27.08.2012, 09:22 Шампионот во Премиер лигата освои бод на „Енфилд“
Tимот на Манчестер Сити на дербито на „Енфилд“ со Ливерпул освои бод играјќи нерешено 2:2
Актуелниот шампион во Премиер лигата, тимот на Манчестер Сити на дербито на „Енфилд“ со Ливерпул освои бод играјќи нерешено 2:2.
И вториот дуел од 2.коло во Англиското фудбалско првенство заврши без победник. Стоук и Арсенал одиграа без постигнат гол – 0:0.
На другите дуели од 2.коло беа постигнати следниве резултати: Челзи – Њукасл 2:0, Свонски – Вест Хем 3:0, Астон Вила – Евертон 1:3, Манчестер Јунајтед – Фулам 3:2, Норвич – КПР 1:1, Саутемптон – Виган 0:2, Тотенхем – ВБА 1:1. Поради многу вода на теренот одложен е натпреварот Сандерленд – Рединг.
Табела: Челзи 9 бодови (натпревар повеќе), Свонси 6, Евертон 6, ВБА 4, Манчестер Сити 4, .... |