29.08.2012, 13:21 Старец се обидел да обљуби седумгодишно дете
Четириесет и петгодишен гостиварец, вчеравечер пријавил дека ден претходно врз неговиот седумгодишен син бил извршен полов напад. Како осомничен за нападот се наведува нивниот 74-годишен сосед И.Е.
Соседот, според пријавеното, И.Е. го забележал малолетникот како игра во дворот и го внесол во автомеханичарската работилница на син му. Седнал до детето и започнал да го бакнува, а потоа го соблекол и го допирал по целото тело. Исплашено од тоа што му се случува, детето ја напуштило просторијата низ друга врата и за слученото му раскажало на татко му, кој го пријавил случајот.
Од СВР Тетово наведуваат дека детето вакво непријатно доживување имало и пред две недели, но за тоа не кажало никому. Осомничениот И.Е е приведен и задржан во Полициската станица Гостивар, а со соодветна пријава во текот на денов ќе биде изведен пред истражен судија на Основниот суд Гостивар.
|