29.08.2012, 09:56 Пет понудувачи на електронската аукција за набавка на полициски возила
Комисијата за јавни набавки при Министерството за внатрешни работи, задолжена за спроведување на постапката за доделување договор за јавна набавка на моторни возила во полициска изведба, по извршената евалуација на добиените понуди, денеска ќе одржи електронска аукција за негативно јавно наддавање, преку електронскиот систем за јавни набавки.
Најниската понудена цена на огласот за јавна набавка на моторните возила, која изнесува 236.934.900 денари ќе биде почетна цена на јавното наддавање. Понудувачите, вкупно пет правни субјекти, ќе можат да ги намалуваат понудите најмалку за 250.000 денари, а најмногу 2.500.000 денари во секој круг од јавното наддавање, соопшти Минитерството за внатрешни работи. |