Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Печатено издание
Политика Македонија Економија Хроника Коментари Свет Култура Спорт Скопје Забава Хороскоп
Коментари
23.08.2012, 17:46

Мислења

Големите тајни во здравството

Ана Павловска-Данева

Македонските доктори ја мерат својата ефикасност за добивање плата во „количина“ пациенти. Така стои во компјутерскиот образец што треба секој лекар да го пополни

Пред неколку дена Владата, поточно Министерството за здравство, почна да „увезува“ лекари специјалисти - обучувачи на домашните лекари специјалисти. Тие ќе треба подолг временски период да престојуваат во нашата држава, на нашите клиники и да ги обучуваат нашите доктори да работат подобро, да изведуваат посложени операции и сл.

Не навлегувам во потребата и целисходноста на ваквиот „проект“, бидејќи претпоставувам дека Министерството подготвило некакви стручни анализи врз чија основа министерот ја донел одлуката за почнување со увоз на специјализирани кадри. Меѓутоа, не можам и не сакам да верувам дека во тие анализи министерот и Владата ни најмалку не се позанимавале со финансиските аспекти на проектов. За жал, од изјавите на сестраниот Тодоров, кој е правник, но по се' изгледа во текот на министерувањето со здравството заборавил одредени постулати на правото и правната држава, се стекнува впечаток дека цената на чинење на овој најнов зафат воопшто не била земена предвид.

Имено, на новинарско прашање за висината на платата на увезениот офталмолог од Србија, министерот Тодоров блажено се насмевна и одговори дека тоа ќе било утврдено со договорот помеѓу Министерството и српскиот стручњак. Што значи ова? Допрва пазарење или тоа требаше да биде решено веќе во анализите што претходеле?

Во правната наука постојат два вида договори што ги склучува државата: граѓански или приватно-правни и управни или јавно-правни. Овие вториве се склучуваат врз основа на распишан тендер или јавен оглас во вид на јавна набавка. Во нив, државата е нарачател на услуга која има карактер на јавен интерес или јавна служба. За неа се трошат буџетски пари, пари од сите граѓани. По дефиниција, но и по закон, информацијата за цената на таа услуга што ја плаќаат граѓаните, за нејзината исплатливост, за целисходноста, како и за секоја одредба од тој јавен договор, од таа јавна набавка, мора да биде достапна за секој граѓанин, корисник, кој истовремено е и плаќач на услугата што ја набавила државата.

Оттука, тешко е да се процени која улога или карактерна особина на министерот за здравство е поштетна за македонските граѓани. Дали незнаењето, неинформираноста и незаинтересираноста колку народни пари ќе потроши за домување, патување и плата на српскиот специјалист и што ќе се добие за тие пари или, пак, неговата ароганција и конспиративност кога одбива на јавноста да и' ги соопшти износите на средства што ги плаќаат граѓаните за неговите политики, колку и да се тие (не)оправдани.

Да одлучил министерот Тодоров (што станува се' почеста практика во нашата Влада) да настапува како приватно лице, и да си склучел свој приватен договор со српскиот лекар за негов престој во Македонија, најверојатно, никој немаше ни да го праша колку ќе чини тоа, а и да одбиеше да одговори, немаше да претставува некој поголем проблем. Да, ама да си плаќаше од свои пари, од своја заработувачка и заштеда кои решил да ги донира во јавен интерес. Но, кога располага со пари на граѓаните, тој е должен за секој потрошен денар да даде отчет. Не е отчет само да се излезе на прес-конференција и да се соопшти цената на душеците за болничките кревети, цената на купените пижами, на поправен болнички кров или тоалет, транспарентност во работата е кога ќе се каже висината на платата, домувањето и останатите трошоци на странските консултанти, доктори, експерти што сите ние ги плаќаме со буџетски средства. Зашто, токму тие тендери и договори за услуги се најопасниот механизам за криминал, корупција и перење пари, доколку не бидат достапни на очите на јавноста. Потценувајќи го својот народ, Тодоров го прави токму тоа, го заобиколува принципот на јавност во својата работа, особено кога се во прашање финансиите.

Доколку идејата на министерот Тодоров била благородна и целта на увозот на лекари специјалисти е да се обучат нашите доктори да работат подобро и постручно, во интерес на пациентите и ако се установи (бидејќи договорот ќе мора да биде обелоденет) дека е тоа исплатлива „инвестиција“ за јавниот интерес, искрено и од срце посакувам Владата да донесе слична одлука за увоз на архитекти во државава. Архитекти-консултанти кои најпрво ќе ги обучат премиерот, министерката за култура и градоначалниците од ВМРО-ДПМНЕ дали и какви згради, мостови, споменици се потребни во државава и веднаш ќе ги вклучат во проектот „Скопје 2014“ и ќе почнат со реализација на нивните совети. Апсолутно сум сигурна дека плејада на вакви странски увезени архитекти, сосе нивните патни трошоци и плати ќе чини помалку пари од една ограда на мостот на Вардар, три жални врби, Прометеј, коњите, ангелот и останатиот кич само во паркот „Жена-борец“. За изгледот на градот Скопје, нервозите, повредените чувства кај граѓаните и раздорот меѓу нив, да не зборуваме!

Кога сме кај Тодоров, не е лошо да се спомене дека македонските доктори ја мерат својата ефикасност за добивање плата во „количина“ пациенти. Така стои во компјутерскиот образец што треба секој лекар да го пополни. Графа „количина“ во која се внесуваат пациентите во вид на бројки. Ете, тоа е новата формула за „наградување“ на лекарите според сработеното. Ќе биде поефикасно оваа компјутерска програма за мерење на количина во број на пациенти да се пренесе кај ветеринарите, уште повеќе кај автомеханичарите, заварувачите и сл. Несомнено е посоодветно (од стручен, хуман и секаков друг аспект) да се мери количина на одреден број прегледани животни, или сервисирани автомобили, заварени шрафови или наредени цигли отколку во излечени или починати пациенти!

(Авторката е пратеничка и потпретседателка на СДСМ)

Наш став



Објавувањето колумни и мислења од надворешни автори е одраз на намерата на „Утрински весник“ да биде влијателен глас на заедницата. Но, напоменуваме дека не се согласуваме секогаш со ставовите што ги изнесуваат нашите колумнисти, особено кога станува збор за лични дисквалификации, етикетирања без основа и извртување на контексти со цел да се наштети на други личности од која било сфера. „Утрински весник“ се оградува од таквиот речник и конотации и ги смета за непримерни во јавната комуникација.


Статијата е прочитана 1479 пати.

Испрати коментар



Teшки денови за Груевски
Не е само фабричка грешка
Остваруваме!!!



Izigruvanje/zloupotreba na zakonite, 24.08.2012 01:04:51
Ministerot ne bi go chepkal, se trudi chovekot! No ona grafa *broj na pacienti* ke gi polnat zdravstvenite knishki na rodninite i prijatelite, a se so cel da se zeme pogolema plata. Maheri sme, a bogami i bezobrazni, za izigruvanje na zakonite, propisite i pravilata. Zatoa koga se donesuva nekoj zakon, mora da se sogleda od site aspekti, a pred se tokmu od taa gledna tochka. Eden primer, gi slusham stareshinite i profesionalnite vojnici na ARM da primaat dodatok za stanbeno zgrizuvanje od okolu 5.000 denari, a treba da go primat onie koi se pod kirija, a takvi gi ima malku. Medjutoa i onie (golemo mnozinstvo) shto ziveat kaj mama i tato, vo sopstvena kuca ili stan, go zemaat toj dodatok bidejci imaat preku 18 godini i se sopstveno semejstvo. Zakonski/formalno - se e v red! No dali e sushtinski vred? Popat, so tie pari voglavno isplatuvaat krediti za koli. Toa go znaat site i nikoj nishto ne prevzema, dodeka budzetot se tenchi i tenchi, a oni si se smeshkat i smeshkat. E takvi sme!
Doktor, 24.08.2012 05:47:40
Prv pat sega doznav za akcijata. Toj sistem na direktno prenesuvanje na znaenje vo medicinata e star i seuste mnogu vazen nacin na edukacijata na doktorite i vo medicinski najrazvijeni drzavi. Da se povika ekspert da odrzi predavanja i kursevi za proceduri ili operacii e mnogu poeftino nego da se ispratat nekolku doktori na obuka vo stranstvo. Osven toa taka se resava uste eden problem. Vo denesno vreme koga doktori od Makedonija odat na obuka vo U.S., kako primer, nemaat pravo da doprat pacijent, nitu da asistiraat na operacii, ni slucajno, da operiraat. Kako vo takva situacija doktor moze da nauci nova operacija? Ovaka ekspertot od stranstvo moze cekor po cekor da gi uci doktorite vo Makedonija, za vreme na operacija na pravi pacijenti, kako sto toa inaku se pravi za vreme na specijalizacija. Na ministerot mozat da mu se zabelezat mnogu raboti ali vo ova akcija ne gledam nisto loso. Mnogu pacijenti ke dobijat korist.
miki, 24.08.2012 07:42:03
најголемата тајна во здравството во моментов е РАЗДЕЛИ ПА ПЛАДЕЈ............во суштина на тоа се сведува........ 470 лекари биле казнети, за 420 да бидат наградени............. е сега рачунајте на која страна се мангупите?????????????
citatel, 24.08.2012 07:47:48
Vrv na nasata glupost e koga ke procitam komentar: se trudi covekot?! Ne treba da se trudi i da se fali so nebulozi,treba da znae i da go sraboti toa sto go znae.
Што се мешате кога не знаете?, 24.08.2012 11:48:34
За финансиските и медицински аспекти сестраниот Тодоров, кој е правник го критикува сестраната Ана Павловска-Данева, која е правник!!!???
do site dobronamernici, 24.08.2012 12:44:19
Mislenjeto na DIKTOR e sosema na mesto i korisno ,za sto sekako ni kazuva od iskustvo. Retki se moznostite da se najde Profesor vo stranstvo koj vo PRV plan ke go stavi kolegata specijalzant ,da go zeme kolegialno vo svojot privaten kabinet za da gleda ili slusha razgovor so pacientot, ama nedal Bog, nekomu da dozvoli da fati operativen materjal!Spored toa, povikuvanje VRVEN lekar nadvor od Makedonija koj bi gi zapozna osposobil nasite doktori za nova tehnika, e pofalno. Da,no ne so skrisni dogovori kako e voobicaeno kaj nas, makar i so nasmevla,bez soglasnost na*narodot bankar* na cii teret ke padne smetkata.Ministerot nema pravo na svoeglao rasfrlanje. Od nego, ne se vo red i onie normi za brojot na pacientite,kaznite pofalbit za lekarite,sto e ponizuvacki i sramno za lekarskata fela. Poradi takvi normi i stres pod koj tie rabotat, Hipokratovata zakletva,nema da mozat da ja ispolnat,a nie kegi kritikuvame koga pacientot ke bide odbien bidejki nema uput od maticniot lekar...

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE

Што прават денеска
 


Site Meter


Време
Скопје, 38°C

Ведро

Сабота
Ведро
Макс: 39°C, Мин: 19°C

Недела
Сончево
Макс: 39°C, Мин: 20°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани
(ВИДЕО) Отпуштен работник го уби шефот во Њујорк, десетина повредени
Астрономите пронајдоа докази како ѕвезда си ја јаде својата планета
Ѕвездата за која станува збор е позната како црвен џин, а таквите ѕвезди на почетокот се со маса скоро колку нашето Сонц...
(ИНТЕРВЈУ) Честа се спушти на најниски скалила
Етнологот Јелена Цветановска ги објави во книга своите истражувања на гревот и казната во народната култура во Македониј...
Големиот предизвик за новиот шеф на „Њујорк Тајмс“
За разлика од Би-Би-Си, Томпсон сега ќе мора да го направи истото во комерцијална компанија во која огласите и прод...
Хрватска: На чевларите им треба поправка
Главниот извршен директор на компанијата го опишува сегашно Борово како бледа сенка на поранешниот гигант, кој сега вогл...

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп |