31.08.2012, 13:17 Две момчиња натепани на „Пиволенд“
Двајца тинејџери биле натепани за време на оддржувањето на „Пиволенд“ пред спортската сала „Борис Трајковски“ во Скопје. Инцидентот, како што соопшти полицијата, се случил вчеравечер кога шестмина напаѓачи, без повод и причина, со клоци и со тупаници почнале да ги удираат двете момчиња на возраст од 19 години.
Тинејџерите се префрлени во Ургентниот центар во Скопје, а кај едниот од нив се констатирани тешки повреди: фрактура на раката и на долната вилица. По напаѓачите се трага. (Г.А.)
|