29.08.2012, 16:08 Се самоуби селекторот на руските одбојкарки, Овчеников
Првиот човек на клупата на руската женска одбојкарска репрезентација утрово бил пронајден мртов во својата хотелска соба во тренинг кампот во Пореч, Хрватска
Сергеј Овчеников, селекторот на руската женска одбојкарска репрезентација и тренер на Динамо Москва, утрово бил пронајден мртов во својата хотелска соба во тренинг кампот во Пореч, Хрватска.
Како што јавуваат светските новински агенции, 43-годишниот Овчеников извршил самоубиство, а најверојатната причина за овој чин била неуспехот на Русија на одбојкарскиот турнир на Олимпијадата во Лондон.
Русија, иако важеше за еден од главните фаворити за освојување на медал на Олимписките игри, не успеа да се пласира помеѓу четирите најдобри, откако во четвртфиналната фаза беше елиминирана од Бразил.
Овчеников на селекторското место на Русија дојде во декември минатата години и со успех ги помина квалификациите за Олимијадата.
|