Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Печатено издание
Политика Македонија Економија Хроника Коментари Свет Култура Спорт Скопје Забава Хороскоп
Политика
02.09.2012, 18:08

Мешаните коалиции ќе паднат со надгласување

Законот за бранители против соработката на СДСМ и на ДПА, односно ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ

Горан Адамовски


Затегнатите етнички односи во земјава ќе добијат ново продолжение задутре кога спорниот закон за бранителите влегува во собраниска процедура. Дваесет и петтата седница на Комисијата за труд и социјална политика има само една точка на дневниот ред: Предлог на закон за посебните права на припадниците на безбедносните сили на Република Македонија и на членовите на нивните семејства.

Во Комисијата, чиј претседател е Цветанка Иванова од СДСМ, членуваат 12 пратеници. Тројца од нив се Албанци. Доколку не дојде до некој пресврт, се очекува да има надгласување, имајќи предвид дека СДСМ одлучи да го поддржи законот, додека ДПА и ДУИ се категорично против. Владината ДУИ смета дека евентуалната мајоризација ќе ја врати земјава десет години поназад. Најавија дека ќе направи се' да го блокира законот оти тоа, според нив, било во интерес на државата, демократијата и принципите воспоставени со Рамковниот договор.

Интересно, најавената предизборна коалиција меѓу ДПА и СДСМ, што беше претставена како визионерство, бидејќи првпат таква соработка договорија една македонска и една албанска партија, изгледа ќе се сопне уште на првиот чекор и тоа по етничка линија.

„Тоа е став на партијата, а не надгласување по етничка линија. Нашата партија донесе одлука да го поддржи законот и затоа ќе гласаме ’за‘“, ни изјави вчера Цветанка Иванова.

ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ се посебна приказна. Денешниот прв училиштен ден и новите имиња на училиштата во Чаир ќе биде долевање масло на оган во пресрет на задутрешната седница. Од владејачката партија веќе најавија дека нема да попуштат и ќе го тераат законот докрај и оти борците на ОНА не може да влезат во законските измени. Кавгата во Владата што започна во Слупчане набргу ќе добие разрешница: помирување или растурање на коалицијата, па нови предвремени парламентарни избори.

Законот ги опфаќа припадниците на безбедносните сили, кои учествувале во одбраната на интегритетот и на независноста, сметано од 1 јануари 2000 година до 31 декември 2001 година. Во десетина посебни права влегуваат: ослободување од учество со лични средства при користење здравствени услуги, вработување, станбено згрижување, права од областа на образованието, еднократен паричен надоместок, работен стаж во двојно траење, семејна пензија, најниска пензија, сместување во старечки домови, одбележување на местата каде што загинале припадниците на безбедносните сили и одликувања.

Се предвидува семејството на загинат или починат припадник на безбедносните сили да има право на еднократен паричен надоместок во висина од 50 просечни плати остварени во месецот кога настапила смртта, а воените инвалиди, во зависност од степенот на инвалидност, да добијат еднократна парична помош од 30 до 150 просечни плати во месецот кога настапил инвалидитетот.

Како што најавија медиумите, „Достоинство“ денеска ќе побара нивниот претседател да учествува на седницата и да ги каже забелешките. Стојанче Ангелов смета дека треба да се изготви нов закон, оти измените на стариот нема да помогнат.


Статијата е прочитана 1133 пати.

Испрати коментар



СДСМ не знае што се случува во владината коалиција
Две иницијативи за лустрацијата пред Уставен
Панче Кралев најавува казни
Разврска или нов заплет
Груевски
Жестока реторика меѓу основачите на ВМРО-ДПМНЕ
Мое ќоше



„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE

 
Што прават денеска
 


Site Meter


Време
Скопје, 27°C

Делумно облачно

Петок
Ведро
Макс: 28°C, Мин: 11°C

Сабота
Сончево
Макс: 31°C, Мин: 13°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани
Меѓународната вселенска станица поправена со четка за заби
Станицата што чини стотици милијарди долари двајца астронаути ја спасиja со помаш на четка за заби од три долари...
Скелет на диносаурус е Франкенштајнски амалгам
Дали коските на Tyrannosaurus rex се прошверцувани од Монголија и споени содруги фосили...
Мурси го враќа Египет на главната сцена
Мохамед Мурси презема стабилни чекори во новата надворешна политика. Многумина се изненадени...
Интелигенцијата веќе не постои во Европа
Интервју, филозоф Андре Глуксман (3) Францускиот филозоф смета дека ситуацијата во Европа е „вонредно вознемирувачка“. В...

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп |