Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Печатено издание
Политика Македонија Економија Хроника Коментари Свет Култура Спорт Скопје Забава Хороскоп
Политика
30.08.2012, 17:30

„Паднала“ придавката македонски пред ракописите

Бугарија понудила изложбата да биде заедничка, со суптилна сугестија дека е можно некогаш да ни го побараат ова богатство

„Македонските средновековни ракописи што ќе бидат изложени во Кралскиот музеј на Мариемонт во Морланвелтс, Белгија, се настанати во средниот век на територијата на Македонија и во нив се изразени јазичните црти на македонската црковнословенска редакција и на македонските дијалекти“, изјавија вчера од Советот за македонски јазик по тврдењата на бугарските политичари и историчари дека овие македонски средновековни ракописи не треба да бидат претставени во Белгија под одредницата македонски.

„Во нашата земја повеќе од половина век постојат низа релевантни институции од науката и од културата што се занимаваат со проучување на средновековните ракописи, кои како првична определба пред себе ја имаат придавката - македонски“, стои во реакцијата на Советот за македонски јазик.

Реакцијата практично е одговор на вчерашната „победа“ објавена од европарламентарецот Андреј Ковачев, според кого белгискиот музеј го сменил името на изложбата и од него отпаднал зборот „македонски“. Според Миле Бошевски, директор на НУБ, која е носител на изложбата, ваквите изјави се фарса бидејќи името на изложбата никогаш не било тоа за што се протестира од Бугарија, туку така била претставена од белгиските медиуми и од музејот. „Во името на изложбата воопшто немаше збор македонски. Таа се вика официјално ’Илјада години писмена традиција во Македонија‘ и ние со музејот имаме потпишан договор за тоа“, изјави Бошевски. Според него, нема шанси да се смени името на изложбата, особено што тројца експерти за богословија ангажирани од музејот престојувале една недела во Македонија за да се договори изложбата и тие научно знаат да проценат што е тоа што ќе биде претставено во Белгија.

Практично, музејот вчера ја смени само најавата на својата веб-страница, па место македонски ракописи, стави древни ракописи од 13 до 19 век. Во текстот, пак, си стои истата содржина во која се навед��ва, како и претходно, дека станува збор за словенски ракописи од територијата на Македонија од тој период. Наспроти молкот од бугарското МНР и останатите медиуми, агенцијата Фокус вчера посвети дваесетина страници на реакциите за изложбата, во кои најкуриозитетно е барањето на Андреј Ковачев и бугарската страна да биде вклучена во изложбата, т.е. таа да е заедничка и да биде тоа европски пример на заедничко претставување на бугарското културно наследство од територијата на денешна Македонија. Според употребената терминологија дека „моментно“ овие експонати се во нашата држава и дека „за жал“ Бугарија не располага со такви ракописи бидејќи ги уништила влага, или ги изеле инсекти, а се премногу скапи за да се купат, испаѓа дека Македонија во иднина може да очекува и барање да им се вратат назад. Најкуриозитетно е што официјалното име на изложбата им е познато на агенцијата и на политичарите што реагираа, но тоа не им пречи да ја обвинат пак Македонија за крадење на историјата и провокација. Ексамбасадорот во Македонија, Александар Јорданов, дури оцени оти ова било напад врз бугарската душа, па порача - ако бугарските политичари не реагираат на ова, или не се Бугари или не се политичари. Божидар Димитров пак ги изнавреди експертите во музејот, изјавувајќи дека од нив може да се очекува да организираат и изложба на американски ракописи од средниот век. Бугарските институции, сепак, одбраа да молчат на оваа последна какафонија во Софија. (С.Ј.)


Статијата е прочитана 3669 пати.

Испрати коментар



Воениот врв падна во заседа
Груевски
Портрет - Илијаз Халими
САД ја помага довербата во Македонија кон институциите
Постојат документи кој ја создал ВМРО-ДПМНЕ
Финиш на трката за градоначалници кај десницата



Asan od Krivolaka, 31.08.2012 00:22:02
Ej ...ovci, nosete si gi doma vasite dobri bugari...
климент, 31.08.2012 01:39:57
„Македонските средновековни ракописи настанати во средниот век на територијата на Македонија и во нив се изразени јазичните црти на македонската црковнословенска редакција и на македонските дијалекти“ ДАА со таа разлика што тие дијалекти во средновековието се нарекувале бугарски јазик и како такви стојат запишани во тие книги, бугарски, болгарски, блгарски јазик. Умре времето кога сеевме магла.
zik, 31.08.2012 03:18:42
ako ima rakopisi od samoil i radomir teshko nas makedoncite! ,,kulturnata,,ministerka pred nekolku meseci ni otkri sveditelstva potpishani od goce delchev no uchenikot chie beshe sveditelstvoto beshe bugarka.mozhebi toa e namerno....
dedo dimo, 31.08.2012 05:06:53
A shto zpnale tolku Tatarite .Zaem ne znaat od kadese dojdeni ovde na Balkanskiot poluostrov j sega tie ke ni kazuvaat koj sne ishto sne .Pa kako mozi sinot na tatkoto ili majkata da im kazuva do kade e imototnivni .Tatarite koga dosle od istok tie ne zboruvale i pishuvale vaka .
Srumichanec, 31.08.2012 06:20:40
Sakam da prasham sho bara vo ovoj promocja vo Belgija na Makedonija kniga so ime Istorija slovenoblgarskaja ?Mora nekoj e chel sto pishuva !Pa posle site ni komshii krivi,neli ?Jasno e deka sega i i vo Evropa ke razberat kolko chini MANU !Vi molam Utrinski go pushtite komentarot.
Vineam makedonski, 31.08.2012 07:10:10
Za zal i ova ke go cueme i procitame, dali znaat ovie ceda bozji nareceni Bugari sto zboruvaat na cisto se otkacile neka im ee prostum tolku im tezi vo glavata...
Nikola, 31.08.2012 07:21:04
Bugarite za makedonskata istorija - http://bkks.org/files/Makedonia_Sbornik_ot_dokumenti_i_materiali.pdf
Весна.С. од Прилеп, 31.08.2012 10:14:36
Владата да престани да не срамоти прво во Слупчани сега во Белгија и потоа бегаат од новинарите(грујо отиде дури во Канада и сад)ЗАТОА НИКОЈ КОЈ СЕ ЧУВСТВУВА МАКЕДОНЕЦ И ИМА МАЛКУ ДОСТОИНСТВО НЕ ТРЕБА ДА ИЗЛЕГУВА НА БИЛО КАКВИ ИЗБОРИ ВО ИДНИНА .ЈАС ОСВЕН ЗА РЕФЕРЕНДУМОТ НА ДР.ИЗБОРИ НЕ СУМ ИЗЛЕГЛА.
MakeDonalds, 31.08.2012 15:35:24
Pa padna ne samo pridavkata makedonski nego i celata izlozba tako da poveke nemamo problemi so bugarite. Izlozbata e veke izbrisana ot saitot na muzea.
bezanec, 31.08.2012 16:04:47
Се гледа од каде и на каде дува ветерот. Што сакаш од овие недоносен вмровци,полека полека си ги откриваат нозете. Со тие ракописи на светот ќе им речат дека Македонија не постои. Арам да им е на членовите на МАНУ што ги јада парите на бедните грагани на Македонија. Е македонче се уште си во дилериум и не можеш да видиш дека вмровците ја продадоа Македонија. Жално за елитата од македонската номенклатура која уживаше голем углед за време на СФРЈ,да паднат толку бедно и создадената македонска држава од НОБ да ја понижат. Оваа земја претрпела многу и тоа ќе го пртрпе од овие неранимајковци и авантуристи.
nacional-patriot, 31.08.2012 17:00:29
Jazikot vo srednovekovieto na Balkanot e staroslovenskiot,a ne starobugarski.Bugarski jazik od srednovekovieto bil turkomongolskiot jazik sto go zboruval turkomongolskiot narod od centralna Azija koj se vikal Bugar.Kako mozel slovenskiot jazik od srednovekovieto da se narekuval nekakov *bugarski*koga Slovenite vo Balkanot ne bile od turkomongolsko poteklo kako Bugarite od centralna Azija.Znaci srednovekoven bugarski jazik e onoj sto go zboruval narodot od centralna Azija,a ne e bugarski jazikot sto go zboruvale Slovenite od srednovekovieto vo Srbija,Makedonija i denesna takanarecena Bugarija.Jasno e deka jazikot vo Makedonija od srednovekovieto se narekuval Makedonski i vo tie rakopisi e prisutna pridavkata makedonski za jazikot.Toa go potvrdija i onie sto gi razgledale tie tekstovi.Turkomongolskiot narod Bugar dosol na teritorijata na denesna takanarecena Bugarija i se pretopile megju pomnogubrojnite Sloveni na taa teritorija,se slovenizirale,no imeto *Bugari*preovladalo tamu.

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE

 
Што прават денеска
 


Site Meter


Време
Скопје, 14°C

Делумно облачно

Вторник
Сончево
Макс: 35°C, Мин: 14°C

Среда
Сончево
Макс: 34°C, Мин: 17°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани
Финска - иднина без Нокиа
Финска е во ЕУ, има перфектен кредитен рејтинг од тројно А и флертува со излезот од еврозоната. Но, не е се’ така добро ...
Сакате да изградите вселенски лифт на Земјата? Почнете од Месечината!
Сонот за лифт што ќе не однесе во вселената трае повеќе од 50 години, Мајкл Лејн помина 11 години работejќи на остварува...
(ФОТО) Шеснаесет китови угинаа насукани на плажа во Шкотска
Силната плима „истурка" група од 26 китови во песокливиот брег на Северно Море, од кои 16 угинаа насукани на плажа....
Што стои зад спорот околу островите меѓу Кина и Јапонија?
Елементите на спортот вклучуваат една карта од динстијата Минг, американски договор и една фабрика за риби...
Класичните светилки отидоа во историјата
Со забраната Европа планира да заштеди околу 1 отсто од годишната потрошувачка на електрична енергија или тоа е производ...

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп |