27.08.2012, 13:33 Роџер Мур: Даниел Крег е најдобриот Џеjмс Бонд досега
Роџер Мур (84), кој го глумеше тајниот агент 007 од 1973 година до 1985 година, го пофали Даниел Крејг за неговата улога во филмовите „Casino Royale“ и „Quantum od Solace“
- Ги сакам „Casino Royale“ и Даниел Крејг. Тој е неверојатен актер, дефинитивно најдобар кој некогаш го глумел Џеjмс Бонд. Крејг едноставно е најдобар од сите други кои го глумеле Бонд, напиша Мур во својата книта „Book on Bond“.
Мур напиша и дека во филмот „Quantum of Solace“ недостасувала одредена доза на хумор, по што тој самиот бил познат во филмовите за Бонд.
- Верувам дека во филмот „Skyfall“ ќе има многу повеќе хумор отколу што беше во филмот „Quantum of Solace“, на мое големо задоволство. Секако, кога го играв Бонд шефовите ги држеа сите конци во рацете, но јас никогаш не ги разбирав премногу сериозно, напишал Мур.
Зборувајќи за своите години кога го глумеше Бонд, Мур напиша: „Тогаш без страв можев да скокнам од столицата, а при тоа да не го повредам коленото. Можев да јадам карамели без страв дека ќе ми падне забот. Можев да се гордеам со мојата коса и своето обликувано тело. Со едно движење на веѓите можев да му го забрзам пулсот на целиот свет. Сега пејсмејкерот го забрзува мојот пулс“.
|