Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Онлајн издание
Вести Магазин Спорт
Онлајн Вести
02.09.2012, 14:51

Проверка на научните трудови преку база за плагијати

Министерството за образование и наука ќе формира две нови бази - за доктроски студии и база за проверка на плагијати на магистерски, специјалистички стручни трудови и семинарски работи. Тоа е овозможено со последните измени на Законот за научно-истражувачка дејност усвоени во јуни.

Првата база ќе се води на веб-порталот nauka.mon.gov.mk, а втората на порталот plagijati.mon.gov.mk. Тие ќе содржат податоци за авторот на трудот, установата на која е запишан и за темата на трудот.

- Целта е да се обезбеди јавност во научната работа на научните и стручните кадри, како и квалитетни и научно докажани изворни докторски и магистерски трудови. Се обезбедува и широка достапност на научните области во кои се истражува во Република Македонија, споредливост на научно-истражувачката работа на меѓународно ниво. Овие бази ќе придонесат и за планирање на развој на научните области и нивно насочување за општиот стопански и демократски развој. Покрај ова, се обезбедува и развој на етичноста во научното истражување, рече министерот Панче Кралев на прес-конференција.

Веб-порталите Плагијати.мк и Наука.мк веќе функционираат и имаат корисници. Како што информираше Кралев, на порталот nauka.mon.gov.mk се внесени 57 биографии со комплетни податоци за научници, 44 истражувачки и инженерски проекти и 114 библиографски единици. Системот рlagijati.mon.gov.mk, пак, има 549 регистрирани корисници и таму се прикачени 226 документи од корисници.

На прес-конференцијата присуствуваше и Нинослав Марина, кој од неодамна е ректор на најмладиот државен универзитет во Македонија - за информатички науки и технологии „Св. Апостол Павле“ во Охрид. Тој рече дека во институцијата што ја раководи ќе има многу истражувачка работа, а особено ќе се заложи да нема појава на плагијати и оти ќе биде нетолерантен во таков случај.


Статијата е прочитана 554 пати.

Испрати коментар



За КАДИС денешната аукција за полициски возила е нелегитимна
„Порше“ победи, полицајците ќе возат „Шкода јети“
Ламбринидис против двојните стандарди на ЕУ
Прекршочни пријави доколку не се вратат таблите со старите имиња во Чаир
„Аман“ бара расправа за работата на Регулаторна
(ФОТО) Нереди во Белфаст, повредени 47 полицајци
Ерменија е подготвена на војна со Азербејџан
(ФОТО) Почна учебната година - првачиња помалку од лани
Ка-дис бара истрага за поништената електронска аукција
Продолжува електронската аукција за набавка на 150 возила за МВР
Суспендираната лекарка е казнета со 20 отсто од плата
Апелација ја потврди казната за „тигарот“ Спасов
Израелецот Сандел починал поради фрактура на черепот
Финска - иднина без Нокиа
И ДПА ги напушта средбите кај Вељаноски
ДУИ по секоја цена против законот за бранителите
Црвенковски - „Владата ја чека голема народна казна“
Владата ќе инвестира во модернизација на железницата
УНИЦЕФ - Во Сирија минатата недела убиени 1.600 луѓе
Кафеаните ќе работат еден час пократко
Иванов oчекува датум за преговори во декември
Убиени маж и жена печалбари во кичевското село Србица
(ФОТО) Шеснаесет китови угинаа насукани на плажа во Шкотска
Жена сама се породила во центарот на Скопје
Вирусот Западен Нил стигна во Србија
За енергетиката треба да се најдат 1,2 милијарди евра
Дачиќ - Нема да се жртвуваме заради фусноти
Министерот Поповски се сретна со колегите од Косово и Црна Гора
Единаесет активни пожари во Македонија
Груевски ги повика иселениците да не се делат
Во Пномпен уапсен еден од основачите на „Пајрат беј“
Сончево со ветер од јужен правец
Македонски државјани уапсени во Чешка
Почнува учебната година за основците и средношколците
СДСМ со митинг во Кавадарци ќе го промовира кандидатот за градоначалник
Повисока парична помош в година
Кралев - Преименување училишта без согласност на МОН е спротивно на законот
Бебе загина, а 40 лица се повредени во автобуска несреќа во Франција
Почна самитот на АПЕК во Владивосток
Mинистерот Попоски на Бледскиот стратешки форум
Двајца виничани затаиле 6,3 милиони денари данок
Брахими - Неопходна е итна промена на режимот во Сирија
Македонија се наметнува на светската инвестициска карта
МАПАС ќе биде регулаторно тело независно од Владата
Китев - Ќе го направам Кавадарци пристојно место за живеење
Потпишан Меморандум за отворено небо меѓу Македонија и Холандија
Кралев - Чаир незаконски ги преименува училиштата
Владата воспоставува Информатичко форензичка лабораторија
Ограбено казиното „Астра“ во Скопје
Десет активни пожари низ Македонија
Грчката полиција откри синџир за детска порнографија
Стартува новиот инструмент задолжница
Самоубиствени напади пред американска база во Авганистан
Владиниот тим претстави бизнис можности во Мајами
Груевски на изборната конвенција на Републиканците
Жирафата нов жител на Зоолошката во Скопје
ССМ бара евтината струја од 19 часот
Растат и невработеноста и инфлацијата во еврозоната
Апелацискиот суд донел одлука за „тигарот“ Спасов
Суспедираната докторка нема да се казни
(ФОТО) Tабли со нови имиња на чаирските основни училишта
Младите не сакаат да почнуваат бизнис, повеќе се за готови работни места



„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE

   


Site Meter


Време
Скопје, 19°C

Делумно облачно

Понеделник
Ведро
Макс: 33°C, Мин: 13°C

Вторник
Сончево
Макс: 35°C, Мин: 14°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани
Финска - иднина без Нокиа
Финска е во ЕУ, има перфектен кредитен рејтинг од тројно А и флертува со излезот од еврозоната. Но, не е се’ така добро ...
Сакате да изградите вселенски лифт на Земјата? Почнете од Месечината!
Сонот за лифт што ќе не однесе во вселената трае повеќе од 50 години, Мајкл Лејн помина 11 години работejќи на остварува...
(ФОТО) Шеснаесет китови угинаа насукани на плажа во Шкотска
Силната плима „истурка" група од 26 китови во песокливиот брег на Северно Море, од кои 16 угинаа насукани на плажа....
Што стои зад спорот околу островите меѓу Кина и Јапонија?
Елементите на спортот вклучуваат една карта од динстијата Минг, американски договор и една фабрика за риби...
Класичните светилки отидоа во историјата
Со забраната Европа планира да заштеди околу 1 отсто од годишната потрошувачка на електрична енергија или тоа е производ...

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп |