28.08.2012, 16:20 Помали плати и чинови за војниците провокатори
Американската војска соопшти дека ги дисциплинирала американските војници кои ги разгневија Авганистанците во почетокот на годинава, односно видеоснимки на кои маринци мочаат врз трупови и се палат копии на Куранот. Во административните казни - што би можеле да значат намалување на чин или одземање на плати – не е предвидено кривична постапка и не е познато дали тие ќе ги задоволат авганистанските барања за правда.
Авганистанскиот претседател Хамид Карзаи во почетокот на годинава ги окарактеризира дејствувањата на маринците на видеоснимката како „нечовечки“, и првично повика на јавно судење за војниците во врска со инцидентот со Куранот. Детална истрага на американската војска покажа дека на 20 февруари биле запалени до сто Курани и други верски текстови од библиотеката на притворниот центар – што е претходно непознат податок. Истрагата покажа дека предупредувањата од Авганистанците, вклучувајќи и еден авганистански војник, биле игнорирани, и инцидентот делумно се припишува на недовербата меѓу Американците и Авганистанците. „Сепак, апсолутно отфрлам каква било сугестија дека инволвираните постапиле со некакви малициозни намери за непочитување на Куранот или клеветење на исламската вера“, пишува истражниот офицер, бригаден генерал Брајан Вотсон. Прашањето за недоверба меѓу американските војници и Авганистанците се најде во остар фокус последниве недели поради налет на „инсајдерски напади“, во кои се верува дека Авганистанците „пријателски“ го насочуваат оружјето против американските сили. Таквата недоверба ја поткопа довербата во американска стратегија за повлекување, што се потпира на обука на авганистанските сили, Повеќето американски војници се очекува да ја напуштат земјата до крајот на 2014 година. (Ројтерс)
|