28.08.2012, 16:01 Болт сака да истрча 200 м под 19 секунди
По ОИ во Лондон најбрзиот човек на планетата ја зголемил ценатата за негов ангажман, па наместо претходните 200.000 евра, настапот на Болт сега чини 400.000
Најбрзиот човек на планетата Јусеин Болт непосредно пред атлетскиот митинг во Цирих што стартува задутре откри дека посакува делницата од 200 метри да ја истрча за помалку од 19 секунди, што би било нов светски рекорд.
„Мојата најомилена дисциплина отсекогаш била 200 метри. Сигурен сум дека во неа можам да направам неверојатни работи. Без консултации со тренерот можам да кажам дека една од моите цели е да истрчам 200 м за помлаку од 19 секунди“, изјави Болт, кој на Светското првенство во Берлин 2009 го постави се' уште важечкиот светски рекорд на 200 м од 19,19 сек.
За Јамајчанецот излезе уште една не толку добра вест. Според организаторите на атлетскиот митинг во Берлин, по ОИ во Лондон најбрзиот човек на планетата ја зголемил ценатата за негов ангажман, па наместо претходните 200.000 евра, настапот на Болт сега чини 400.000.
Организаторот на митингот во Цирих објави дека на стадионот „Лецигрунд“ ќе може да се видат 15 нови олимписки шампиони, 14 светски прваци и 17 атлетичари со најдобри резултати сезонава.
|