Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Печатено издание
Политика Македонија Економија Хроника Коментари Свет Култура Спорт Скопје Забава Хороскоп
Политика
29.08.2012, 17:17

Полицајците ќе возат „сеат алтеа“, „Порше“ ќе се жали

За 3,4 милиони евра, МВР ќе набави 150 автомобили од „Ка-дис“, која победи на аукцијата

Горан Адамовски



Околу 3,4 милиони евра ќе плати Министерството за внатрешни работи (МВР) за нови 150 возила. По електронското наддавање вчера, Комисијата за јавни набавки при МВР ја прифати понудата на „Ка-дис“ („сеат алтеа фритрек ТДИ 2.0 4WDД) како најниска. Во трка за бизнисот беа уште четири компании. Од „Порше Македонија“ тврдат дека не им било овозможено да учествуваат во наддавањето, а оти биле подготвени да понудат пониска цена, поради што најавија жалба.

По неуспешниот прв обид, полицијата од втора успеа да избере возила што ќе ги заменат легендарните „крајслери“. МВР најави дека не може да плати повеќе од 236.934.900 денари, па компаниите имаа задача да понудат колку што е можно поприфатлива понуда, имајќи предвид дека цената беше најважен критериум. Победи „Ка-дис“, која побара 209.750.000 денари. Извисија „Порше Македонија“ со моделот „шкода јети“, „Аутомотив груп“ со „рено колеос“, „Автомакедонија“ со „опел инсигнија“ и „Делукс ауто“ со „фолксваген тигуан“.

„Ве известуваме дека вчера во 12,22 минути ни беше оневозможен пристапот до веб-страницата на Јавни набавки, на која во тек беше аукција за набавка на 150 моторни возила на МВР“, реагираа од „Порше Македонија“. Тврдат дека нивната понуда била 209.500.000 денари, но системот не направил освежување на податоците. Најавуваат жалба до Бирото за јавни набавки и до Тендерската комисија при МВР, а како доказ ќе достават видеоснимка од последните минути на аукцијата, во која, како што велат, јасно може да се види нефункционирањето на системот за јавни набавки и оневозможеноста да поднесат пониска понуда.

„Истовремено обезбедивме и доказ од ’Македонски телеком’ дека сите интернет-конекции на ’Порше Македонија‘ во наведениот период совршено функционирале“, наведуваат од компанијата во реакцијата до медиумите.

Според правилата, возилата треба да бидат во бела боја со ознаки на полицијата, а во цената е вклучено и тригодишно бесплатно одржување на возилата: замена на гуми, масло, антифриз, филтри за воздух... Возилата треба да бидат со дизел-мотор и со моќност од 110 до 140 киловати. Тие треба да се плаќаат на 36 месечни рати, а рокот за нивна испорака е 90 дена.

„Станува збор за купување возила, а не лизинг, така што со потпишувањето на договорот и испораката на возилата, нивен сопственик станува МВР“, потенцираат надлежните.

Ова, всушност, е повторен тендер, бидејќи првиот распишан во март пропадна зашто понудите на двете компании што влегоа во најтесен избор не му одговараа на Министерството. Тогаш, во најтесен круг влегоа „Порше Македонија“, но во понудата недостигал валиден електронски потпис, додека „Ка-дис“ побарал околу 280 милиони денари плус ДДВ што било скапо за државата.

МВР се одлучи на замена на постојните „крајслери“, набавени во 2.000 година, поради годишните трошоци за амортизација, кои чинеле и до 7.000 евра. Автомобилите кои трошат 14 литри гориво на 100 километри досега минале над 500.000 километри.


Статијата е прочитана 1173 пати.

Испрати коментар



Иванов македонски „булдожер“ во Брисел и во ОН
Груевски во еден ден во Монтреал и во Торонто
Разногласие во Министерството за одбрана за Слупчане
Бугарија во паника од македонските промоции
ОБСЕ бара министрите да седат мадро пред избори
Колку чини денарот
Книгите ги раскараа основачите на ВМРО-ДПМНЕ
Интерпелација за претседателот на Регулаторна комисија



mene, 30.08.2012 10:24:29
Pameten biznismen ne u[estvuva vo vakvi zdelki.Pa zar na ovie od Porshe ne im beshe jasno deka glasnogovornikot na Komorata treba da dobie neshto za kompenzacija za falbite kon vladata.Smeshen tender,ushte posmeshen rezultat.Ako pocetnata cena e najniskata shto ja ponudile tenderashite koja im e isplatlivosta za nabavka na ovie vozila za ushte poniska cena???Ili prethodno debelo e nazidana cenata ,pa sega se mafta narodot kako da e toa najniskata.A razlikata ,kade ke odi.Vo cij zdep ili na civa smetka.

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE

 
Што прават денеска
 


Site Meter


Време
Скопје, 14°C

Делумно облачно

Вторник
Сончево
Макс: 35°C, Мин: 14°C

Среда
Сончево
Макс: 34°C, Мин: 17°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани
Финска - иднина без Нокиа
Финска е во ЕУ, има перфектен кредитен рејтинг од тројно А и флертува со излезот од еврозоната. Но, не е се’ така добро ...
Сакате да изградите вселенски лифт на Земјата? Почнете од Месечината!
Сонот за лифт што ќе не однесе во вселената трае повеќе од 50 години, Мајкл Лејн помина 11 години работejќи на остварува...
(ФОТО) Шеснаесет китови угинаа насукани на плажа во Шкотска
Силната плима „истурка" група од 26 китови во песокливиот брег на Северно Море, од кои 16 угинаа насукани на плажа....
Што стои зад спорот околу островите меѓу Кина и Јапонија?
Елементите на спортот вклучуваат една карта од динстијата Минг, американски договор и една фабрика за риби...
Класичните светилки отидоа во историјата
Со забраната Европа планира да заштеди околу 1 отсто од годишната потрошувачка на електрична енергија или тоа е производ...

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп |