Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Печатено издание
Политика Македонија Економија Хроника Коментари Свет Култура Спорт Скопје Забава Хороскоп
Политика
02.09.2012, 15:44

Мое ќоше

Како Цветан стана Хасан

Ерол Ризаов

Дали е лудило или беснило кога Цветан Димов ќе се прекрсти во Хасан Приштина или Никола Вапцаров во Имри Елези...

Четири училишта во скопски Чаир од денес имаат нови имиња. Цветан Димов се вика Хасан Приштина. Рајко Жинзифов го носи името Исмаил Ќемали, а Јане Сандански стана Јашар-бег. Никола Вапцаров се вика Имри Елези. Учениците на својот прв училиштен ден ќе влезат во своите стари училници, во своето старо школо, со ново име. Ова лудило нема крај и веќе преоѓа во беснило од кое нема спас. По ова, тешко може да се предвиди до каде може да оди човечката глупост. Судирот меѓу новиот македонски патриотизам и арнаутскиот инает не можат ништо друго да произведат освен омраза и шовинизам. Првите симптоми на оваа кобна болест станаа видливи во годините на слободата и демократијата. Свештениците и оџите кога немаат работа, крстат и говеда. Политичарите кога сакаат власт, прекрстуваат улици, училишта, мостови, патишта, аеродроми, стадиони, историја....

Денешните големи партиски првоборци и јунаци кои во животот не направиле ништо за татковината, освен што им помодреле градите од удирање за чалам и прстите им станале лепливи, без грам ум во главите почнаа да ги бришат имињата на народните херои кои својот живот го вградиле во темелите на првата македонска држава бранејќи го токму националниот идентитет. Кога овие идиоти го избришаа името на Стив Наумов од благодарницата на Македонскиот народ во чест на својот син кој загина за Слободна Македонија, мораше да знаат дека вршат национално предавство. Стив Наумов заедно со плејада народни херои загинати за Македонија со уште 20.000 жртви е крвавиот данок на најголемата македонска Револуција и војна за своја држава. Е кога името на Стив се брише за да се напише името на Тодор Александров, еден од најголемите македоноубијци, ете го новиот срамен епилог на хоророт што ни го режираа пред извесно време преродбениците. Сега, нивната работа ја продолжија нивните партнери, па се бришат имињата и на Цветан Димов, Рајко Жинзифов, Јане Сандански и Никола Вапцаров. И сега што. Патриотите ќе врескаат до небо лути на ортакот со кого ја делат власта. Демек ова веќе не може вака. Одиме на избори како во крстоносна војна, или џихад, за потоа пак да ја делиме власта.

Има тука уште нешто многу пострашно од примитивен популизам, незнаење на сопствената историја, радикален национализам. Тука има сеење омраза само за да се зајакнат партиските и лидерските позиции на ДУИ и ВМРО ДПМНЕ. Има ли поголемо предавство на националните интереси и на двете страни ако се посега по нешто најсвето само за да се победи на избори, да се освои власта. Она што во моментот се случува на политичката сцена на Македонија многу смрди на калкулантско заострување до точка на вриење на меѓуетничките односи. Министерот Фатмир Бесими положи цвеќе пред споменикот на паднатите борци на ОНА во Слупчане и за тоа одговара единствено пред својот врховен командант Али Ахмети. Другиот врховен командант Ѓорге Иванов нареди истрага да се открие како тоа офицери во Министерството за одбрана во македонски униформи салутирале пред споменикот на терористи. И сега истрагата, се разбира, ќе покаже дека е виновен јазовецот на кој ќе му се суди што го јадел житото без да го праша врховниот командант. Или кажано нашински, ако не можеш да удриш по коњот, удри по самарот. Министерот за народна одбрана на Македонија, Бесими, останува недопирлив иако му го с’снале неговиот заменик Димитрев. Врховниот командант на ОНА, Али Ахмети, е премиер на албанскиот дел на Владата, па затоа ќе настрадаат само офицерите кои имаат двоглав командант. Албанскиот дел од Владата преку министерот Адеми обнароди дека Владата работи во полн состав и нема никаков застој. Македонскиот дел е во Америка. Во парламентот нема застој, ама на повидок е бура. Дали ќе биде во чаша вода или ќе се прелее низ целата држава како главна стратегија на предвремените избори за иднината на Македонија бргу ќе видиме кога ќе се расправа за Законот за бранителите што ВМРО-ДПМНЕ го извади од ракав по цели шест години откако е на власт и по цели 11 години од воениот конфликт 2001 година. Оди сега ти најди му го крајот. Што мислите, дали овие луѓе се прават будали или прават будали од нас.

Еден совет за сите бришачи на имињата на улици, училишта, мостови, аеродроми, стадиони, пл��штади, фасади и историја. Не прекрстувајте ги објектите, зданијата, патиштата и историјата кои други ги изградиле и создале. Нивните имиња се свети. Изградете нешто корисно самите вие, па крстете го тоа како што сакате. Досега, главно, преправате и варосувате тоа што го изградиле тие пред вас.


Статијата е прочитана 5562 пати.

Испрати коментар



СДСМ не знае што се случува во владината коалиција
Две иницијативи за лустрацијата пред Уставен
Панче Кралев најавува казни
Разврска или нов заплет
Груевски
Мешаните коалиции ќе паднат со надгласување
Жестока реторика меѓу основачите на ВМРО-ДПМНЕ



MITRE OD PRILEP, 03.09.2012 00:18:02
браво ЕРОЛЕ,на твоите оригинални и неповторливи коментари никогаш не сум имал коментар и забелешка.Сакам само да им порачам на ПРЕМИЕРОТ И НЕГОВАТА ЕЛИТА,ако е и од нив доста е веќе,не дека БРАНКО ќе направи нешто подобро и поубаво,меѓутоа кога е тој на власт,многу помалку се зборува за политика,помалку гледаме егзебиции и чекори со подмолна позадина зад кои се кријат некои намери на власта кон придобивање поени и гласови од народот.Оваа партизација и политизација од ДПМНЕ е врв на безумието и лудилото што се спроведува врз сиромашниот народ.
Itar Pejo, 03.09.2012 00:21:13
Koj nema vreme da ja cita celata statija, neka go procita zakjlucokot, posledniot paragraf. Tamu e se kazano. Sto sakaat ce pravat, Erole, ama mene mnogu mi e zal sto gi isekoa lipite na bulevarot JNA. Pomalku mi e zal za topolite na Ivo Ribar Lola, letaa mnogu gluvarki na prolet, ama barem da nasadat drugi drva.
jovan, 03.09.2012 00:23:54
Taka e koga imame profesionalni patrioti. (i od dvete strani)
melbourne, 03.09.2012 02:31:31
Erole,odamna vikas da zastanat(ovie od vlasta) da ja nosat Makedonija vo ambisot,megutoa odzivot od lugjeto deka te slusaat ne e mnogu silen,a zboruvam za site gragjani na R.Makedonija.
P.Petar, 03.09.2012 04:59:47
I makedonskite kvazipatrioti i arnautskite inaetcii se borat koj poveke ke go zadovoli ogromniot apetit na mirnite i kobajagi zbuneti nasi golemi prijateli Amerikancite.Erole! Nikoj ne moze da pravi vakvi ludorii ako NEKOJ toa ne go podgrejuva, i prekjutno odobruva. Ne obvinuvam nikogo no patriotite i osloboditelite ocigledno igraat UDVARANTSKI tanc!, poln so sovinizam, novokomponiran istoriski realizam, a vo momenti totalno diletantski. SDSM ne se vrtete vo mesto tuku poglednete okolu sebe vo komsii, mozebi ke najdete nekakva podrska!! Vaka vi se pisuva loso. Mojata poraka e deka nikoj ne moze da ja menuva istorijata osven Gospod! Sila boga ne moli no Bog sila ne priznava, pravdata e spora no Dostizna!!
ФЕЛИКС, 03.09.2012 07:23:22
Напис со кој се сложувам во поголемиот дел но и би го проширил со осврт на и други однесувања визави хероите од НОБ и други битни државни одбележувања.Па така авторот никогаш подробно не напишал за ескивирање на прослава на големи државни празници од страна на опозицијата од разбирливи причини.Никогаш не напишал како тоа кога СБМ полага венци и одбележува нешта од НОБ никогаш ја нема опозицијата,или инцидентно е представена од треторазредни партиски членови.Инаку загриженковците се сетија на С.Наумов дури одкако му го сменија името,пред тоа беше тотално и намерно заборавен од познати причини.Со ова не им давам алиби на власта која треба далеку поодговорно да се однесува кога некои националистички билмези од нивните редови и од коалицискиот партнер преправаат имиња на улици,школи, ни подметнуваат опскурни личности преку споменичарството и др.И на крај очекувам иста ваква запрепастеност и лутина на авторот ако се повтори ланското опозициско сценарио на денот на независноста.
Славко, 03.09.2012 07:46:06
Каде е совеста. каде се историчарите. Видете еден коментар од Историк-србокомунистички (02.09.2012): Т. Александров знаеше што сака. Беше Бугарин, дека во Македонија жиевеат Бугари, и да ја врзе Македонија со Бугарија, се бореше за сопственото плене Бугарско. Ама што сакаат попчињава и Иларион? Нели му е срам. Сега нека оди на Ванчо Михајлов и Мара Бубва да им држи панахида. И тие ли (попчињата) да бидат Бугарчиња сакаат како Александров и Михајлов? Како што тргнало им нема спас. Историјата ќе ги жигоса и Бреалница нема да ги испере. А ВМРО-НП наполн ги разбирам тие дуваат во бугарската тиква. Па министрот за одбрана згрешил за Слупчане. Така се брани идеологија и идентитет, сопствен а не ове попови туѓ, Бугарски.
Istocna Makedonija, 03.09.2012 08:05:11
Preimenuvanjeto na iminjata na obrazovnite ustano vi,institucii,objekti...da se vrsi vo korelacija so po zitivnite zakonski propisi.Vo sprotivno samo se poten ciraat,stupidnite i nepotrebni meguetnicki tenzii.
nato-jato, 03.09.2012 08:57:14
Sekoja cest gospodine Rizaov , no od mnogu investicii i roud soua za zal nema da imaat vreme da ja procitaat fasaderive-prerodbenici patrioti!
Predizborna mizanscena, 03.09.2012 09:22:55
Kotelot vrie, sto ce se izrodi samo Gospod znae. No edno e sigurno. So izrazuvanje na nacionalpatriotski cuvstva , koi odaat i vo ektremizan , ze zavzemsaat pool pozicii za skoresnite vonredni izbori. Vece e isproban recept deka igranje na kartata nna nacional patriotizmot donesuva mnogu glasovi,vlast, fotelji ,moc i tenderi.Dali i sega ce bide taka vo ovaa rezirana dramoletka. Dali reziserite vece gi podelile ulogine? Dali mizanscenata e vece gotova i se ceka kutrite glasaci bombardiranmi preku vladinite telali so lagi i manipulacii , kako demek nie sme bile zemja kade dobro se zivee, koja najdobro se spravila so ekonomskata kriza, koja ne go dava imeto, koja eve otkriva zalato na sekoe delce od zemjata,a ako treba ce otkieme i naodjalista na platina i nafta,se so cel da se zaokruzi baranata brojka na livceto. Posle toa se po staro. Ali na ednata , Grujo na drugata strana , Djordje nekade se krie zad zavesite i izleguva samo koga ce mu dozvolat.
Gargamel, 03.09.2012 09:37:52
Brat Erole,kucinjata lajat a karvanot si vrvi.Nie vljubenicite vo vistinata so laenjeto pokazuvame deka ne sme nitu slepi,nitu glupi,a karvangjiite se menuvaat,pa od pozicija na vlast zaboravaat sto e sveto i potrebno za opstanokot ni na zaednickata tatkovina,Makedonija,nezavisno od nacionalna i verska pripadnost.Se e matematika da se ostane vo tender koalicijata,vo podelbata na i stavanjeto vo sopstven djep na zadolzuvanjata na Makedonija i makedonskite gragjani.Bravo Erole za hrabrosta,za doblesta da zboruvas so um i si srce za denesnive karavani.
milan, 03.09.2012 09:39:45
Ke svati li ovoj narod deka momentalno va vlast (vo site esaloni) se vnucite na porazenite snagi vo vtorata svetska vojna i izdajnicite od ilindenskiot periot. POZDRAV do EROL i za ovaa prekrasna statija.
MUDREC, 03.09.2012 10:20:35
Porakite za glupite preimenuvanja se vo red. No, da bideme realni, tesko moze da se kaze deka ovaa vlast ne pravi nisto novo, tuku samo preprava. Tesko moze da se kaze deka noviot stadion i aerodrom se seamo prepravki, bez razlika na nivnoto prethodno postoenje.
Kocin-Sidnej, 03.09.2012 11:20:34
Да, господине Ерол Ризаов така е, оваа влада нечини време е за избори. Значи треба Бранко да се врати и да го стави Ахмети за премиер и ќе ни тргнат работите.... Навистина неможам да ВЕ разберам ниту вас како новинар ниту вашите „добронамерни идеи„ во полза на Македонија!? Поздрав!!!
Mark, 03.09.2012 11:32:08
Nesto e zakjutena i *medzunarodnata*(sto bi rekol Frcko)..Kade e Rikerot, Volersot, OBSE, MOBSE itn..?? Ovde vrie a *oni nisu odavde*?!? Ili pak tie se avtorite na *muzikata i tekstot*???
RESPEKT, 03.09.2012 12:21:43
G-ne Rizaov, RESPEKT, kapa vi simnuvam za tekstot.
Makzet, 03.09.2012 12:37:25
зошто Тодор Александров е еден од најголемите македоноубијци, а Jане Сандански не е????
veko, 03.09.2012 13:56:53
Bravo Erole! da se kaze ne e dovolno. Bidejki i Itar Pejo znae ili treba da znae deka celata istorija na narodite na balsokanot ima dlaboki koreni...Koga se zboruva za nadri patriotizmot vklopen vo ideoloska ioskrivena svest na stvarnosta, potreben e doblest so sikren i realen pristap na problemot so nametnuvanje i menuvanje ili prekstuvanje na odredenii najbitni segmenti naponovata zaednicka istorija kako sto se navedenite vo statijata na Erol. No nikoj ne moze da tvrdi deka takvi primeri nemalo i mnogu pred ovia nastani...Ako sakate vo toj komunisti;ki period...Zatoa sto i togas se menuvaa iminja na naseleni mesta( Dzumajlija vo Lozovo), nazivi na ucilista kako sto e OU``irfan``vo s. Kanatlarci, voK.Volnaroski,..G.Delcev.. ili B. Miladinovci itn. Pobudite se jasni...Toa se predrasudi so potvrden agresiven prostakluk i samobendisanost... pozdrav do site realni i humiani gragani
Mitre od Rotino, 03.09.2012 14:49:33
Секој си има право на сопствено мислење се разбира ако има со што да мисли и нека си оментира тоа е демократско право. Неможам да разберам како можат интелектуалци да немаат свое мислење туку застапуваат туѓо. Дали се свесни родителите кои се радуваат кога децата од градинката се враќа и пеат излези момче на тераса да ја ...,наше ќе биде и солунско поле при тоа непомислувајќи дека тоа дете утре ќе постане човек со искривена представа во кој свет живее.Дали овие луѓе воопште имаат совест и одговорност за подмладокот ? Ерол немам збор.Браво но за кого ?
vladan, 03.09.2012 15:16:14
Erole,so golemo E,bravo,odlicno napisano. I bas taka,ajde be junaci,naprajte nesto,se so imame e izgradeno od druga ,nepostoecka drzava.Vie so napravivte,za preku dvaeset godini samostojnost,eden zdravstven dom ne izgradivte,edno skolo,a ke prekrstuvate,sram da vi e barabi edni nasilnicki
jovo, 03.09.2012 15:34:18
komplimenti za statijata! Originalno i realno!
jordan trajkoski, 03.09.2012 15:43:36
sekoja cest samo covek koga razmisluva kako vistinski covek moze da kaze vakvo nesto bravos.
Крт, 03.09.2012 16:26:58
Ероле, требаше уште пожестоко да удриш по овие ,,среброљупци,,. Но сеедно, народот ќе ја ,,збрише,, оваа тендер коалиција а потоа ќе изврши ПРОМЕНА на сите нивни ,,промени,,. Мислат дека народот нема мозок, ама неможат да ,,мислат,, пошто тие го немаат!
Risto Andov, 03.09.2012 17:57:08
Што да се прави господа, во нашава земја мошне често се менувале еве и се менуваат режимите! Тие пак ја менувале и ја менуват вистината. Еве сега ДПМНЕ како антикомунистички режим инсталира своја вистина. За да се престави како голем државотворец еве води кртсоносна војна притив комуњарите! Народски речено, аке сосема не ја згснат гламјата на комуњарите, нивната, ДПМНЕ-овската, нема да се види! А Македонија..., ама ајде на кого му е гајле за Македонија, Македонците и Македонството!? Еве се крчка некаква бинационална карикатура!!!
bezanec, 03.09.2012 19:26:49
Браво Ризаов! Камо барем еден од МАНУ да се јави,поготово историчарите,бре луѓе што е многу многу е. Нели му е срам, само да ги трошат народните пари а се идентификуваат историчари и експерти. Аман од квази историчарот,сонцогледот и ластовичката Владо Поповски. Ако си ти опијанет од власта на вмровците и ако си забегал,има институции оди таму а не го прави овој народ дека е заморче, само за експериментирање. Македонче разбуди се не е се во субвенциите, каде вашето достоинство а бре ви ја уништуваат државата, децата ви отидоа во јабана за парче леб и достоинство.
ivan, 03.09.2012 21:41:20
za ovoj komentar erol zasluzuva cista srednoskolska petka neznam stomu smetaat iminjata sega nee vreme za iminja i preziminja vreme e od akcija sto ke donese blagosostojba kaj lugeto zato koalicijata neka razmisli
ОНУФРИЈЕ испосник независен, 03.09.2012 22:34:14
Ова е де факто албанизација на Македонија. со пристанок на властите, или пак со неможност да се притивставиме на таквата иницијатива. Ми се чини дека гласавме за независна Македонија од српство, бугараштина, фанариотизам, па сакако и од арнаутизација-албанизација. А сега што се ова случува. Или да дигнема раце од се тоа и да им препуштиме на иние што имаат интерес да се фатаат едните и другите за гуша заради Македонија.
skopje, 04.09.2012 00:13:34
verojatno eden od najbrilijantnite komentari na Erol
adem, 04.09.2012 01:00:39
albacite ne menuvat iminja na ucilishta vo shtip.albancite si gi vraqat samo iminjata tamu kade sto im se nametnati.a vie gospodine treba da se prashuvate dlaboko vo sebe sto ste napravile za svojot etnikum...
S.P., 04.09.2012 10:46:52
Nikola Vapcarov pisuvase Me ucese majko da go sakam siot ovoj svet, Bi go ljubel o, bi go sakal no mi treba sloboda i leb. Sega nemame ni sloboda a bogami ni mnogu leb, pa odtamu ni razbiranje ni ljubov za siot svet.
Mitre, 04.09.2012 12:57:32
Ретко ваква објективна анализа - честитам Ерол!

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE

 
Што прават денеска
 


Site Meter


Време
Скопје, 21°C

Делумно облачно

Четврток
Делумно облачно
Макс: 31°C, Мин: 15°C

Петок
Делумно облачно
Макс: 29°C, Мин: 11°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани
Мурси го враќа Египет на главната сцена
Мохамед Мурси презема стабилни чекори во новата надворешна политика. Многумина се изненадени...
Интелигенцијата веќе не постои во Европа
Интервју, филозоф Андре Глуксман (3) Францускиот филозоф смета дека ситуацијата во Европа е „вонредно вознемирувачка“. В...
Во Лондон се подготвува ретроспективна изложба на предмети на Дејвид Боуви
Комбинезонот на Зиги Стардаст и рачно напишани текстови се меѓу стотици предмети од сувенирите на британскиот музичар...
Таткото на модерниот индивидуализам
Светот годинава ја одбележува 300-годишнината од раѓањето на големиот Жан Жак Русо...

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп |