28.08.2012, 16:33 Изгаснат пожарот во рафинеријата во Венецуела
Венецуелските пожарникари целосно го изгаснаа пожарот во најголемата рафинерија во земјата „Амуај“, соопшти државната нафтена компанија ПДВСА.
Околу 50 лица загинаа во една од најсмртоносните несреќи во нафтената индустрија во последните десетици години.
- Објектот, во кој се произведуваат по 645.000 барели нафта дневно, ќе може да продолжи со работа в петок, изјави венецуелскиот министер за нафта и рудници Рафаел Рамирес.
Во експлозијата, која се случи во саботата, загинаа 48 луѓе. Поголемиот дел од жртвите се војници на Националната гарда, чии бараки биле во близина на рафинеријата.
Експлозијата предизвика зголемување на цените на нафтата во САД. Експертите тврдат дека ефектот врз нафтениот пазар може да продолжи дури и откако рафинеријата повторно ќе почне со работа.
Претседателот на Венецуела, Уго Чавес прогласи тридневна национална жалост и наложи темелна истрага за причините за трагедијата.
|