Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Печатено издание
Политика Македонија Економија Хроника Коментари Свет Култура Спорт Скопје Забава Хороскоп
Политика
02.09.2012, 16:15

Жестока реторика меѓу основачите на ВМРО-ДПМНЕ

Кој е УДБА, а кој е идеолошки татко на партијата? Се разгоруваат обвинувањата меѓу основачите на партијата

Даниела Трпчевска



Кој шпионирал за УДБА, а кој бил главен идеолог на ВМРО-ДПМНЕ? Расправиите на оваа тема, кои траат со години, последниве месеци место да стивнат, земаат се' поголем замав, иницирајќи полемики и расправии меѓу сведоците и основачите на партијата. Се заострува реториката, се исфрлаат канонада обвинувања, се лепат етикети кој работел за тајните служби и бил вметнат да ги кодоши активностите на партијата. Кој учествувал на Основачкото собрание и ја понел тежината за распространувањето на партиската мрежа во Македонија, а кој во матните времиња профитирал и ги злоупотребувал средствата наменети за партијата?

Сенките на минатото се' уште не им даваат мир на учесниците во историскиот чин од формирањето на ВМРО-ДПМНЕ. Но, зошто се разгорува полемиката за корените на партијата токму во овој миг и која е заднината на меѓусебните обвинувања за срамно ретуширање на историјата, за удбашки опашки и ставање на срамен стол за профитерство и злоупотреби?

Некои од основачите на партијата во дијаспората сметаат дека е време да се расчистат работите додека се' уште има живи сведоци кои „водени од идеологија, а не за пари“ се вложиле себеси во формирањето на ВМРО-ДПМНЕ.

„Стравот дека некои нови генерации ќе направат обид за ретуширање на историјата веројатно стои зад обидот да се разјасни кој каква улога имал во формирањето на партијата“, се согласува и Ставре Џиков.

Книгите околу формирањето на ВМРО-ДПМНЕ доживеаја вистинска експанзија последнава година. Некогашниот лидер на партијата, Љупчо Георгиевски, се појави со свое видување за настаните, а книга беше објавена и за генералниот секретар на партијата, Борис Змејковски.

Но, книгите што никнуваат како печурки по дожд, место да ги искристализираат работите, внесоа нов немир при обидот да се расветли (или ретушира) историската генеза на партијата.

„Сите книги различно ги толкуваат настаните од историјата на ВМРО-ДПМНЕ, затоа што постојат активни основачи и оние што формално ја регистрирале партијата. Гојко Јаковлески, Борис Змејковски, Љупчо Георгиевски, Ванчо Меанџиски, како и претставниците на емиграцијата се дел од активните основачи на партијата, која има континуитет од многу одамна. Уште од Ослободителниот комитет на Македонија (ОКМ) кој прерасна во Движење за ослободување и обединување на Македонија – ДООМ, за во 1990 година да се формира ВМРО-ДПМНЕ“, вели поранешниот обвинител Ставре Џиков, кој се опишува себеси како активен и пасивен хроничар на сите случувања и превирања во ВМРО-ДПМНЕ.

Расправиите меѓу основачите на партијата и огнените стрели кои во изминатиот период ги упатуваат еден кон друг, Џиков ги оценува како „природен политички процес“.

„Расправата ја доживувам како еден вид катарза“, додава тој, одбивајќи да влегува во полемика за постоењето удбашки структури во партијата, и кој од основачите бил на вистинската, а кој на погрешната страна во историјата.

„Настаните за македонската кауза ми се познати многу одамна. Во 1986 година се запознав со Динката, кој ми беше многу добар пријател и кај него ги запознав и Борис Змејковски, Ѓорѓи Доцев и Панде Ефтимов. Оттогаш сум активно вклучен во сите случувања околу ВМРО-ДПМНЕ. Во 1990 година по основањето на партијата, Митко Анастасовски-Врапчето ме запозна со Љупчо Георгиевски, кој привремено живееше во барака во населбата Бутел. Тој веќе беше избран за лидер на партијата“, се присетува Џиков.

Тој во 1993 година ја објавува книгата „Македонија во комунистичкиот триаголник“, во која пишува за проблематиката на рехабилитација на политичките затвореници, но и за оние што ја носеа идејата за ВМРО и за демократизација на земјата.

Со објавувањето на своите неколку книги за ВМРО-ДПМНЕ, за основачот на партијата Драган Богдановски и новата книга која ја подготвува за Гојко Јаковлески, Џиков се обидува да им даде нова светлина на настаните од 1986 година, па досега. Монографијата за Јаковлески, кој живее во Берлин, веќе е завршена и наскоро се очекува да биде објавена во јавноста. Таа ќе содржи и многу елементи околу полемиките што се водат сега во јавноста околу генезата на партијата.




Статијата е прочитана 3983 пати.

Испрати коментар



СДСМ не знае што се случува во владината коалиција
Две иницијативи за лустрацијата пред Уставен
Панче Кралев најавува казни
Разврска или нов заплет
Груевски
Мешаните коалиции ќе паднат со надгласување
Мое ќоше



jovan, 03.09.2012 00:19:57
Stom vo denesnovo DPMNE e vlezen Zingo, netreba mnogu da se mudruva sto e sto.
neimenuvan, 03.09.2012 06:59:04
Dodeka ne se javat takanarecenite anonimni clenovi na vmro-domne, a seuste zivi nema da se rascistat rabotite. nekoi otidoa na onoj svet, pa veruvam deka tesko ce odat rabotite,bidejki na anonimnite im se edno koj prv zapocnal i koj dal najgolem doprinos. Tie velat vo dadeniot moment ako ne se javevme trebase nekoj vo Makedonija da ne izmisli.Otvorete gi i doterajte gi dosieata na site spomnati vo tekstot bidejkim ako dojde na vlast SDSM nekoj povtorno ke treba da emigrira, kkao sto toa go napravija mnogu od finansierite na VMRO-DOMNE.
Слободан, 03.09.2012 07:32:19
За кој Панде Ефтимов станува збор во текстот? За оној декалариран Бугарин или влубеник во Бугарија и закоравен анти Србин а незнам каков Македонец е, кој со дрвја и камења фрла по државава наша мила Македонија? Демек, ние сме биле оние првите. Или пак за некој друг. Ако е тој, а сме го слушале на многу јавни трибини како од публиката се уфрлува и само Б’ЛГАРИЈА му е во устата како сто милува тој да каже. Тоа ли е за тоа ВМРО за кој зборува новинарот.
Istocna Makedonija, 03.09.2012 08:12:55
Zosto polemika,koj e osnovac na partijata i zosto taa ne se vodi,vodela koga partijata ne bila na vlast. ,,Posle bitkata,site se generaliIVo ponovata istorija jasno e deka kako osnovaci se nepobitni,Bogdanov ski,Jakovlevski,Georgievski...Zmejovski,bez ogled na nivnite kontradiktorni mislenja i meguobvinuva nja.
kumanovac, 03.09.2012 09:10:19
Kamo srekja da nikogash i ne se formiraa Makedonija ke beshe posrechna.Barem ke znaevme deka sme Makedonci a ne po nivno Blgari.
Gargamel, 03.09.2012 09:22:23
Osnovaci na VMRO-DPMNE?Togasniot istrazen sudija vo Skopje 2,aktiven oficerski kadar vo teritorjalnata odbrana,komunist,....Stavre Djikov e diletant i egocentricen lovec na senzacii i sebefalbadjija.Vistinata za fopmiranjeto,ne za registriranjeto na VMRO-DPMNE,e poznata na mala grupa registrirani od togasnata vlast vmrovci i pritaeni zaljubenici na idejata za obedinuvanje na Makedonija,za koja poedinci i bile zatvarani.Konceptot da se skrijat za mladite i hrabri VMRO poletarci i da gi vlecat koncite od senka im pobegna od kontrolata,pa taka Gjorgievski,neka kaze koj mu go plati diplomatskoto skoluvanje vo Svajcarija,vozacot Zmejkovski koj po nalog go vnesuvase i iznesuvase od SFRJ Bogdanovski i mnogu slicni VMR-ovci stanuvaat osnovaci,glavni idejnopoklonici na vecnata zelba i zalba na makedonskiot narod za obedinuvanje.Segasnite,pa i poranesnite profiteri od idejata,na grbot na makedonskiot narod,kako i Djikov,zaboravaat deka idejata i nositelite gi imase i mnogu pred niv.
Spekulacija, 03.09.2012 09:37:40
Nezavisno koj bil vo osnivacite , partijata ne zmeela da go stavi prefiksot VMRO . Taa trebalo da si bide DPMNE. Stavanje na VMRO pred vistinskoto ima na partijata e spoekulativno igranje so istoriskite zuvstna na narodot, i valkanje n a tie sveti bukvi.Ovie sega sto se na vlas , ne zasluzuvaat ni eden del od edna bukva na toa ime.
ФЕЛИКС, 03.09.2012 09:52:11
Во целава оваа гунгула кој е кодош,кој е удбаш,кој е делукс ВМРО-вец и останати епитети ќе треба да се побара стручно мислење на благонадежниот експремиер а сегашен коалициски партнер на Шатевци.Тука токму се во предност симпатизерите на Шатевци кој со подотворена уста го слушаат благонадежникот како им објаснува кој е Александров и останатата дружина.Исто така ќе дознаат зошто дотичниот е алегерчен на комунистите,зошто е алергичен на Тито и СФРЈ.Е сега ќе имаме ситуација на спротиставености,Шатевци и симпатизерите имаат длабок пиетет кон комунизмот,Тито и СФРЈ кој ја создадоа Македонија а благонадежниот алергии на сето ова.Но пиететот ќе отиде по ѓаволите оти е поважна коалицијата .Тука одговорност има власта која демек успеја да ги здружи овие спротиставености,оти види богати била ептен лоша.
nishto novo od VMRO-DPMNE, 03.09.2012 12:18:13
Ajde pomislete malku, za koja partija ili zdruzhenie se vodi polemika, koj ja osnoval????? Alo! toa se sluchuva samo vo DPMNE! Vprochem, ovaa smeshna polemika so razlichni gledanja na rabotite e TIPICHNA za VMRO od sozdavanjeto pred 100 godini: sozdadena od razni sluzhbi na nechii interesi, samo delbi, podmetnuvanja, bratoubistvo, sluzhenje na tugji interesi, meshanje na lugje koi ja NAPUSHTILE Makedonija i solat pamet od daleku, rakovodstva so nedovolen intelektualen kapacitet i sl.
makedonec, 03.09.2012 12:48:51
Види бога ти.Џиков романописец и пасивноа ктивен хроничар на .... На што или на кого.Па зар не му е срам уште и во јавност да се промовира со пишување биографии на оние кои се петпати повредни од него.Тој подобро да пишува биографии на оние за кои требаше да поведе кривични пријави во 2001 година како јавен обвинител,а не да се крие зад новопечените неокумунистуички индоктринирани вмровчиња,.Не ка објасни Џиков за тие времиња.како можел да биде пасивен хроничар во времето на едноумието и да има такви високи задолшенија,а за тоа да не бил или не изразил лојалност према тогашната власт,Ама расиопан си е расипан до крај.Па сега ке се крие позади писанија,Иста мустра како Синадиновски.Со таа разлика што овој вториот бил и амбасадорАко вмровчињата не знаат треба некој вмровец да им каше декаЧНИвната прататковина политичка е надвор од македонија и нивниот идеен водач е Д.Богдановски со неговите соработници во странство,А овие од овде се само инструмент на УДБА не исклучувајки ги ниту ЉГи БЗ.
Трубадур, 03.09.2012 16:34:53
А зошто не земете пиштоли и ками и тоа го решите на едне цивилизиран начин како што ,,умеете,, вие од ВМРО-ДПМ(б)НЕ тоа да го направите. Историјата е со вас .УДРЕТЕ еден на друг!
gragjanin opredelen, 03.09.2012 18:27:24
Na koja vozrast e avtorot!?Zarem e mozno Stavre Dzikov da se vbrojuva vo osnovaci na Vmro.Toj e obicen ortodoksen komunist,cinovnik vo razno raznite strukturi,filijali,zdruzenija,organizacii na SKJ i SKM.Licno go znam od vremeto koga sluzbuvase vo SRVSJ(sojuzot na rezervnite voeni staresini),i ne samo jas.........

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE

 
Што прават денеска
 


Site Meter


Време
Скопје, 21°C

Делумно облачно

Четврток
Делумно облачно
Макс: 31°C, Мин: 15°C

Петок
Делумно облачно
Макс: 29°C, Мин: 11°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани
Мурси го враќа Египет на главната сцена
Мохамед Мурси презема стабилни чекори во новата надворешна политика. Многумина се изненадени...
Интелигенцијата веќе не постои во Европа
Интервју, филозоф Андре Глуксман (3) Францускиот филозоф смета дека ситуацијата во Европа е „вонредно вознемирувачка“. В...
Во Лондон се подготвува ретроспективна изложба на предмети на Дејвид Боуви
Комбинезонот на Зиги Стардаст и рачно напишани текстови се меѓу стотици предмети од сувенирите на британскиот музичар...
Таткото на модерниот индивидуализам
Светот годинава ја одбележува 300-годишнината од раѓањето на големиот Жан Жак Русо...

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп |