31.08.2012, 16:29 Аман го победи Рудиша, Болт со нов рекорд во Цирих
Кениецот кој пред митингот најавуваше напад на сопствениот светски рекорд, трката ја заврши со 28 стотинки заостанување зад Аман, кој ја обезбеди и вкупната победа во Дијамантската лига
Мохамед Аман направи големо изненадување на атлетскиот митинг од Дијамантска лига, во Цирих, победувајќи го на трката на 800 метри светскиот рекордер Дејвид Рудиша.
Кениецот кој пред митингот најавуваше напад на сопствениот светски рекорд, трката ја заврши со 28 стотинки заостанување зад Аман, кој имаше време од 1:42.53 секунди што преставува негови личен рекорд и нов рекорд на Етиопија. Со оваа победа Аман ја обезбеди вкупната победа во Дијамантската лига со два бода повеќе од Рудиша.
Најбрзиот човек на светото, Усеин Болт, забележа победа на трката на 200 метри, поставувајќи нов рекорд на митингот. Болт делницата ја претрча со време од 19,66 секунди.
Јохан Блејк и Неста Картер се погрижија Јамајка да ги освои првите две места во трката на 100 метри, зад нив се пласира Американецот Рајан Бејли. Блејк на стотка истрча време 9,76 секунди.
|