29.08.2012, 13:44 Русинка играше покрај жртвите од сообраќајна несреќа
На сите руски телевизиски станици се појави шокантна снимка на жена која се смее и игра во близина на телата на настраданите во стаотна сообраќајна несреќа
Младата жена била патничка во возило „Субару“, чиј возач најверојатно ја предизвикал оваа сообраќајна несреќа со пребрзо возење на автопатот во регијата Нижи Новгород во Русија.
Автомобилот „Субару“ удрил во џип „Лада Нива“, што се превртел на кров, а возачот и неговата сопруга останале мртви на лице место.
Сите четворица патници, кои се наоѓале во возилото „Субару“, минале без повреди и немало потреба од медицинска помош.
Додека спасувачките служби од превртениот џип ги извлекувале телата на настраданите, четворицата преживеани патници веќе видно пијани продолжиле да пијат пиво на местото на несреќата.
Една од жените тогаш почнала да игра пред камерите и екипата на телевизиската емисија „Emergency Call“, кои ја следело полицијата при увидот на местото на тешката сообраќајна несреќа.
- Што можам да направам за вас? Каква поза сакате да видите? Сакате да застанам вака? Или можеби вака? Што да направам потоа?, зборува жената пред камерата.
Цело време на екранот можат да се видат покриените тала на двете загината лица.
- Полицијата работи најдобро што може и се обидува да остане присебна и културна, но очигледно дека се полни со гнев и лутење и дека сите би сакале на овие пијаници да им оддржат добра лекција, рече Артем Филипов, дописник од една телевизиска станица.
Жената која играше не е именувана, но полицијата ја испрашуваше. Возачот на „Субаруто“ е лишен од слобода заради сомневање за возењето во алкохолизирана состојба.
|