27.08.2012, 15:12 НАТО затвори 202 бази во Авганистан
Меѓународната воена коалиција во Авганистан соопшти дека затворила над 200 бази како дел од кастрењата на војската и речиси уште 300 им префрлила на локалните сили.
Портпаролот на силите на НАТО потполковник Дејвид Олсон посочи дека сите затворени воени инсталации се мали и варираат од изолирани контролни пунктови до бази, кои имале од десетина до 300 војници.
Тој дополни дека повеќето од затворените воени објекти се наоѓале крај главните патишта во земјата и биле разместени речиси во секоја провинција.
Олсон информира, исто така, дека други 282 бази од слична големина биле предадени под команда на авганистанските сили.
Во моментов меѓународните сили оперираат некаде со половина помалку бази во Авганистан, отколку во октомври 2011 година, кога тие контролираа околу 800 од нив. |