27.08.2012, 15:56 Законот за бранители пред пратениците на 10 септември
Ова било договорено на денешната координација кај претседателот на Собранието Трајко Вељаноски
Законот за бранителите ќе се најде на дневен ред на собраниската седница закажана за 10 септември.
Ова било договорено на денешната координација кај претседателот на Собранието Трајко Вељаноски, на која не присуствувале претставници од СДСМ.
Законот, неколку дена претходно ќе го разгледува и матичната комисија за политички систем.
Овој Закон предизвика „нишање на темелите“ на владината коалиција. Валдејачката ДУИ се закани со напуштање на коалицијата доколку мнозинството во парламентот во новиот закон за кој обезбедува посебни права за македонските бранители, не ги вметне и нвните амандмани со кои им се даваат права на борците на ОНА.
Законот за бранители предвидува голем број права за припадниците на безбедносните сили и семејствата на загинатите, како што се бесплатно здравство и образование, еднократни парични надоместоци, права на пензии и разни други социо-економски бенефиции.
|
|
Статијата е прочитана 1175 пати.
|
Испрати коментар
|
|
pile, 27.08.2012 22:41:06 | Sekoja seriozna Vlast, kakva sto R.Makedonija nema vo poslednite 6-7 godini,dokolku go cenese deloto i sakase da go stiti ugledot na pripadnicite na bezbednosnite sili koi vo 2001 godina zastanaa vo odbrana na suverenitetot i teritorijalniot integritet na Drzjavata,imase mozjnost uste vo prviot mandat mozjese kvalitetno da go resi statusot na ovaa kategorija gragjani a ne prvicno da go odbiva predlogot od liderot na Dostoinstvo so izgovor deka se potrebni 300 mil.Evra od budzjetot, a sega vo 5 do 12 pred napustanje na vlasta da glumi dobra vila, za dobivanje podolgorocno trajni politicki poeni.Institucijata Pretsedatel treba da ja odigra svojata klucna uloga i da ne go potpise vakviot egoisticki Zakon, cija primena mora da bide seriozno pripremena za zacuvuvanje na megjunacionalnite odnosi vo Drzjavata.Ovaa koalicija go dade svoeto,Vlada na nacionalno edinstvo-odgovornost, so Marsalov plan za spas na Drzjavata so period do 2015 godina,kako i pagjanje na odredeni partiski kameleoni.DOST |
| Jovan, 28.08.2012 09:34:20 | Koordinacija...so kogo. Ako i sega prisustvuvate na sednica Vie od SDSM - se otkazuvame od Vas. |
|
|
|
|
|
„УТРИНСКИ ВЕСНИК“ ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE
|
|
|
|
Време
|
Скопје, 22°C
Ведро
|
Вторник
Ведро
Макс: 29°C, Мин: 11°C
|
Среда
Сончево
Макс: 33°C, Мин: 12°C
|
|
|
|
|
Канабисот е штетен за мозокот Пушењето канабис за време на младоста штетно влијае врз мозокот, е заклучок на студијата на научници од Нов Зел��нд, која... | |
Покриени пред и зад камерите Веќе еден месец Египќаните можат да ја гледаат телевизиска станица Мариа ТВ. Нејзината програма ја водат целосно покриен... | |
|