Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Печатено издание
Политика Македонија Економија Хроника Коментари Свет Култура Спорт Скопје Забава Хороскоп Саботен магазин
Коментари
24.08.2012, 18:37

Реплики

Зошто пак избори?!

Соња Крамарска

Ако Црвенковски сака да биде сериозен и доследен лидер, тој треба да им рече „не“ на изборите

Македонското општество повторно посегна по својата омилена играчка. Сака уште едни вонредни избори, трети по ред од доаѓањето на власт на ВМРО-ДПМНЕ. Загрижува што кога станува збор за одржување на вонредни избори, сите партии се едногласни. Ја бранат на тој начин луѓето својата политичка чест. Демек не и се плашат на актуелната власт и во секое време ја прифаќаат фрлената ракавица за избори. А државата, дали е во нејзин интерес честото одржување на вонредни избори, никој не ја прашува. Важно е да се одбрани партијата и нејзиниот углед.

Тоа, господо политичари, значи отсуство на политичка свест и лидерство. Отсуство на чувство за тоа што е добро а што е лошо. Ставање на партиските над државните и јавните интереси и поигрување со еден демократски инструмент како што се изборите.

Вистината е, дека во Македонија во моментов не е исполнет ниту еден услов за одржување на предвремени парламентарни избори. Парламентот се состанува редовно, Владата функционира, исто така и останатите институции, а анкетите за јавното мислење не покажуваат позначителни поместување во поглед на наклонетоста на граѓаните кон партиите. Единствената причина заради која се зборува за избори е судирот помеѓу коалициските партнери во Владата – ситуација која спаѓа во редовното политичко менаџирање на сите коалициски влади во светот. Мислите дека канцеларката Ангела Меркел може од владата да смени министер од коалициски партнер без претходен договор и согласност од лидерот на партијата? Или Дејвид Камерон?

Но, она што во светот се смета за редовна појава и за дел од работата на шефовите на влади и на држави, овде се претвори во опасно оружје за политички манипулации се' со цел да се продолжи владеењето или да се темпираат избори во зависност од тоа колкава е популарноста на владејачката партија.

Ако Црвенковски сака да биде сериозен и доследен лидер, тој треба да им рече „не“ на изборите. Па дури и ако тоа значи напади врз него за плашливост од Груевски. Некој мора да ја прекине оваа глупава и коруптивна спирала на избори кои водат до ист резултат и иста конфигурација на владата, а сите поважни проблеми стојат во место. Во спротивно лидерот на СДСМ како и лани, станува соучесник во големата манипулација наречена предвремени парламентарни избори. Или поинаку кажано, социјалдемократите доброволно стануваат дел од агендата на премиерот и владејачката партија.

Изборите стануваат бесмислени ако се знае дека ниту еден од актуелните лидери од Владата и од опозицијата нема понудено решение за горливите проблеми – спорот за името, застојот во евроатланските интеграции, неповолната економска ситуација и невработеноста. Оттука и бавното менување на расположението кај граѓаните кои иако немаат причина за задоволство од сегашната Владата, не се вртат кон опозицијата бидејќи таа не успеа за сите овие седум години да ја изнесе на чистина погрешната политика на Груевски.

Нема сомневање дека дојде до судир меѓу ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ. Но, боже мој, такви судири се случуваат секаде каде што владеат коалициски влади составени од партии со различни интереси. Македонското општество има доволно искуство за да знае дека Албанците се составен дел на секоја влада и дека односите со нив треба да се одржуваат на функционално ниво. Овде не станува збор за нечие достоинство како што вели Груевски, туку за проста политичка прагматичност без која е невозможно политичко сојузништво ниту во Македонија ниту на било кое друго место. Управувањето со коалициски влади особено со мешан етнички состав бара посебни политички вештини кои македонскиот премиер Никола Груевски требаше досега да ги совлада. Се' друго е театар пред јавноста и создавање на политичко алиби за некои идни потези кои ќе бидат мотивирани од лични и теснопартиски интереси.

ВМРО-ДПМНЕ не може да оди сама на избори, ако претходно не постигне политички договор за тоа со останатите партии. Тоа би било премногу и за лидер од профилот на Груевски, и реално е да се очекува дека тој нема еднострано да направи таков чекор, дури и да добие согласност од Ахмети. За одржување на предвремени избори ќе биде од клучно значење и согласноста од Црвенковски.Од него се очекува добро да размисли пред уште еднаш да појде во шпекулативен изборен процес, рамо до рамо со неговиот политички ривал. Ако влезе во играта на Груевски, одговорноста овојпат ќе биде еднаква и за двајцата.

Што се однесува до препукувањата со албанските партии во владите, македонските лидери мора еднаш да решат дали ќе живеат во иста држава со Албанците односно дали ќе градат „рамковна“ Македонија или ќе се вратат на државното уредување пред 2001 година. Доколку се за првата варијанта која нема алтернатива, тогаш повиците за избори стануваат бесмислени. Ако се одлучат за втората варијанта, тие мораат да ги имаат во предвид следниве факти: од оние малку пријатели и стратешки сојузници што ги има Македонија (мислам пред се' на САД и ЕУ) сите ја поддржуваат Македонија во сегашната форма, без оглед што политичкото менаџирање на двете етнички заедница бара лидерство кое ќе биде ослободено од додворување на гласачите.

*******

Ги повикувам сите колеги новинари заеднички да го проследиме епилогот во Велика Британија, по вчерашното објавување на голите фотографии на принцот Хари од страна на таблоидот „Сан“. Овој таблоид, е единствениот што се оглуши на повикот на етичката комисија да не ги објавува „приватните фотографии“ на принцот, бидејќи неговиот татко Чарлс се закани со тужби заради нарушување на приватноста. Објавувајќи ги фотографиите, „Сан“ издаде соопштение во кое вели дека не може да биде нарушување на приватноста нешто што е веќе објавено во сите медиуми во САД. Но, зачудува фактот што моќното британско новинарство, во својот најголем дел ја прифати забраната за објавувањето на фотографиите, иако нивното право како медиуми не може на никој начин да биде оспорено со правни механизми. На потег е сега Кралската палата и нејзиното сфаќање за медиумските слободи. Добро е да одгледаме една таква сочна епизода, која може да ни' биде ориентација за тоа каде се наоѓаме ние, и што е поважно да сфатиме дека не сме сами во журналистичките маки.


Статијата е прочитана 1933 пати.

Испрати коментар



Нема пари за поскапувањата
Мајките плачат, Македонија пресуши
Груевски и Ахмети во клинч
Брејвик во законскиот рај



jovan, 25.08.2012 00:36:01
Posle mnogute predstavi sto gi izgledavme doaga onaa glavnata, a toa se izborite. Predstava so koja dobro ke se zanimavame so meseci. Toa kolku ke ne kosta, nikoj ne prasuva bidejki *raspolozen* e narodot da plaka. Potoa sledi se isto. Povtorno raznorazni predstavi, drami, cirkuzi, pa koga ke zdosadi, pak izbori. Da dojdat nekoj novi luge i da se slucat nekoj pozitivni promeni, togas kolku kosta neka kosta, barem ke se promeni nesto. Vaka se edni isti da birame i da pravime trosoci, ne ide. Gubenje vreme. Se dodeka ne se pojavi nekoj koj javno ke kaze koj se go zasluzuva statusot za iden zatvorenik, i so doaganje na vlast toa go ispolni, se do togas ke imame Murto-Kurto, zamajavanje i trosenje pari i vreme. Zivotite ni projdoa so edni isti i edno isto.
bitola troa skolovan, 25.08.2012 01:10:08
Bravo za tekstot so polna zrelost vo kratkata analiza im se obrati i na decata koi si igraat izbori i na opozicionerot koj treba ednas da pocne kako sto veli za Makedonija da misli poveke od sueti i slicno.A decata ako mislat deka ke ne vratat pred 2001 neka kazat od kade ke crpat sili za konflikt,mislam deka prvo na niv ke se puka.
Branko, 25.08.2012 07:24:03
Gospogjo Kramarska kako sto znam Crvenkovki rece deka e glupo na esen da ima vonredni izbori a ako veke gi ima da bidat zaedno so lokalnite.
Трпе, 25.08.2012 08:09:42
Избори ке има затоа што владата така сака.А власта овие кои ја водат државата не трошат лични пари од сопствениот џеб, па на избори и профитират.Никој неможе да дознае колку пари се арчат за изборите.Имаме еден лидер со боксерски дух кој секоја година го предизвикува противникот за да ја докаже својата титула, но има моменти и кога се губи.Опозицијата на фрлена ракавица не смее да се откаже.Боксерот без борба ЌЕ се прогласи за пбедник а опозицијата ке ја прогласи за неспособна и срашливец.Секогаш вината треба да се бара во овој кој ја води државата.Задачата на опозицијата е да ги снима и анализира нивните грешки за да ја победи.
milan, 25.08.2012 08:55:35
G-go Sonja,sekoja opozicija se stremi kon osvojuvanje na vlasta.Za sostojbite vo drzavata e odgovorna vlasta a ne opozicijata.Ne ja gledam odgovornosta na za se kriviot B.Crvnkovski za sostojbite vo drzavata.Vie go stavate B.C. vo istiot kos so Grujo i vo vasata kolumna gi pravite ednakvo odgovorni so sto ne se soglasuvam.Za podsetuvanje na ovoj narod,vo vremeto na BC. ne se sadea vrbi i mnostvo slicni gluposti.Se soglasuvam deka izbori ne se potrebni,pa i BC.izjavi da se soceka barem do mart idnata godina.
Ѓоко, 25.08.2012 09:35:10
Занчи според Вас Бранко треба да оди на избори само кога ќе биде сигурен дека ќе победи. А што се однесува до потегот на Премиерот тој е сосема оправдан. Барањата и уцените од албанците немаат крај, а единствено демократско решение е македонска коалиција со над 63 пратеници каква што имаше ВМРО претходно. Тогаш ДУИ во Владата беа многу пофлексибилна. Штом падна бројот на пратеници веднаш бараа амнестија на Хашките случаи. До кога вака?
Крамер против Крамарска, 25.08.2012 11:36:54
Соња , каде виде дека Црвенковски бара избори?!Избори би сакале Груевски и ДУИ , бидејќи можат да победат само на избори , кои сами би ги организирале!Греуевски мисли дека вечно на ДУИ ќе им биде поважен Тендер-бег од Скендер-бег.Можеби е во право! Забораваш дека има и друго решение-формирање на нова коалиција или техничка влада ,која би организирала регуларни избори! Не може да има преку 1.800.000 гласачи , на милион и пол жители , нели Соња?!
BB, 25.08.2012 13:01:57
Posebno me trogna delot so golite sliki na princot Hari. Epten e vo kontekst so nasava mizerija, kamo taa sreca udarna vest kaj nas da bea necii goli sliki.
Predavnik, 25.08.2012 14:03:40
Povtorno Branko e kriv! Abe chovekot si umno reche, prvo lokalni, pa spored rezultatite ke vidime za vonredni parlamentarni. Znachi svesten e za makedonskiot mentalen sklop i poziciite na partiite. Po ovoj blef ili ne na Gruevski, isto odgovorno odgovori: Glupost e! Ako vece mora, togaj najrano vo Mart zaedno so lokalnite, da bi se izbegnale troshocite i zaebanciite. I shto e ovde chovekot glup i kriv, i kakva odgovornost da ponese? Neka ja ponese ednash Gruevski, pa toj e premier! Svesno ili ne, so permanentnoto napadjanje na Branko, kako da vo nego site gledame spasitel, i toa edinstven, a pokraj ziv premier. Ako e taka, togaj da mu ja dademe vlasta, a ne privelegiite nam, odgovornosta vam, t.e. nemu! Pa stvarno gi pominavte site granici. Udrite vece ednash po Grujo i pomognete mu na Branko, a ne da se site pravite popametni od nego. Sramota!
Milan, 25.08.2012 14:09:08
Se dogovorile Gruevski i Ahmeti da ima izbori i ke ima. Sakaat lugeto uste pratenici, direktori,tenderi i drugi aramiski raboti. A Branko se faka za mamecot kako lani. I toj saka negovite da se fatat za koska. A sto ako izgubat. Vlasta gi ima onie 150.000 drzavni koi se nivni i stotina iljadi socijalci. Brane cekaj gi uste malku debelo da vlezat vo kalta !!!!
konsternirani, 25.08.2012 16:47:51
Kako, kako? Crvenkovski da kazhe ne za vonredni izbori? Pa ako saka vlasta, kako mozhe on da kazhe, ne, koga e vo opozicija i ne reshava za toa? Vtoro, interesna rabota, postojano koga se bara prekin na nekoja nadminata ili glupava praksa, postojano se bara toa prv da go stori SDSM, iako bi izgubil na rejtingot. Zoshto prekin na praksa ne se bara od VMRO_DPMNE? bidejki se znae deka oni se kukavici da promenat neshto na podobro?
Silvester, Sidnej, 26.08.2012 02:34:11
Ovaa e veke besvest....Ne veruvam deka nekoj e normalen vo Makedonija. Izborite vi se kako zadolzitelno bienale. Na sekoi dve godini. Igri bez granici... pak istite luge sto ne pokazaa ama bas nikakov rezultat. A narodot veke izveteperen i ne misli poveke. Nema akl. Mnogu mi e zal.
do Sonja, 26.08.2012 17:05:31
Kakvi lideri sakas?Da ne gi gledaat interseite na narodot i da nosat odluki stetni za drzavata i narodot.Onaka kako SDS koga bese na vlast i gi ispolnuvase baranjata na DUI,a ne mu bese vazno meslenjeto na Makedonecot.I zatoa SDS go snajde toa sto go snajde i samo gubi na izbori.I ke gubi i vo idnina.Onie vo SDS sakaat da se vratat na vlast i da prodolzat da go gazat dodtoinstvoto na Makedoncite.Nema da moze!

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE

   


Site Meter


Време
Скопје, 15°C

Делумно облачно

Сабота
Сончево
Макс: 31°C, Мин: 13°C

Недела
Сончево
Макс: 32°C, Мин: 12°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани
Меѓународната вселенска станица поправена со четка за заби
Станицата што чини стотици милијарди долари двајца астронаути ја спасиja со помаш на четка за заби од три долари...
Скелет на диносаурус е Франкенштајнски амалгам
Дали коските на Tyrannosaurus rex се прошверцувани од Монголија и споени содруги фосили...
Мурси го враќа Египет на главната сцена
Мохамед Мурси презема стабилни чекори во новата надворешна политика. Многумина се изненадени...
Интелигенцијата веќе не постои во Европа
Интервју, филозоф Андре Глуксман (3) Францускиот филозоф смета дека ситуацијата во Европа е „вонредно вознемирувачка“. В...

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп | Саботен магазин |