27.08.2012, 09:57 Атлетски судија погоден со копје во грло
Несреќата во Дизелдорф се случила во момент кога судијата тргнал да ја измери далечината на фрленото копје, што се' уште било во воздух
Седумдесет и петгодишен германски атлетски судија се наоѓа во критична состојба откако на атлетскиoт митинг во Диселдорф беше погоден со копје во пределот на грлото, пренесоа германските медиуми.
Несреќата се случила на градскиот митинг за млади атлетичари „Игрите на Вилхелм Унгер“, кога судијата во текот на натпреварувањето тргнал да ја измери далечината на фрленото копје, што се` уште било во воздух.
Во шокантниот инцидент копјето на несреќниот судија му ја повредило главната артерија по што изгубил многу крв, а прва помош му укажале лекари и гледачи кои се наоѓале на стадионот.
Набрзо тој бил префрлен и итно опериран на Универзитетската клиника, но неговата состојба и натаму е критична, пренесуваат медиумите.
По несреќата натамошните натпревари на митингот биле откажани. |