30.08.2012, 21:53 Реал Мадрид со Сити, Борусија и Ајакс во „групата на смртта“
Бранителот на тронот Челзи, заедно со Јувентус е фаворит за понатамошен пласман од групата Е, каде се и Шахтјор и Нордсјеланд
Шпанскиот фудбалски шампион Реал Мадрид немаше многу среќа на жрепката во Монако, добивајќи ја најтешката група Д во која се најде заедно со шампионите на Англија, Германија и Холандија, Манчестер сити, Борусија Дортмунд и Ајакс во групната фаза од Лигата на шампионите. „Кралевите“, без разлика што се благи фаворити во оваа „група на смртта“, ќе бидат ставени на сериозни тестови од противниците.
Вечниот ривал Барселона е во групата Г, каде не се очекува да има многу проблеми со Бенфика, Спартак Москва и Селтик, а релативно лесни противници доби и Манчестер јунајтед, кој во групата Г е заедно со Брага, Галатасарај и Клуж.
Бранителот на тронот Челзи, заедно со Јувентус е фаворит за понатамошен пласман од групата Е, каде се и Шахтјор и Нордсјеланд, а најнеатрактивна е групата А, каде силите ќе ги одмерат Порто, Динамо Киев, ПСЖ и Динамо Загреб.
Групната фаза во најелитното натпреварување во Европа стартува на 18 и 19 септември.
Група А: Порто, Динамо Киев, ПСЖ, Динамо Загреб.
Група Б: Арсенал, Шалке, Олимпијакос, Монпелје.
Група Ц: Милан, Зенит, Андерлехт, Малага.
Група Д: Реал Мадрид, Манчестер сити, Ајакс, Борусија Дортмунд.
Група Е: Челзи, Шахтјор, Јувентус, Нордсјеланд.
Група Ф: Баерн, Валенсија, Лил, БАТЕ Борисов.
Група Г: Барселона, Бенфика, Спартак Москва, Селтик.
Група Х: Манчестер јунајтед, Брага, Галатасарај, Клуж.
|