01.09.2012, 22:48 Парична награда од 100.000 денари за Наковска-Бикова од Винер
Компанијата со овој гест и оддава голема благодарност за начинот на кој изминативе денови ја промовираше Македонија во светот
Управниот одбор на Винер осигурување донесе одлука да и додели парична награда во висина од 100.000 денари на Оливера Наковска Бикова по повод освојувањето на златниот медал во стрелаштво на Параолимписките игри во Лондон, соопшти Компанијата.
На овој начин, истакнуваат од компанијата, би сакале да и оддадеме голема благодарност и признание за начинот на кој изминативе денови ја промовираше Република Македонија во светот, на едно вакво натпреварување од највисок меѓународен ранг.
- Се надеваме дека оваа награда ќе биде достојна поддршка за нејзините натамошни активности на спортски план и дека ќе придонесе за остварување на уште многу врвни резултати како овој во Лондон. Истовремено, веруваме дека подвигот на Наковска Бикова ќе биде огромен поттик за сите спортисти да го дадат својот максимум под државното знаме, а посебно за најмладите, се вели во соопштението од Винер осигурување.
|
|
Статијата е прочитана 585 пати.
|
Испрати коментар
|
|
vucko, 02.09.2012 10:46:04 | Skromna nagrada ,mozemi na koja nikoj ne se nad da izdvoi prehodno sredstva.Za sute medali po igrite kako Olimpiski,Svetski,Evropski ,Bakalnski ,Drzavni treba da ima pravilnik nikoj da ne se cuvstvuva ostetene i diskriminiran a za ovie igri za lica so pobni potrebi treb dase DUPLO pogolemi
NEMoz enekoj za 4 mesto da dobie OROMNI privilegii i d ago docek cea drzava a ZLATO Olimpsiko da bide samo 100.000 denari i ako e od sponzor a ne od Drzavata ,sega e drzavat napoteg,imavme TREO mesto na Vatrepolistite studenti i sto dobija neka naois enekoj dase podestime.Pravilata da si bidat pravila za site ISTO. |
|
|
|
|
|
„УТРИНСКИ ВЕСНИК“ ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE
|
|
|
|
Време
|
Скопје, 19°C
Делумно облачно
|
Понеделник
Ведро
Макс: 33°C, Мин: 13°C
|
Вторник
Сончево
Макс: 35°C, Мин: 14°C
|
|
|
|
|
Финска - иднина без Нокиа Финска е во ЕУ, има перфектен кредитен рејтинг од тројно А и флертува со излезот од еврозоната. Но, не е се’ така добро ... | |
|