29.08.2012, 17:44 Бугарија во паника од македонските промоции
Бугарски европарламентарци очекуваат за Македонија да важат правила за брендирање, како за ајварот
Слободанка Јовановска
Кругови во Бугарија дигаат паника околу првата изложба на стари ракописи од Македонија во октомври во Белгија, вршејќи притисок до музејот да ја преиспита „историската коректност“ на поставката, а до домашните институции да реагираат официјално, т.е. да протестираат до нашата Влада за ново крадење на историјата. Иако кампањата ја води само агенцијата „Фокус“, а другите медиуми ја игнорираат, во неа се инволвираат амбасадата на Бугарија во Македонија, европарламентарците, неизбежниот Божидар Димитров, а се бара и став од бугарското МНР. Иако од извештаите се гледа дека ни бугарската амбасада не знае како ќе бидат „брендирани“ ракописите (од Македонија или македонски, како кирилични или на стар македонски јазик) ниту, пак, што ќе биде изложено, европарламентарецот Андреј Ковачев веќе реагирал до музејот во Белгија барајќи тие да бидат претставени „научно коректно“, т.е. како бугарски документи и ракописи иако потекнуваат од територијата на Македонија и се богатство на нашите културни институции и архиви.
Оваа е прва ваква изложба на нашето писмено богатство од средниот век, а поради повеќето најави за промоции на македонската култура и книжевност низ Европа и низ светот, во Бугарија почна да се пали црвениот аларм за зборот „македонско“. Ковачев го предупредил директорот на музејот во Маримонт дека изложбата ќе биде „провокација и манипулација со научни факти“, по што тој најавил реакција околу целиот случај. Знаејќи ја белгиската политичка толерантност и културна широчина, која е далеку како до месечината од бугарската, интервенцијата на Ковачев тешко дека ќе даде некој резултат освен што Софија ќе се посрамоти официјално и на меѓународен план. На истата прес-конференција, на која се повикува „Фокус“, министерката Елизабета Канческа-Милевска најави и помош од Дубаи за конзервирање на сите ориентални ракописи во Македонија, па нема реакција од Турција или друга држава зошто нашата влада сака и нив да ги претставува во светот. Според реакцијата на Ковачев, ако експонатите се претставени како бугарски, нема да реагираат, односно не им е проблем што ракописите ќе се претстават, туку како ќе се брендираат, практично очекувајќи деценискиот спор за зборот „македонски“ да го решат преку изложбава или во спротивно да спречат промовирање на што било како македонско.
„Прашањето е како тие ќе бидат презентирани - како бугарски во она што е денес Македонија која е историска реалност, или како македонски, како што се обидуваат да ги претстават. Ова е главниот проблем“, изјавил Ковачев. Божидар Димитров, пак, изјави дека нема македонски средновековни ракописи бидејќи македонска нација била формирана во 1934 година со одлука на Коминтерната и дека, всушност, на територијата на нашата држава има само грчки, бугарски и српски ракописи иако таа се вика Македонија. „Светската историја не знае термин македонски ракопис, македонска азбука или македонски средновековен јазик“, тврди Димитров сугерирајќи име за нив - бугарски ракописи откриени во Македонија. Колку и да е апсурдна оваа дебата за јавноста во нашата држава, и тоа не како став туку како тема, бидејќи покажува опседнатост со минатото место со реалноста, за бугарските политичари таа се' уште е конјунктурна. Евгениј Кирилов, кој земјава ја нарекува Скопје, вели дека нашата влада само симулира дека прави реформи место вистински да работи на европските стандарди и норми, влечејќи главно националистички потези за да одржува висок рејтинг.
„Говорејќи на правата на Бугарите, не гледам никаква промена во политиката. Да не споменувам дека во некои случаи пристапот кон Бугарија е многу погруб од тој кон Грција. Не сум слушнал грчката амбасадорка во земјава да биде нападната во Скопје за разлика од случајот со бугарскиот амбасадор“, изјавил Кирилов за истата агенција. |
|
Статијата е прочитана 5816 пати.
|
Испрати коментар
|
|
BRISEL -, 30.08.2012 05:58:25 | KONTINUITET -MODEREN LITERATUREN MAKEDONSKI I STAROMAKEDONSKI , DA. DODEKA STAROBUGARSKI E IZMISLICA KOJA TREBA DA SE PROTURKAT.
|
| citatel, 30.08.2012 07:04:52 | Ovoj tekst e dosega naj anti-bugarski od site. Avtorkata pisuva se sto ke i dojde na pamet i go tumaci kako i odgovara .Sekogas se pravi problem od bilo koja izjava na Bugarite ,verojatno stravot e golem |
| Faktite se fakti, 30.08.2012 07:52:15 | A da ja pogledneme realnosta vo oci. Na koj jazik i so koe pismo se pisuvani tie srednovekovni stari rakopisi?Dali i rimskite artefakti , ako se najdat na n asa teritoriuja treba da gi prestavime kako nasi , makedoski. Prasuvam koj e ktitor i graditel na manastirite vo Nerezi, Treskavec , Zrze i sl.?Dosta vece na site i potpiknuvame kukavicki jajca , nesvesni dekaq so toa sami si nastetuvame.Otkade dokade onaa ministerka Kancevska postana glaven istoricar, glaven arheolog, glaven promotor na kulturata umetnosta i istoriskoto minato na Makedonija? Faktite se sepak fakti od koi ne moze da se pobegne. |
| Bogomil(ec), 30.08.2012 09:03:32 | Што друго би можело да се очекува од бугарските македономрзсци, од типот на онаа крпеница од научник, Божидар Димитров и КИРилов, кои својата кариера ја градат токму на антимакедонизмот. Ако македонската нација и јазик се формирани со декрет на Коминтерната, во 1934 година, како што тврди Димитров, тогаш како било можно во 1925 година, во Атласот на светските јазици, издаден во Америка, да се најде и македонскиот во семејството на словенските. Изгледа пак со декрет на Коминтерната. Зарем тие бугарски националшовинистички перјаници, потомци на хановите, не го знаат одговорот на прашањето - зошто Македонците се поблагонаклонети кон Грците! Таквите како нив ги уриваат мостовите што обичниот човек од памтивек се обидува да ги изгради. |
| MakeDonalds, 30.08.2012 10:12:32 | Sto e dosta - dosta e. E sega vece preteravme so propagandata i cel svet ke vidi lagite koji su trebali samo za vnatresna upotreba i za izbori. Bugarija ke dobije super promocija vo Brisel a nije ke dobijemo jaka slakanica po nosot. |
| paneten, 30.08.2012 10:19:46 | Stanuva zbor za staroslovekski tekstovi na jazik koj shto evuluirajki bil narekuvan Bugarski (Bolgarski, Blgarski i t.n.) kako shto mozhe da se najde vo mnogu dokumenti. Kako takov toj izgubil padezhite. Vo ovie verminja zborot Makedonija se koristel za drugi zemji. (deneshna Evropska \turcija i Istochna Bugarija). Od ovoj Starobugarski jazik vo 20 vek vo uslovi na teshka politichka izolacija evuluirale 2 moderni jazika - Makedonskiot i Bugarskiot. Prifakjajki istorijata kakva shto bila kje gi reshi site poroblemi, so Bugarija, so Grcija i so EU. |
| Македонец, 30.08.2012 10:37:29 | Ракописите се пишувани на старословенски јазик, јазик на христијаните што живееле во Македонија. Измислената теза на Бугарите дека во средниот век старословенскиот јазик е исто што и бугарски јазик е фалсификат и измислица на нивните историчари. Словенската азбука, глаголицата и најверојатно кирилицата се создадени од Ромејски службеници на основа на јазикот на склавиниите (Словените) од околината на Солун, кои биле византиски поданици, и не биле Бугари. Фактите се факти и од нив не се бега, само кој да истражи темелно и да проанализира... |
| BitolaHamiltonCanada, 30.08.2012 13:54:05 | DO MAKEDONEC,
Tochno kako shto velish,od faktite ne se bega osobeno ako se temelno istrazeni i proanalizirani.Slovenskata azbuka ja sozdale Romejski sluzbenici koj shto nebile Bugari po nacionalnost tuku bile vizantiski podanici po nacionalnost.Fakt nad site fakti,temelno istrazen i proanaliziran od tebe.Nema somnenie,ti veruvame.Koj e budala neka ne ti veruva.
|
| Зарем сега токму ова недостасуваше?, 30.08.2012 14:54:31 | Се согласувам со „Фактите се факти“. Зарем само ова и недостасуваше на преамбициозната и кусогледа „културна“ министерка на Македонија? Луѓето гладуваат, а таа растура огромни пари за разни глупости, кои нанесуваат само штета на државата! Недостаток на чувство за реалност или лебдење во празен простор? Не може да се прославува 50-60 годишница од кодификацијата на македонскиот јазик и да се прави изложба на документи на мак. јазик од средниот век! А бре како чавка да им го испила мозокот на овие морони што ја водат Македонија. |
| nekoj, 30.08.2012 15:02:11 | авторот прави ли разлика помеѓу “МАКЕДОНИЈА ИМА ИЛЈАДА ГОДИНИ ПИСМЕНА ТРАДИЦИЈА, Стари македонски ракописи во Кралскиот музеј во Белгија“ и “ориентални ракописи во Македонија“?
ако не ја спознава разликата чуму коментари?
поздрав! |
|
|
|
|
|
„УТРИНСКИ ВЕСНИК“ ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE
|
|
|
|
Време
|
Скопје, 14°C
Делумно облачно
|
Вторник
Сончево
Макс: 35°C, Мин: 14°C
|
Среда
Сончево
Макс: 34°C, Мин: 17°C
|
|
|
|
|
Финска - иднина без Нокиа Финска е во ЕУ, има перфектен кредитен рејтинг од тројно А и флертува со излезот од еврозоната. Но, не е се’ така добро ... | |
|