27.08.2012, 16:13 „Унилевер“: Сиромаштијата се враќа во Европа
Прилагодување на економската криза или маркетинг-трик на англо-холандската компанија за производи за широка потрошувачка „Унилевер“ е адаптирањето на својата нова стратегија на „сиромаштијата која се враќа во Европа“.
Јан Зијдервелд, одговорниот на компанијата „Унилевер“ за Европа, во интервју за германскиот дневен весник „ Фајненшал Тајмс Дојчланд“, најавува дека неговата компанија ќе се служи со стратегијата и методите кои ги практикува во азиските земји во развој, каде производите се продаваат поевтино и во помали пакувања.
- Ако еден Шпанец троши просечно 17 евра, јас не можам да му понудам пакет детергент кој чини половина од она што планира да го потроши. Во Индонезија ние продаваме индивидуални пакувања на шампон за два до три центи за парче и сепак заработуваме, објасни Зијдервелд за гермаснкиот весник.
Дел од производите на „Унилевер“ се и марките „Дов“, „Магнум“, „Кнор“ и други.
Германскиот весник понатаму наведува дека „Унилевер“ почнал со продажба во Шпанија на помали пакувања на детергент за само пет машини. |