02.09.2012, 18:15 Разврска или нов заплет
Недела на нови етнички тензии поради прекрстувањето на училиштата и отворање собраниска дебата за бранителите
Гордана Дувњак
На помалку од една недела од прославата на еден од најважните датуми во македонската понова историја - 8 Септември, Денот на независноста, Македонија е соочена со нови и големи предизвици. Владина криза од чија разврска ќе зависат многу идни политички потези на домашен, а можеби и на меѓународен план.
Прашање е со какви пораки и реторика ќе настапи нашиот државен врв спроти одбележувањето на 21-годишнината од референдумското изјаснување кога Македонија избра сопствен и самостоен пат. Ќе се смират ли нараснатите етнички тензии предизвикани од поклонувањето на министерот Фатмир Бесими пред споменикот на ОНА во Слупчане, со упатување пораки за соживот или заедништво...
Или, пак, ќе продолжи мелодијата од започнатиот рефрен на премиерот Никола Груевски „никој не смее да го гази македонското достоинство. Од тоа можеби ќе зависи и дали ќе има одлука за спас на владината коалицијата меѓу ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ или ќе одиме на нови предвремени парламентарни избори.
Сите навестувања одат во правец дека ни претстои возбудлива и немирна недела. Додека премиерот Никола Груевски влегува во финалниот дел од својата роуд-шоу турнеја по САД и Канада, и во земјава финишираат некои претходно започнати активности. Прашањата околу тоа каков ќе биде епилогот од владината криза, веројатно ќе бидат адресирани и до шефот на македонската држава, Ѓорге Иванов. Тој неделава за време на тридневната посета на Брисел треба да се сретне со највисоките претставници на Европската унија и на НАТО.
Денешниот старт на учебната година поминува во знакот на промената на имињата на четирите чаирски училишта. Таблите „Хасан Приштина“, „Исмаил Ќемали“, „Јашар-бег“ и „Имри Елези“, кои со месеци се чуваа во подрумите на училиштата, неколку дена пред стартот на новата учебна година осамнаа на училишните згради.
Министерот за образование, Панче Кралев, најавува дека доколку инспекторите утврдат незаконското постапување, ќе следуваат казни, корективни мерки и рок во кој директорите ќе треба да постапат. Ќе ги испраќа инспекциите на терен, но таму ќе биде и чаирскиот градоначалник Изет Меџити, кој веќе се изјасни дека на првиот училиштен ден ќе ги посети прекрстените училишта.
Во образовната етничка какофонија се приклучи и граѓанското движење „Разбуди се“, кое преку соопштение порача дека ниту еден министер немал право да постапи спротивно на волјата на апсолутното албанско мнозинство кое според нив на транспарентен, демократски и законски начин ги смениле имињата на училиштата. Оценуваат дека со овој акт се исполнила дамнешна желба на родителите на учениците кои се образуваат во овие училишта.
Во средината на оваа недела, поточно во среда, почнува и собраниската расправа во матичното комисиско тело за труд и социјала, каде што ќе биде разгледан законот за правата на бранителите. Инсистирањето на ДУИ, во истиот законски пакет, да се третира и статусот на припадниците на ОНА, во голема мера ги подгреа страстите внатре во коалицијата, која, барем навидум, е разнишана.
„Меѓуетничка коалиција е чисто пазарна коалиција која си работи за своите интереси. Ние немаме една влада, ние имаме две влади и токму поради тоа секој си ја води својата партиска политика и токму поради тоа доаѓа до вакви недоразбирања“, вели Владо Димовски, генерален секретар на Центарот за меѓуетничка толеранција, во интервју за Радио Слободна Европа.
Според аналитичарот Ким Мехмети, ова ќе биде финале на две партии кои имаат засебни партиски агенди, но не и заеднички државен концепт.
„И на ВМРО-ДПМНЕ и на ДУИ им се најважни партиските интереси и нивниот рејтинг, а не државата. И најважно ќе им биде да ги спасат сопствените партии. Верувам дека веќе седнале и се договориле. Па едните ќе го подигаат сопствениот рејтинг со законот за бранители, другите со имињата на училиштата... Едните ќе глумат големи Македонци, другите големи Албанци. Целата таа игра народот ја гледа и ја голта“, потенцира Мехмети.
Каква ќе биде разврската на сето ова?
Мехмети е убеден дека тоа ќе заврши онака како што им одговара на ВМРО-ДПМНЕ и на ДУИ. Ќе седнат и ќе проценат дали е подобро да ги смират страстите и да продолжат како и досега, или да одат на избори.
„Доколку ја изберат ��тората варијанта, и натаму ќе глумат дека се скарани меѓу себе. Се' во име на сопствените интереси и рејтинзите“, заклучува аналитичарот. (Г.Д.) |
|
Статијата е прочитана 2777 пати.
|
Испрати коментар
|
|
ФЕЛИКС, 03.09.2012 06:50:43 | По се изгледа ,,композиторите,,почнаа со пласирање на композиции од разновиден вид.Едни пласираа мелодии,,леле мајче пак избори,пак ли ќе ја унесреќат Шатевската невеста,,Други пак ,,шта те брига,волим ново школско име,,трети го пуштаат шлагерот,,а каде е Бадинтер,,А неизбежниот самоповикан диригент од страна бара пак во оваа какафонија да се свири ,,таман време да се реши проблемот со името,,Имаме тука и дел од еспертската-музичка јавност на која и е многу гајле за државата како за предланскиот снег,па така загрижено ни објаснува кој колку од власта му е подраг рејтингот од државата.А истите бараат конфедерализација,ова спаѓа во комични оперетки.Како и да е веќе видена музичка програмска понуда која многу не возбудува.По мене правењето ајвар е далеку повозбудливо и по музикално. |
| venstar, 03.09.2012 09:04:57 | Па едните ќе го подигаат сопствениот рејтинг со законот за бранители, другите со имињата на училиштата... Едните ќе глумат големи Македонци, другите големи Албанци. Целата таа игра народот ја гледа и ја голта
Каква ќе биде разврската на сето ова?
Етнички судир и делба на државава. |
| od prilepcanec, 03.09.2012 10:13:51 | nemoj dase zalazuvate ova e seto dogovorena rabota na posledniot sostanok dasi tera koj somu odgovara anie samo cesi gledame i slusame ama iniv dvajca cemu dojdi krajot cegi kazni narodot se muse pamti |
| marika cair, 03.09.2012 10:27:48 | vmro samo glumi nema nikakva moc vo opstinite kade albancite se mnozinstvo videter slupcane,cair,aracinovo,lipkovo....no ne gledam idnina so albancite tie si sakat samo svoj jazik i nacija i poleka se menuvat videte i na birpazar se e ispisano na albanski iako kupcite seuste se povece makedonci ednite gradat spomenici(za zal dobar del grcki junaci)drugite albanizirat totalno vo svoi opstini znaci se oddalecuvame samo znak prasanje na vreme koga ce buide podelba. |
| Иван, 03.09.2012 11:20:20 | Премиерот Никола Груевски нема да дозволи да се погазува Македонското достоинство. Единствената гресшка е во ДУИ. Реално претераа со ни��ните потези кој ја разгоруваат старата рана помеѓу македонскиот и албанскиот народ. Мислам дека тие ја праваат целата матна игра во која имаат замислено дека можат да ја поделат оваа држава. Македонија нема да дозволи повторно душманите да бидат издигнати. А премиерот дефинитивно е спремен на се !!! |
| mene, 03.09.2012 13:11:54 | Точна дефиниција ‘‘ ова ќе биде финале на две партии кои имаат засебни партиски агенди, но не и заеднички државен концепт‘‘.
И што понатаму.Се што ке се одвива ке биде во контекст на оваа дефиниција.Посериозните потези ке бидат само уште поголемо замајување на јавноста.провидна популистичка политика.Ако минатата година НГ ги постави границите и барањето за обединување .да видиме дасли во изминатат година има барем чекор напред во неговите декларации.Нека оцени самиот па нека ни каже на големиот митинг.Акјо нема тогаш која ке биде новата порака се знае повторно обединување и тра ла ла ... |
| BHC, 03.09.2012 18:41:24 | DO FELIKS,
Ne ajvarot,tuku pindzurot shto vi go serviraat tvojot omilen Ovchar i negoviot partner vo vladeenjeto e mnogu povozbudliv i po muzikalen.Pindzur zachinet so anticko dostoinstvo chisto nezgaznato od nikoj,oti ovcharot ne dozvoluva nikoj da gazi na toa sveto anticko dostoinstvo.Osobeno ne,partnerite vo vladeenjeto.Edno vreme tie bea teroristi i gazea na vasheto anticko dostoinstvo,ama ne poke,pomina toj vreme. |
|
|
|
|
|
„УТРИНСКИ ВЕСНИК“ ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE
|
|
|
|
Време
|
Скопје, 27°C
Делумно облачно
|
Петок
Ведро
Макс: 28°C, Мин: 11°C
|
Сабота
Сончево
Макс: 31°C, Мин: 13°C
|
|
|
|
|
|