28.08.2012, 15:07 Илјаз Халими претседател на Централното собрание на ДПА
Илјаз Халими, познат функционер на ДПА, од денеска е претседател на Централното собрание. До сега на оваа должност се наоѓаше покојниот Арбен Џафери, кој воедно беше и почесен претседател на партијата.
Илјаз Халими е во редовите на ДПА од почетоците на партијата. Тој и досега беше на високи партиски функции – член на центрланото претседателство и потпретседател на партијата. Неколку пати беше избиран за пратеник во Собранието, а беше и заменик-министер за одбрана. (Г.Е.)
|