Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Онлајн издание
Вести Магазин Спорт
Онлајн Вести
28.08.2012, 18:29

Голема Богородица во Берово

Река народ од целата земја навали во манастирот изграден во 1975 година. Од околните Струмица, Штип и Делчево се организираа специјални тури

Горан Адамовски

БЕРОВО – „Напомош празникот“, ги пречекуваат гостите во Берово љубезните полицајци. Патролираат на секој чекор. На секои дваесетина метри – полицаец. Богородица е најважен празник во Малешевијата. Во црквата „Пресвета Богородица“, оддалечена околу петстотини метри од Берово на пат кон езерото, секој 28 август во годината се собираат петнаесетина илјади луѓе од целата земја, но и од соседството. Чествувањето на Богородица во Берово во 1996 година заврши трагично. Гром усмрти деветмина, а повреди четириесетина луѓе. За народот нема дилеми – несреќата се случи како казна за населението, кое големиот празник го прослави на 29 август, бидејќи 28 август беше петок – посно, па за не пропадне гозбата со јагниња, славењето беше поместено за еден ден подоцна - во сабота.

Оттогаш не се случува преместување на празникот. Ако е посно – посно е, ако се мрси - супер. Вчера беше вторник, па 110 јагниња чекаа да одат курбан.

„Јагнињата се подарок од граѓаните, кој сака – дава. Се колат на самото место, се подготвуваат на самото место. Традиционално, во казани под дрва, а се дополнува со јанија. Оваа година нема гравче, бидејќи не е посно. И луѓето што ги колат животните и ја подготвуваат храната се волонтери. Тука никој ништо не прави сосила или заради пари“, горди се домаќините.

Река народ од целата земја навали во манастирот изграден во 1975 година. Од околните Струмица, Штип, Кочани, Виница и Делчево се организираа специјални тури до Берово. Гости имаше и од соседна Бугарија.

„Доаѓаме веќе четврта година едноподруго. Многу е убаво, кај нас не е вака“, велат неколку бугарски туристи.

Тие морале да дојдат преку Струмица, бидејќи граничниот премин Клепало, оддалечен петнаесетина километри од Берово, не е во функција.

„Од наша страна се' си има, и премин и се'. Ама, Бугарите не го градат од нивна страна. Се зборува дека дури трипати зеле кредит од меѓународната заедница, ама парите ги потрошиле за друго“, раскажуваат беровци.

Берово живее за овие денови. Градот е полн, бидејќи се организира и Меѓународниот саем на традиционални производи „Малешевијата на дланка“. Кафулињата и рестораните се преполни. Но, интересно, градот живна околу пладне. Претходно, немаше ниту музика во угостителските обје��ти. Околу ручек, тешко беше да се најде и паркинг.

Луѓето не забораваа да го посетат манастирот, да запалат свеќа, да се помолат и да купат сувенир од големиот број продавачи.

„Ова е најголем празник, мора да се испочитува како што е редот“, ни дофрли еден повозрасен беровчанец. Тој дојде да се напие од светата вода во објектот близу црквата. Тешко се влегува внатре. Луѓето веруваат дека можат да ги излечат и најтешките болести. Во манастирот и во дворецот е претесно. Најдобро им е на оние што дошле порано, па успеале да се распостелат на тревата, па и сенка да фатат.

„Од синоќа сме тука. Тука преспавме“, ни вели тетка Роса. Има 83 години и не се сеќава кога не дошла во манастирот за Богородица.

Над 100 котли со јагнешко и со јанија се дар од организаторите. Алкохол не се служи, но луѓето си носат ракија од дома, а има и шанк со пиво.

„Гледате колку полицајци сме на терен. Се' мора да помине во најдобар ред. Не, за алкохолот нема толеранција дури ни за празник. Луѓето мора да внимаваат колку пијат додека возат“, предупредува еден од полицајците.

Доаѓа и музика, зурли и тапани да го дигнат расположението. Повеќе од 10.000 порции се делат доцна попладнето околу 17 часот, но чествувањето продолжува додека е ден. Завршува со ноќта. Наредното утро започнува одбројувањето за в година. Се гледаме тогаш.

Монаси

Во машкиот манастир „Пресвета Богородица“ има тројца монаси. Таму се од 2002 година.

„Се грижиме за духовниот живот во Малешевијата, се трудиме да се подобри“, не' пречекува јеромонахот Фотиј.

Тој вели дека манастирот и црквата се посетени во текот на целата година, најмногу во недела и во празници, но признава дека интерес за монаси нема. Тројцата постојани жители на манастирот објаснуваат дека денот им минува во молитви, но имаат и основни должности.

„Го чистиме дворот, конакот, одгледуваме природна козметика, балсами, подготвуваме чаеви и, секак��, сами си готвиме“, раскажува јеромонахот Фотиј.


Статијата е прочитана 1685 пати.

Испрати коментар



Ќе избере ли „Кемпински“ локација за хотел во Македонија
СДСМ
За смедеревка 10 денари, за вранецот 12 денари за килограм
Претседателот на Турција во болничка постела
Уапсен поранешниот директор на правниот сектор во „Њуз оф д ворлд“
Со 30 милиони евра Владата ке ја спасува металургијата
Бошкоски не даде исказ за Тушевски, му се воспалила вилицата
Операторот „Вип“ одбележува пет години работа во Македонија
Придавката „македонски“ се враќа во извештајот на ЕК?
Адеми - Владата и коалицијата функционираат во полн состав
Рестартирана кланицата за живинско месо „Пилко“
Асанж ја критикува Шведска дека не е неутрална
Четврто прскање против комарци
Филе-Грубјешиќ - Дијалогот Белград-Приштина за мир во регионот
Самитот на неврзаните во Техеран е темна дамка за човештвото
Недостигот од вода ќе ги натера луѓето да станат вегетаријанци
Македонија и САД заедно ќе ги спроведуваат законите
(ФОТО) Почна Cамитот на неврзаните во Техеран
Стогодишник повредил 11 лица во сообраќајка
Загина велосипедист на патот Прилеп - Битола
Промоција на проектот „Размена на документи по службена должност“
Груевски - Македонија нуди најниски трошоци за водење бизнис
Пол Рајан го обвини Обама дека е „истрошен претседател“
Канадски компании заинтересирани за бизнис во Македонија
Кина купува авиони Ербас за 3,5 милијарди долари
Пол Рајан официјално потпретседателски кандидат на републиканците
Ќе се градат хотели кај аеродромот „Александар Велики“
Просечната нето плата исплатена во јуни 20.651 денар
СДСМ поднесе барање за интерпелација на претседателот на РKE
Порше Македонија - Имавме најниска понуда, системот не функционираше
Ван Ромпуј - Еврото е незаменливо
Македонските полицајци ќе возат „Сеат Алтеа“
„Гранит“ и „Бетон“ добија концесии за каменоломи
Деветти тендер за продажба на ОХИС
Русинка играше покрај жртвите од сообраќајна несреќа
Собранието расправа за Законот за регистрирање готовински плаќања
Ако Кина пропадне?!
Старец се обидел да обљуби седумгодишно дете
Активни девет пожари во Македонија
И Белорусинот Баранков доби азил од Еквадор
Украинскиот Врховен Суд ја отфрли жалбата на Тимошенко
Груевски - Да направиме посилна економска држава
Дебранец загина во сообраќајка во САД
„Самоопределување“ ја „продава“ куќата на Хашим Тачи
Дисциплинска одговорност за униформираните во Слупчане
Би Би Си обвинета за навреди кон муслиманите
Пет понудувачи на електронската аукција за набавка на полициски возила
Републиканците го избраа Мит Ромни за претседателски кандидат
Ураганот „Исак“ стигна до Луизијана
Изгаснат пожарот во рафинеријата во Венецуела
Помали плати и чинови за војниците провокатори
Канабисот е штетен за мозокот
(ФОТО) Иванов на литургија за Пресвета Богородица на Матка
Њу Орлеанс директна цел на нов ураган
(ФОТО) Пожарот застана до Гевгелија
Исчистена тетовската дива депонија
Илјаз Халими претседател на Централното собрание на ДПА
Иванов - Дијалогот е решение за владината криза
Гевгеличанец со такси превезувал мигранти од Пакистан
ОН бара Г-20 да договорат мерки за сузбивање на скокот на цените на храната
Бројот на жртвите во пожарот во Венецуела се искачи на 48
Електронска аукција за набавка на моторни возила во МВР
ОН - Животот во Појасот Газа ќе биде невозможен по 2020 година
Хотелскиот бренд „Кемпински“ доаѓа во Македонија
Експлодираше бомба пред Националната банка во Атина
Судењето против менаџерите на „Маѓар Телеком“ одложено на неопределено
Удавено момче извлечено од водите на Дебарското езеро
Владина делегација во посета на САД и Канада
Православните христијани го празнуваат Успението на Пресвета Богородица
„Унилевер“ - Сиромаштијата се враќа во Европа
СДСМ предлага намалување на мандатните казни и воведување на мерката опомена
Законот за бранители пред пратениците на 10 септември
Уништен тревникот пред Зоолошка
НАТО затвори 202 бази во Авганистан
На забава обезглавени 17 лица во Авганистан
Богов - НБРМ останува доследна на политиката на стабилен курс на денарот
СДСМ бара да се намали акцизата за горивата
Државно земјоделско земјиште за социјалните случаи
Загинатиот кај Матка е израелскиот бизнисмен Гидеон Сандел
Активни осум пожари во Македонија
Честитка од Груевски по повод Успение на Пресвета Богородица
Кои ќе бидат најбогати во 2050?
Бензините поскапуваат за 2,5, а дизелот за 1,5 денари по литар
Пуштен во употреба интернет портал за патувања со автобуски превоз
(ФОТО) „Гринпис“ повторно протестира на Арктикот
Евакуиран уште еден ромски камп во Франција
Ставрески - Денарот е стабилен, нема причина за менување на курсот
Израелски турист загина на Матка
„Аман“ денеска повторно на протест, бара поддршка од ССМ
Нема „корекција“ на границите на Косово
Девет жртви од „Исак“ на Карибите
Пад на вредноста на акциите на „Самсунг“ по судската пресуда
Покриени пред и зад камерите
Бесплатно лекување за пензионерите со ниски пензии
Опозицијата бара итни мерки за скротување на поскапувањата
Две девојки од „Пуси рајот“ избегаа од Русија
Атина задоволна од средбите со европските партнери
Панихида за убиените работници на „Бриони“
Ѓорѓиев - Владата функционира во полн состав и со полн капацитет
Почина Нил Армстронг, првиот чов��к кој стапна на месечината
Владиниот економски тим идната недела во Северна Америка
Пронајдени коски од досега непознат вид на диносаурус на југот од Франција
Шеќеринска - Груевски и Ахмети намерно создаваат политичка криза
Македонец притворен во Солун, го поставил знамето со 16-крако сонце



kire, 29.08.2012 10:52:23
avtorot na tekstot treba da znae deka vo Pravoslavieto ne postoi kurban. Jagninjata za koi pishuva avtorot se podgotvile kako hrana za lugjeto koi bile na crkovniot sobor i toa nema nikkava vrska so kurban.

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE

  


Site Meter


Време
Скопје, 18°C

Ведро

Четврток
Ведро
Макс: 33°C, Мин: 13°C

Петок
Сончево
Макс: 35°C, Мин: 16°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани
Недостигот од вода ќе ги натера луѓето да станат вегетаријанци
Хидролозите предупредуваат дека за производство на месо се троши пет до десет пати повеќе вода отколку за производство н...
Шише со порака пронајдено во Северно Море по 98 години
Во него имало поштенска картичка од пет пени, сума која денеска има безначајна вредност, но пред еден век била примамлив...
(ФОТО) Американка опседната со чевли
Дарлин Флајн (57) од Калифорнија има неверојатна колекција од 16.400 чифта чевли, со што го урна сопствениот рекорд за н...
600 острови на пазарот низ светот
Дали приватните острови излег��ваат од мода? Елита ги напушта своите луксузни острови, додека сопствениците наидуваат на ...
Ако Кина пропадне?!
На крајот и Кина почнува да „шлајфува“ - балонот во сферата на недвижностите почнува да напукнува, извозот се намалува, ...

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп |