31.08.2012, 20:30 Јовановски: Горди сме на златото на Наковска Бикова, очекуваме нови успеси
„Вечерва ќе го прославиме успехот, а веќе од утре почнуваме со подготовките за другите две дисциплини во кои ќе настапат нашите претставници“, изјави тренерот на параолимпијците
Освојувањето на златниот медал во стрелање со воздушен пиштол од 10 метри на Оливера Наковска Бикова на Параолимписките игри претставува голем успех за македонското стрелаштво и за нашиот спорт воопшто и затоа сите сме многу горди, изјави нејзиниот тренер Бранимир Јовановски.
Вечерва, додаде, ќе го прославиме успехот, а веќе од утре почнуваме со подготовките за другите две дисциплини во кои ќе настапат нашите параолимпијци Наковска Бикова и Ванчо Каранфилов.
- По златото на Оливера очекуваме уште добри резултати на стрелачкиот турнир на овие Игри, вклучувајќи го и освојувањето на уште некоја од медалите, рече Јовановски, изразувајќи задоволство од добрата форма на Наковска Бикова.
Таа во денешните претпладневни квалификации постигна светски и параолимписки рекорд, додека во финалето уште еднаш уверливо ги совлада сите свои противнички, а посебно главните конкурентки, Русинката Марина Климаченко и Иранката Сарех Јаванмардидомани.
Малубројната македонска параолимписка репрезентација присуствуваше на доделувањето на златниот медал на кое во чест на Наковска Бикова беше подигнато македонското знаме и интонирана нашата химна.
Ова е прв златен медал за Македонија на параолимпијадите по Игрите во Барселона во 1992 година, кога злато освои сегашниот тренер Бранимир Јовановски. На Параолимписките игри во Атина, пред осум години, Ванчо Каранфилов освои сребрен медал во дисциплината воздушен пиштол.
Двајцата наши параолимпијци одново ќе се појават во стрелачката арена в понеделник, на 3 септември во дисциплината спортски пиштол, а потоа на 6 септември кога Наковска Бикова и Каранфилов ќе се натпреваруваат во пиштол-слободен избор.
|
|
Статијата е прочитана 766 пати.
|
Испрати коментар
|
|
R. Filkoski - Struga, Skopje, 31.08.2012 20:42:48 | BRAVO, BRAVO, BRAVO!!! |
| pile, 31.08.2012 20:46:09 | Cestitki za Olivera Nakova Bikova i za reprezentacijata na R.Makedonija,im posakuvam uste uspesi.Vakvi lugje zasluzjuvaat visoki pozicii vo drzjavata i Republiskiot parlament, koi go dokazjale svojot patriotizam sprema Drzjavata, so makotrpna rabota i so rezultati od rabotata.Definitivno Ustavot na Izborniot Zakon treba da pretrpi izmeni i da se garantira procentualna zastapenost na licata so hendikep vo Parlamentot, a za drugite uslovi predvideni i so postoeckite Zakoni,neprecen pristap vo javniot gradski prevoz ili institucii i drugo koi retko koja Opstina gi ispolnuva na planot na infrastrukturnoto ureduvanje ne smee da stane nitu zbor.Bravo paraolimpijci. |
| Ilija Darkov, 31.08.2012 23:57:04 | Samo napred, so sreka. Pozdrav od Toronto Kanada, Ilija Darkov |
|
|
|
|
|
„УТРИНСКИ ВЕСНИК“ ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE
|
|
|
|
Време
|
Скопје, 19°C
Делумно облачно
|
Понеделник
Ведро
Макс: 33°C, Мин: 13°C
|
Вторник
Сончево
Макс: 35°C, Мин: 14°C
|
|
|
|
|
Финска - иднина без Нокиа Финска е во ЕУ, има перфектен кредитен рејтинг од тројно А и флертува со излезот од еврозоната. Но, не е се’ така добро ... | |
|