27.08.2012, 15:15 Јаневски ги врати Тасевски и Ристиќ во националниот тим
Селекторот на македонската фудбалска репрезентација го објави списокот на фудбалери за настап на првите два натпревара во квалификациите за Светското првенство во Бразил 2014 година
Селекторот на македонската фудбалска репрезентација Чедомир Јаневски, денеска го објави списокот на фудбалери кои ќе конкурираат за настап на првите два натпревара во квалификациите за Светското првенство во Бразил 2014 година.
Јаневски во составот ги врати Дарко Тасевски и Стевица Ристиќ, кои ќе бидат дел од дваесет и тројцата фудбалери.
Македонија квалификациите ќе ги почне на 7 септември против Хрватска во Загреб, а на 11-ти гостува во Глазгов против Шкотска.
На списокот на селекторот Јаневски се следниве фудбалери:
Голмани: Кристијан Наумовски, Мартин Богатинов и Томе Пачовски.
Одбрана: Бобан Грнчаров, Даниел Георгиевски, Александар Тодоровски, Николче Новески, Ванче Шиков, Даниел Мојсов, Горан Попов и Александар Лазевски.
Среден ред: Никола Глигоров, Мухамед Демири, Величе Шумуликоски, Стефан Спировски и Дарко Тасевски.
Напад: Ферхан Хасани, Иван Тричковски, Стевица Ристиќ, Горан Пандев, Мирко Ивановски, Агим Ибраими и Александар Трајковски.
|