02.09.2012, 16:32 Почнува учебната година за основците и средношколците
Во основните училишта настава ќе следат околу 200.000 ученици, од кои 20.700 се првачиња
Учениците денеска ја почнуваат новата 2012/2013 учебна година. Во основните училишта настава ќе следат околу 200.000 ученици, од кои првачиња се 20.700.
Според резултатите од двата уписни рока во јавните средни училишта, во прва година се запишале 20.049 ученици. Од нив 7.732 во гимназиско образование, 11.776 во стручно образование, 292 ученика во уметничко образование и 249 ученици во спортска гимназија во Скопје.
На првиот училишен ден министерот за образование Панче Кралев и скопскиот градоначалник Коце Трајановски ќе ја посетат гимназијата „Орце Николов“, а потоа Кралев ќе го посети и основното „Коле Неделковски“, придружуван од градоначалникот на Центар Владимир Тодоровиќ.
Заменик-министерот за образование и наука Сафет Незири, пак, денеска ќе присуствува на отворање на новоизграденото училиште „Ѓерѓ Кастриот Скендербег“ во тетовско Џепчиште.
Во Македонија има 457 училишта - 358 основни и 99 јавни средни. |