27.08.2012, 16:22 Почина атлетскиот судија погоден со копје во вратот
Дитер С. (75) синоќа во Универзитетската болница во Дизелдорф им подлегнал на повредите здобиени од ударот со копје за време на вчерашниот локален јуниорски атлетски митинг
Несреќниот германски атлетски судија Дитер С. (75) синоќа во Универзитетската болница во Дизелдорф им подлегнал на повредите здобиени од ударот со копје за време на вчерашниот локален јуниорски атлетски митинг.
Животот на судијата не беше спасен и покрај брзата реакција на медицинскиот тим и итната операција, откако копјето го погоди во вратот, заработувајќи тешка повреда на каротидната артерија и губејќи многу крв.
Според изјавите на сведоците, во кобниот момент еден 17-годишник го фрлил копјето, а судијата невнимателно побрзал да го измери резултатот, иако тоа не било паднато на земја.
- Тргна да го измери резултатот пред копјето да падне. Веројатно мислел дека добро ја проценил линијата на движењето. Жалам за овој голем инцидент, за загубениот живот и за шокот кој ќе мора да го надмине младиот натпреварувач, кој не е виновен за оваа несреќа – изјави Јохен Грундман, директорот на натпреварувањето.
Митингот во Диселдорф е еден од најголемите митинзи во Германија со традиција повеќе од шест децении, на кој се натпреваруваат атлетичари во сите возрасни категории.
|