Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Печатено издание
Политика Македонија Економија Хроника Коментари Свет Култура Спорт Скопје Забава Хороскоп
Економија
23.08.2012, 16:48

Ставрески загрижен за растот на цените

Владата будно го следи зголемувањето на цените, но засега не најавува директни мерки што можат да го ублажат ценовниот шок

Соња Маџовска

По шокантниот августовски бран поскапувања, министерот за финансии, Зоран Ставрески, вчера од Струмица изрази загриженост дека зголемувањето на цените на струјата, парното, горивата може да предизвика инфлаторен бран, односно да повлече раст на цените на сите други производи и услуги.

Министерот Ставрески порача дека Владата будно ја следи актуелната состојба со зголемувањето на цените што се случуваат на светско ниво и кои директно влијаат на домашниот пазар, но засега не најавува директни мерки што можат да го ублажат овој ценовен шок. Според Ставрески,

владините мерки се во насока на создавање услови за отворање нови работни места и помош за најзагорезените категории преку социјалните програми.

„Загрижува состојбата на светскиот пазар со осетното зголемување на цената на основните прехранбени артикли. Завчера на светската берза во Чикаго се забележа најголем скок на цената на пченицата, пченката и сончогледот во последните 27 години. Ова, секако, ќе влијае и ќе има нов бран поскапувања. Што се однесува до цената на нафтата и нафтените деривати, неа ја диктира, пред се', кризата на Блискиот Исток и скокот на доларот во однос на еврото. Владата е загрижена за ваквата состојба и во рамки на своите надлежности презема низа мерки преку отворање нови работни места и социјална програма за да ги ублажи ударите врз животниот стандард на граѓаните“, изјави вчера Ставрески.

Тој само пред два дена уверуваше дека Владата ќе направи се' што е во рамки на нејзините можности да не дојде и до зголемување на даноците, што ќе претставува дополнителен товар за стопанството и за граѓаните.

Според него, буџетот претставува еден од клучните инструменти за поддршка на стопанството преку високиот износ на капитални инвестиции. А една од мерките што се презеде пред неколку месеци за да им се помогне на компаниите се и евтините кредити од Европската инвестициска банка. Првиот финансиер вчера објави дека веќе се одобрени првите средства преку Македонската банка за поддршка на развојот. „Обезбедените 100 милиони евра од ЕИБ се главен инструмент во борбата против актуелната економска криза и добро е што има интерес за нив. Веќе првите 20 милиони евра се побарани за изработените проекти и ќе бидат доделени во почетокот на септември. Околу 80 претпријатија аплицираа и со тоа ќе добијат ликвидни средства за инвестиција во нивниот понатамошен развој“, изјави Ставрески. Според него, голем бил интересот и за средствата од Македонската банка за поддршка на развојот, на земјоделските претпријатија и претпријатија за откуп и преработка на земјоделски производи. Околу 19 фирми, кои вршат откуп на зеленчук и грозје, покажале интерес за овие финансиски средства. Од нив пет во целост ги исполниле стандардите и тие во текот на следната недела ќе ги добијат средствата од 1,6 милиони евра, а останатите треба да ги доработат проектите.


Статијата е прочитана 725 пати.

Испрати коментар



133.944 блокирани сметки
„Борово“ бледа сенка на поранешниот гигант за чевли
Стопанска банка со добивка од 6 милиони евра
Грција под силен притисок, за нас најбитно - еврото
Помош за фармерите од државните резерви на сточна храна
Државата ќе го зголеми капиталот во Тутунски комбинат



Трпе, 24.08.2012 01:12:31
Да владата будно го следи покачувањето на цените.Министерот никако да признае дека македонската влада спие со отворени очи и народот го убедува дека неможат да заспијат.Кум Ставре се замислува како да е во Америка па има простор уште цените да растат после некое време да каже СТОП.Но како да каже стоп кога ова мала државичка нема пари па секогаш кога треба да дели пензи и плати за администрацијата зема кредити,записи,отписи и ред други непопуларни мерки.Многу за кратко време ке признае дека државата мора да ни оди во стечај.
mile, 24.08.2012 07:44:12
Гледам сиротиов, јако е загрижен......... ама за инвестирање во Споменици и шмизли, око не му трепнува................
Горан, 24.08.2012 13:25:52
Лошо е тоа што мораме да бидеме во тек со светските цени кој ни приложуваат да биде така како што е. Да зависиме самите од себе верувам дека тој шок нема да го има. Но тука имаме влада која ќе го ублажи тој шок за народот да не го осети по свој грб.
!, 24.08.2012 14:53:20
Не се секирај Ставре, ние бронза ќе јадеме и на бронза ќе се грееме.
suze, 24.08.2012 16:33:36
Тој што власт не треба да се грижи туку да ги решава состојбите,па затоа е гласан од народот како што милуваат да се фалат.А народот е загрижен затоашто на власт се некои чудни момци на кои светската криза и БРАНКО ИМ СЕ ВИНОВНИ ЗА СЕ И ОД НИВ НЕМОЖАТ ДА РАБОТАТ НА РААТ!!!
Mene, 24.08.2012 17:58:46
Loso e toa sto ima mnogu o..i kako sto e Goran .... E moj goran-ce ako cekas od Vladata i ako se uste se nadevas na niv ,togas nema vece spas za tebe ...mislam mentalno ...ili pak si eden od onie sto gi placaat za da pisuvaat tuka gluposti i nebulozi.Kako i da e tesko na nas so takvite ko Ti!
Branko, 24.08.2012 18:57:22
Ne sum ekonomist no nekoi raboti mi se jasni. Edna drzava koga go kroi budzetot planira deka od danoci, od carini, od taksi ke sobere odredena suma pari kako i sekoja drzava i od tie pari taa drzava da kazeme opstojuva i funkcionira kako sekade vo svetot. Edno kaj nas ne mi e jasno. Demek ne pokacuvame danoci i drugi davacki, ne namaluvame penzii i plati kako drugi zemji vo EU a pred sekoe isplakanje na penziii i plati drzavata se zadolzuva. Zosto? Neli penziiite iplatite se predvideni so budzetot?v Zosto zadolzuvanje za penziii i plati?
tulko drdeski,tetovo, 24.08.2012 22:05:25
Od slikata se gleda deka e mnogu zagrizen,no za vremeto koga nema da bide minister,a ke mora da odgovara za gnasotiit sto i napravi vo zalna Makedonija.
Александар, 24.08.2012 23:32:38
Ако министерот навистина си ја знае работата, тогаш не треба да се чуди. Кредитот од ЕИБ го обезбедија за да се покрие вакуумот со неликвидноста која настана откако Владата одлучи да се кредитира со 0% камата кај стопанството. Нормално е да расте цената на производите, во самата Википедија скоро како догма пишува дека 60-80% од цената на производот се транспортните трошоци. Најтривијален пример за тоа е цената на флаширана вода наспроти „комуналка“. За среќа ние нема што да мислиме дали да користиме карго железница или друг тип на транспорт, имаме само патен. Нека се состави тим советници со свежи и излуфтирани идеи, стариот тим изгледа предолго седи на кожна фотеља.

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE

Што прават денеска
 


Site Meter


Време
Скопје, 20°C

Делумно облачно

Сабота
Ведро
Макс: 39°C, Мин: 19°C

Недела
Сончево
Макс: 39°C, Мин: 17°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани
Пронајдени коски од досега непознат вид на диносаурус на југот од Франција
Во близината на Екс-ан-Прованс на југот од Франција се пронајдени остатоци од досега непознат вид на диносаурус, наречен...
(ВИДЕО) Отпуштен работник го уби шефот во Њујорк, десетина повредени
Астрономите пронајдоа докази како ѕвезда си ја јаде својата планета
Ѕвездата за која станува збор е позната како црвен џин, а таквите ѕвезди на почетокот се со маса скоро колку нашето Сонц...
(ИНТЕРВЈУ) Честа се спушти на најниски скалила
Етнологот Јелена Цветановска ги објави во книга своите истражувања на гревот и казната во народната култура во Македониј...
Големиот предизвик за новиот шеф на „Њујорк Тајмс“
За разлика од Би-Би-Си, Томпсон сега ќе мора да го направи истото во комерцијална компанија во која огласите и прод...

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп |