29.08.2012, 12:08 Груевски: Да направиме посилна економска држава
„Да заврши приказната со македонското прашање и да се запечати нашата националност, јазик и идентитет“, истакна премиерот на средбата со македонските иселеници во Торонто
Сакаме да направиме силна држава, да се заврши приказната со македонското прашање и да се запечати нашата националност, јазик и идентитет. Да направиме посилна економска држава, да донесеме повеќе странски инвеститори и да ги орахбриме и помогнеме домашните инвеститори.
Ова го порача премиерот Никола Груевски на средбата со македонските иселеници во Торонто, заблагодарувајќи им се за, како што рече, непоколебливата поддршка за овие прашања.
- Во овие прашања ако од некаде имаше непоколеблива поддршка тоа беше од македонската дијаспора од Канада, од Америка, од Австралија. Тоа е голем придонес. Можеби вие тоа не го чувствувате толку многу, но тој што е изложен на притисоци, тој кој е изложен на критики, а тоа сме во моментот ние и целата група што работи со мене, целиот тим, нам тоа многу ни значи. Многу ни значи тоа што не ја заборавате Македонија, истакна Груевски.
На средбата во Торонто пред македонските бизнисмени беа презентирани и бројните можности кои Македонија ги нуди за развивање на бизнис релации, а со што ќе се овозможи размена на потенцијали, стоки и услуги.
Иселениците дадоа поддршка на политиката и евро - атлантскиот пат по кој чекори Македонија, потенцирајќи дека тоа е вистинската насока за развој и просперитет на државата.
Македонскиот владин тим, во чиј состав се и заменик претседателот на Владата и министер за финансии Зоран Ставрески, министерот за привлекување странски инвестиции Бил Павлески и директорот на Дирекцијата за технолошко - индустриски развојни зони Виктор Мизо, претходно во Монтреал на средба со канадски бизнисмени ги претстави можностите за инвестирање во Македонија.
- Добро е што сме тука со владината делегација да се сретнеме со бизнисмените кои во текот на следните години очекуваме дека ќе покажат интерес, ќе дојдат во нашата земја да ја посетат и ќе направат напор да ги проверат овие работи и да видат на лице место дека Македонија им нуди добри можности за инвестирање во Европа. Очекувам низ средбите со стотици канадски и американски бизнисмени во следните денови да оствариме контакти што во иднина ќе овозможат реализација на нови инвестиции и отворање на нови работни места што е основната цел и задача на Владата при секоја нова дестинација, при секоја посета во странство и презентација на бизнис можностите за вложување во Маке��онија, изјави министерот за финансии Зоран Ставрески.
Тој потенцира дека пред бизнисмените во Канада и САД пред се ќе се истакнат макроекономската стабилност и ниското ниво на државниот долг и буџетскиот дефицит, добрата бизнис-клима потврдена со реформите што ги прави Владата и со оценката на Светска банка и Дуинг бизнис, ниските даноци, односно најниското даночно оптоварување во Европа, високиот квалитет на работната сила, а ќе се презентираат и конкретни можности за инвестирање во големи инфраструктурни проекти во секторите на автомобилската и другите индустрии, во недвижностите, во туризмот и други области каде што Владата смета дека Македонија има потенцијални предности.
|
|
Статијата е прочитана 1182 пати.
|
Испрати коментар
|
| Ќе избере ли „Кемпински“ локација за хотел во Македонија | СДСМ | За смедеревка 10 денари, за вранецот 12 денари за килограм | Претседателот на Турција во болничка постела | Уапсен поранешниот директор на правниот сектор во „Њуз оф д ворлд“ | Со 30 милиони евра Владата ке ја спасува металургијата | Бошкоски не даде исказ за Тушевски, му се воспалила вилицата | Операторот „Вип“ одбележува пет години работа во Македонија | Придавката „македонски“ се враќа во извештајот на ЕК? | Адеми - Владата и коалицијата функционираат во полн состав | Рестартирана кланицата за живинско месо „Пилко“ | Асанж ја критикува Шведска дека не е неутрална | Четврто прскање против комарци | Филе-Грубјешиќ - Дијалогот Белград-Приштина за мир во регионот | Самитот на неврзаните во Техеран е темна дамка за човештвото | Недостигот од вода ќе ги натера луѓето да станат вегетаријанци | Македонија и САД заедно ќе ги спроведуваат законите | (ФОТО) Почна Cамитот на неврзаните во Техеран | Стогодишник повредил 11 лица во сообраќајка | Загина велосипедист на патот Прилеп - Битола | Промоција на проектот „Размена на документи по службена должност“ | Груевски - Македонија нуди најниски трошоци за водење бизнис | Пол Рајан го обвини Обама дека е „истрошен претседател“ | Канадски компании заинтересирани за бизнис во Македонија | Кина купува авиони Ербас за 3,5 милијарди долари | Пол Рајан официјално потпретседателски кандидат на републиканците | Ќе се градат хотели кај аеродромот „Александар Велики“ | Просечната нето плата исплатена во јуни 20.651 денар | СДСМ поднесе барање за интерпелација на претседателот на РKE | Порше Македонија - Имавме најниска понуда, системот не функционираше | Ван Ромпуј - Еврото е незаменливо | Македонските полицајци ќе возат „Сеат Алтеа“ | „Гранит“ и „Бетон“ добија концесии за каменоломи | Деветти тендер за продажба на ОХИС | Русинка играше покрај жртвите од сообраќајна несреќа | Собранието расправа за Законот за регистрирање готовински плаќања | Ако Кина пропадне?! | Старец се обидел да обљуби седумгодишно дете | Активни девет пожари во Македонија | И Белорусинот Баранков доби азил од Еквадор | Украинскиот Врховен Суд ја отфрли жалбата на Тимошенко | Дебранец загина во сообраќајка во САД | „Самоопределување“ ја „продава“ куќата на Хашим Тачи | Дисциплинска одговорност за униформираните во Слупчане | Би Би Си обвинета за навреди кон муслиманите | Пет понудувачи на електронската аукција за набавка на полициски возила | Републиканците го избраа Мит Ромни за претседателски кандидат | Ураганот „Исак“ стигна до Луизијана | Голема Богородица во Берово | Изгаснат пожарот во рафинеријата во Венецуела | Помали плати и чинови за војниците провокатори | Канабисот е штетен за мозокот | (ФОТО) Иванов на литургија за Пресвета Богородица на Матка | Њу Орлеанс директна цел на нов ураган | (ФОТО) Пожарот застана до Гевгелија | Исчистена тетовската дива депонија | Илјаз Халими претседател на Централното собрание на ДПА | Иванов - Дијалогот е решение за владината криза | Гевгеличанец со такси превезувал мигранти од Пакистан | ОН бара Г-20 да договорат мерки за сузбивање на скокот на цените на храната | Бројот на жртвите во пожарот во Венецуела се искачи на 48 | Електронска аукција за набавка на моторни возила во МВР | ОН - Животот во Појасот Газа ќе биде невозможен по 2020 година | Хотелскиот бренд „Кемпински“ доаѓа во Македонија | Експлодираше бомба пред Националната банка во Атина | Судењето против менаџерите на „Маѓар Телеком“ одложено на неопределено | Удавено момче извлечено од водите на Дебарското езеро | Владина делегација во посета на САД и Канада | Православните христијани го празнуваат Успението на Пресвета Богородица | „Унилевер“ - Сиромаштијата се враќа во Европа | СДСМ предлага намалување на мандатните казни и воведување на мерката опомена | Законот за бранители пред пратениците на 10 септември | Уништен тревникот пред Зоолошка | НАТО затвори 202 бази во Авганистан | На забава обезглавени 17 лица во Авганистан | Богов - НБРМ останува доследна на политиката на стабилен курс на денарот | СДСМ бара да се намали акцизата за горивата | Државно земјоделско земјиште за социјалните случаи | Загинатиот кај Матка е израелскиот бизнисмен Ги��еон Сандел | Активни осум пожари во Македонија | Честитка од Груевски по повод Успение на Пресвета Богородица | Кои ќе бидат најбогати во 2050? | Бензините поскапуваат за 2,5, а дизелот за 1,5 денари по литар | Пуштен во употреба интернет портал за патувања со автобуски превоз | (ФОТО) „Гринпис“ повторно протестира на Арктикот | Евакуиран уште еден ромски камп во Франција | Ставрески - Денарот е стабилен, нема причина за менување на курсот | Израелски турист загина на Матка | „Аман“ денеска повторно на протест, бара поддршка од ССМ | Нема „корекција“ на границите на Косово | Девет жртви од „Исак“ на Карибите | Пад на вредноста на акциите на „Самсунг“ по судската пресуда | Покриени пред и зад камерите | Бесплатно лекување за пензионерите со ниски пензии | Опозицијата бара итни мерки за скротување на поскапувањата | Две девојки од „Пуси рајот“ избегаа од Русија | Атина задоволна од средбите со европските партнери | Панихида за убиените работници на „Бриони“ | Ѓорѓиев - Владата функционира во полн состав и со полн капацитет | Почина Нил Армстронг, првиот човек кој стапна на месечината | Владиниот економски тим идната недела во Северна Америка | Пронајдени коски од досега непознат вид на диносаурус на југот од Франција | Шеќеринска - Груевски и Ахмети намерно создаваат политичка криза | Македонец притворен во Солун, го поставил знамето со 16-крако сонце |
|
mene, 29.08.2012 12:48:08 | Da napravime posilna ekonomski drzava za da mozeme jas i mite drugarcinja da ja opljackame uste poveke! |
| НЕВЕН ГНЕВЕН, 29.08.2012 15:19:24 | Тоа што го изјавува Коле е , што се вели, удварање. Овие и друго не знаат. Ставревски, кини лубеници сечосемки. Мисли некој му верува. Тој е Испушена муштикла. Никој паметен нема да вложува во Македонија, доколку не му се обеќани ред бенефиции, а за сметка на тоа, не искористат тие што тоа го овозможуваат. А здраво и јако стопанство, не се инсталира со коњи, лавови, бисти, врби и тополи господо од Владата. Стопанство и економија се прави со поштена работа, ама РАБОТА, и треба газот да го испотишза тоа да го постигнеш, а не со малверзации, замајување, крадење и каков не криминал што го правите. |
| Poarno prati pismo za imeto vo ON, 29.08.2012 15:49:36 | Grujo trebashe da objasni deka greshkata so imeto e kaj ON. Trebashe da mu soopsti deka referencata BJRM e rezultat na krshenje Povelbata na ON i deka RM vo septemvri ke pobara, preku Generalnoto sobranie na ON, sovetodavnoto mislenje od Megunarodniot sud vo Hag za legalitet na dopolnitelnite uslovi za Makedonija pri priemot vo ON, i legalitet na posebniot chlanski status za RM vo ON. Toa e edinstveniot nachin na reshavanje problemot so imeto. |
| македонец, 29.08.2012 17:01:39 | Од 1944 не постои никакво Македонско прашање за нашата националност, јазик и идентитет. Од таа година ние Македонците сме признаени како македонски народ кој зборува македонски јазик како дел од словенските јазици и признаени сме како она што сме, а тоа е - потомци на Јужните Словени кои во седмиот век ја населиле оваа територија на која и денес живееме. На основа на тој наш идентитет,на таа наша посебност,како учесници во антифашистичката војна, нам ни е признаено правото да формираме своја држава во таа 1944 година. |
| kiro-USA, 29.08.2012 17:30:10 | I dont think so................ |
| Трпе, 29.08.2012 19:13:26 | И јас сакам да бидеме посилна економска држава.Ама овој кој живе само за својот интерес и рејтинг не сака и не е способен.Глуми некои сценарија со некои шоуа за лична забава.Се грижи само за фамилијата иако е избран од народот за да го води по правио�� пат и да му обезбеди квалитетен живот. |
| Branko, 29.08.2012 20:46:12 | Gwujo da ne zaboravite da im podelite brojcinja na biznismenite od SAD i Kanada za da ne pocnaat da investirat preku red bidejki pred niv se tie od Katar, Indonezija ,Kina ,Turcija ,Svedska, Italija..... |
|
|
|
|
|
„УТРИНСКИ ВЕСНИК“ ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE
|
|
|
|
Време
|
Скопје, 17°C
Ведро
|
Четврток
Ведро
Макс: 33°C, Мин: 13°C
|
Петок
Сончево
Макс: 35°C, Мин: 16°C
|
|
|
|
|
Ако Кина пропадне?! На крајот и Кина почнува да „шлајфува“ - балонот во сферата на недвижностите почнува да напукнува, извозот се намалува, ... | |
|