01.09.2012, 13:30 Специјално признание за Ристановски во Ниш
Наградата на Никола Ристановски му припадна за „Менажерија“, а со Повелба на Фестивалот во Ниш беше награден и Тони Михајловски
Македонскиот актер Никола Ристановски го доби Специјалното признание за најдобар странски актер во домашен филм на тукушто завршените 47. Филмски средби во Ниш, Србија, кои се посветени на домашната кинематографија и на актерските остварувања. Наградата на Ристановски му припадна за неговата улога во филмот „Менажерија“ на Марко Новаковиќ, кој пред десет дена го отвори 36. Фестивал на филмско сценарио во Врњачка Бања.
Покрај Ристановски, признание доби и Тони Михајловски за неговата улога во „Парада“ на Срѓан Драгоевиќ. Станува збор за Повелба за најдобар странски актер, која им припадна и на босанскиот актер Емир Хаџихафизбеговиќ за „Смрт на човекот на Балкан“ и на хрватскиот актер Горан Навоец за „Парада“.
Инаку, главната награда, Гран прито „Наиса“ на фестивалот го доби Александар Берчек за неговата ролја во филмот „Шеширот на професорот Коста Вуиќ“ на Здравко Шотра. Додека, наградите „Цар Константин“ за најдобра машка и женска улога им припаднаа на Уликс Фехмиу за филмот „Востаничка улица“, кој му го донесе и „Срцето на Сараево“ на Сараевскиот фестивал и на Христина Поповиќ за филмот „Парада“.
А за разлика од жирито, кое го сочинуваа: Злата Нуманагиќ, Небојша Миловановиќ и Милена Павловиќ, фестивалската публика за најдобар актер го прогласи Никола Којо за главната улога во „Парада“. Во конкуренција годинава беа 13 филма, а наградата за животно дело „Павле Вуисиќ“ му припадна на познатиот актер Марко Николиќ. Фестивалот им оддаде почест и на прерано починатата актерка Соња Савиќ, како и на Душан Јаничиевиќ и Мики Стаменковиќ. (С.У.)
|