27.08.2012, 12:07 Евакуиран уште еден ромски камп во Франција
Француските сили на редот спроведоа нова евакуација на див ромски камп во Еври – град чиј досегашен градоначалник беше министерот за внатрешни работи Мануел Валс.
Одлуката за евакуација на кампот била донесена од градоначалникот на Еври, социјалистот Францис Шуа, бидејќи тој се наоѓал веднаш до железничката пруга на линијата Д на регионалниот париски воз РЕР, оправдувајќи ја својата одлука со безбедносни причини и нехигиената што владеела во кампот, како и дека на неговите жители им биле понудени алтернативни места за живеење.
Министерот за внатрешни работи, Мануел Валс, исто така, ја оправда евакуацијата на кампот поради безбедносни и санитарни причини.
Серијата евакуации на диви ромски населби во текот на летово предизвика незадоволство од страна на невладините организации и дел од левицата, по што владата минатата недела донесе неколку мерки во полза на Ромите, меѓу кои и одлуката за олеснување на нивниот пристап до пазарот на трудот. Оваа одлука се однесува за Ромите кои доаѓаат од Романија. |