27.08.2012, 11:51 Вардар го победи Тетекс и изби на второто место
Исени со неверојатни четири гола за 14 минути му донесе победа на Работнички на гостувањето кај Силекс со 5:3
Со натпреварот Вардар - Тетекс одигран на арената „Филип Втори“ во Скопје кој заврши со резултат 4:0, синоќа се комплетира 3.коло во Првата македонска фудбалска лига. Со овој триумф црвено-црните се искачија на втората позиција на табелата.
Фантастична партија во дресот на Работнички на гостувањето во Кратово имаше Генц Исени, кој за само 14 минути постигна фантастични четири погодока. Со тоа тој во второто полувреме му донесе пресврт на својот тим, кој на паузата замина со дефицит од 2:0. По фуриозните 14 минути на Исени, Работнички поведе со 4:2 против Силекс во средбата која заврши со конечни 5:3 за „романтичарите“.
На другите натпревари од оваа рунда постигнати се следниве резултати: Шкендија - Металург 1:0, Дрита - Напредок 3:0, Силекс - Работнички 3:5, Пелистер - Брегалница 1:0 и Ренова - Хоризонт Турново 0:0.
Табела: Хоризонт Турново 7 бодови, Вардар 6, Брегалница 6, Металург 6, Ренова 5, Дрита 4, Работнички 4, Шкендија 4, Пелистер 4, Напредок 4, Силекс 0 и Тетекс 0.
|