27.08.2012, 16:01 СДСМ предлага намалување на мандатните казни и воведување на мерката опомена
СДСМ денеска на прес-конференција оцени дека казнената политика не е олабавена и оти граѓаните и стопанствениците се повторно на удар на инспекторите што според нив ќе резултира со затворање на стотици фирми.
- Казните се превисоки, а инспекторите ги пишуваат и за најситните пропусти и неправилности. Сопствениците на мали продавници или трафики, соочени со казни од по 3.000 евра, често немаат друг избор освен да ги затворат бизнисите. Дел од нив земаат кредити за да ги платат казните, а некои отпуштаат работници за да можат да ги подмират високите глоби, рече Ана Павловска - Данева.
Таа обвини дека власта не смее да ги користи казните како средство за пополнување на недостигот на пари во Буџетот.
СДСМ предлага висината на мандатните казни да биде преполовена, односно наместо од 50 до 5.000 евра да изнесува од 25 до 2.500 евра, да се направи градација на казните според големината на фирмата и да се воведе мерката „опомена“ со која ќе им се даде кус рок на фирмите да го остранат недостатокот поради кој им следува парична казна.
|
|
Статијата е прочитана 844 пати.
|
Испрати коментар
|
|
Saso, 27.08.2012 16:47:49 | Tocno e i ova e edinstvenoto nesto sto mene ke me natera da ne glasam za nikogo a inace sum standarden glasac na VMRO.Eden sum od kaznetite i toa tolkava suma 3250eu na dukance za koe mi dojde danok 2500eu za tri meseci.Samata suma na danok kazuva dali e kucano ili ne.Najbolno e sto inspekciite se instrument na unistuvanje na konkurencijata i obicno odat po naracka. Partiskata pripadnost ne e bitna tuku kogo imas vo partija. Za zal malite plakaat a uvoznicite cija roba se prodava na crno zasto podmitile nekoj carinik go berat kajmakot i fabrikantite isto.Nim nikoj ne im odi vo seriozna inspekcija zatoa sto imaat stotina vraboteni a nas malite ne teraat da izigravame policajci i da se raspravame so dobavuvacite i toa samo zasto sme po 4-5 vraboteni,so drugi zborovi bez nas se moze. |
| SDSM policies, 27.08.2012 17:04:46 | Znaci, SDSM se zalaga da se vrati apaslukot. Tolku li ne mozat da smislat nesto popametno? |
|
|
|
|
|
„УТРИНСКИ ВЕСНИК“ ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE
|
|
|
|
Време
|
Скопје, 22°C
Ведро
|
Вторник
Ведро
Макс: 29°C, Мин: 11°C
|
Среда
Сончево
Макс: 33°C, Мин: 12°C
|
|
|
|
|
Канабисот е штетен за мозокот Пушењето канабис за време на младоста штетно влијае врз мозокот, е заклучок на студијата на научници од Нов Зеланд, која... | |
Покриени пред и зад камерите Веќе еден месец Египќаните можат да ја гледаат телевизиска станица Мариа ТВ. Нејзината програма ја водат целосно покриен... | |
|