29.08.2012, 14:17 Расел Бренд и Гери Халивел во љубовна романса
Како што пишува „Дејли мејл“, Расел ја оставил девојката, Американската Изабела Брустер, со која се забавуваше по разделбата со Кети Пери
Британскиот комичар Расел Бренд (37) и Гери Халивел (40), попозната како црвенокосата спајсовка, се зближиле на неодамнешната церемонија на отворање на Олимпијадата во Лондон и оттогаш се неразделни.
Како што пишува „Дејли мејл“, Расел ја оставил девојката, Американската Изабела Брустер, со која се забавуваше по разделбата со Кети Пери, и своето време сега го минува со Гери и нејзината ќеркичка Блубел. Пејачката во 2006 година роди девојче, но никогаш не откри кој е таткото.
|