на Игрите во Пекинг имаше спортисти од 146 земји.
За Параолимписките игри во британската јавност постои голем интерес иако тие се одржуваат само две недели по завршувањето на летната Олимпијада. Во продажба се пиштени 2,5 милиони влезници и се очекува сите да бидат продадени.
За Игрите во Пекинг имаше 1,8 милиони влезници, додека за Параолимписките игри во Атина во 2004 година 850.000. На церемонијата на свеченото отворање, знамето на Република Македонија ќе го носи Бранимир Јовановски.
|