30.08.2012, 12:25 Интерактивна инсталација на грчката уметница Леа Петру
Инсталацијата се базира на светска мапа со димензии 3м х 5м, која содржи 500 сиво обоени квадрати
Од 1 до 20 септември, мултимедијалниот центар „Мала станица“ ќе биде просторот каде што ќе биде изложена интерактивна инсталација на грчката визуелна уметница Леа Петру. Инсталацијата се базира на светска мапа со димензии 3м х 5м, која содржи 500 сиво обоени квадрати. Петстотини квадратни картички се испратени до визитинг-листата на Националната галерија на Македонија и врачени на луѓе од градот Скопје. Гостите се поканети да ја обојат квадратната картичка и да го посетат мултимедијалниот центар „Мала станица“ со цел да ги постават каде било на колективната целосно обоена сложувалка. Боењето на светската мапа ќе биде константна позиција на течение за времетраењето на изложбата и финалниот имиџ целосно ќе зависи од посетителите и од нивната волја да бидат интерактивни.
Специјално дизајниран лифлет ќе биде им поделен на сите посетители на галеријата, каде што тие можат да прочитаат повеќе за самото дело и да го вбројат нивното место од 500 парчиња. Куратор на изложбата е Ана Франговска. (Т.И.)
|
|
|
„УТРИНСКИ ВЕСНИК“ ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE
|
|
|
|
Време
|
Скопје, 22°C
Делумно облачно
|
Петок
Ведро
Макс: 34°C, Мин: 15°C
|
Сабота
Сончево
Макс: 33°C, Мин: 13°C
|
|
|
|
|
Кинезите вложуваат во ореви Кинезите ги инвестираат парите во некои прилично чудни работи, имено во ореви. Вртењето на ореви во дланката ја стимулир... | |
|