02.09.2012, 17:27 Македонски државјани уапсени во Чешка
Седумнаесет лица се уапсени во акција на чешката полиција против фалсификување документи и организираниот криминал. Меѓу нив има и македонски државјани, соопштија медиумите во земјава. Според тамошната полиција, групата се занимавала со фалсификување пасоши, дозволи за престој, возачки дозволи, лични карти и други документи.
Истрагата во акцијата „Покер“ траела 18 месеци. Групата, во која освен македонски, има и албански, чешки, бугарски, украински и египетски државјани, на терен работела десетина години. Под истрага се и функционери на чешката полиција.
„Од запленетите документи се гледа дека членовите на оваа група биле специјализирани во вршење измени на постојните документи, но и производство на нови“, тврдат од чешката полиција.
Документите биле со многу висок квалитет, а цената се движела околу 1.800 евра по парче. (Х.Р.) |