Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Печатено издание
Политика Македонија Економија Хроника Коментари Свет Култура Спорт Скопје Забава Хороскоп
Политика
06.09.2012, 17:12

Поделбите побрзи од помирувањето. Се обединија партиски за да не' поделат етнички

Лутите политички ривали најдоа заеднички јазик за Законот за бранителите, но се конфронтираа со своите политички партнери

Горан Адамовски



ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ по долго време постигнаа консензус околу едно прашање. И двете партии со македонски предзнак дигаат два прста за Законот за бранители. Нивните политички ривали од албанскиот кампус, ДУИ и ДПА, го направија уште поневозможното: „касапааната“ стана чајџилница, нивните претставници ќе дадат се' од себе законот да не мине, или, пак, да се протнат и амандманите за борците на ОНА.

„Партиите на власт се единствените што ќе профитираат од актуелните состојби. Ги повлекоа своите политички ривали на суво, ги наместија на свој терен и ги натераа да играат по нивно. Сметам дека СДСМ и ДПА требаше јавно да излезат и да речат: ‘Слушајте, ова е ваша игра и играјте си сами, ние не сакаме да сме дел од тоа‘. Но, не го направија тоа, се приклучија во нешто од кое не можат да имаат корист“, смета аналитичарот Мерсел Биљали.

Политикологот Владимир Божиновски вели дека ваков Закон за бранителите, со кој ќе им се помогне на оние кои биле на браникот од татковината, требало да се донесе уште многу одамна, но се правеле обиди да биде прифатлив за сите парламентарни партии.

„Нема зошто да се зборува за етничка поделба. Едноставно, ВМРО-ДПМНЕ по потезите на ДУИ со кои се изигрува коалицијата и претходните договори, сосема легитимно го поднесе овој закон, за кој доби поддршка и од СДСМ“, објаснува Божиновски.

Според него, ДУИ ја предизвика кризата поради зголемување на рејтингот пред локалните избори, бидејќи, како што вели, нивните градоначалници немаат квалитетни проекти во своите општини, па преку зголемување на националното чувство кај Албанците, се обидуваат да допрат до гласачите.

„Партиите мора да се трансформираат во граѓански модел. Во спротивно, ќе ни се случуваат примери како Слупчане“, смета Божиновски.

Како што вели, иако не верува во теории на заговор, сепак, индикативен е тајмингот на Слупчане, што се совпадна со посетата на Филип Рикер, заменик-помошник на државниот секретар на САД и изјавите на американската амбасада околу визионерството на министерот Фатмир Бесими. Божиновски во тоа гледа притисок околу името, во што САД се послужи со ДУИ. Дали работите ќе се смират, партијата на Ахмети ќе излезе од Владата, ќе имаме предвремени парламентарни избори, или, пак, СДСМ, ДПА и ДУИ ќе формираат заедничка Влада - тешко е да се претпостави.

„Предвремени избори не и' одговараат на ДУИ, бидејќи рејтингот им е во опаѓање. Широка коалиција без ВМРО-ДПМНЕ не му одговара на Бранко Црвенковски, бидејќи тоа ќе значи крај за него, па дури и за партијата. Никој не знае што ќе се случи, верувам не знае ниту Ахмети. Но, ако ме прашувате за Законот за бранители - мислам дека тој ќе се истурка до крај, оти тоа ќе го амортизира целиот негативен импакт со Слупчане. И апсолутно не сметам дека кавгата меѓу ДУИ и ВМРО-ДПМНЕ е договорена, бидејќи сите потези на Ахмети одеа на штета на Груевски“, констатира Божиновски.

Покрај кавгата во власта, и најавената соработка меѓу Црвенковски и Тачи падна уште при првиот чекор. Цветанка Иванова од СДСМ, која ја раководи собраниската Комисија за труд и социјала, пред неколку дена за нашиот весник изјави оти поддршката на Законот е став на партијата и оти не гледа надгласување по етничка поделба.

„Јас мислам дека ова е програма за предвремени парламентарни избори или во најмала рака за да се зајакнат позициите пред локалните избори. Потоа ситуацијата ќе се смири, ќе слушаме фрази од типот: ‘Сите сме браќа, ајде да ги закопаме секирите‘“, поентира Биљали.


Статијата е прочитана 4088 пати.

Испрати коментар



Владиниот тим на конвенцијата на демократите
Грците имуни за „македонски“ на Филе
Епидемија на црвени линии околу Македонија
ДУИ го блокира Собранието и бара помош од Иванов



sani ibraimi, 07.09.2012 02:16:03
super bi bilo i vojna ...etnicka vojna !uste ta ni fali pa da sme ravni na avganistan ,pakistan,iran ili sirija...i taka sme na nivno kulturno nivo kako drzava
ФЕЛИКС, 07.09.2012 07:17:42
Во право е г-дин Божиновски да зад цела оваа националистичка гунгула стои притисокот за решавање на проблемот со името.Ептен понижувачко е да албанскиот политички фактор стана ,,монета за подкусурување,, или како што велат оние од север,,баба Рога,,и ги употребуваат како средство за притисок и националистичко бранување кога се сака да се постигне некоја цел.И на крај длабоко навредува кога некој пишува колумни за наводното Македонско-Американско пријателство а од друга страна подтикнува национализми кој ја потресуваат државата.
Miki, 07.09.2012 08:31:19
Pa bas ste go nasle *analiticarot*, kako da ste otisle vo *centaro* na DPMNE! Negovite *biciklisticki* stavovi samo odat vo prilog na ona sto site go gledame - razgoruvanje na nacionalisticki ognovi, dogovoreni ili ne..A vrvnata *mudrost* demek kraj na Crvenkovski ako koalicira so Ahmeti samo im go odrazuva stravot od ona sto i realno moze da se sluci - tajfata na DPMNE protiv site ostanati!
mkd, 07.09.2012 09:02:34
Mora da se razmisluva nanapred. Vakov politicki sistem ja tera Makedonija vo bezdna i vojni. Pod itno treba nov zakon za partii kade ke mora da se registriraat na celata teritorija na RM ako sakaat da se parlamentarni i minimum vo sekoj region da imaat 20% od druga etnicka pripadnost obicno taa sto e karakteristicna za toj region. Bi imalo moznost i za lokalni partii no i kaj niv treba da ima minimum 10-15% od drug etnikum i bi mozele da se kandidiraat samo na nivo na opstina. Taka ke se svrtat kon ekonomijata a ne kako dosega.
mene, 07.09.2012 10:27:48
Безразлика дали ке е донесе Законот вака или со некои додавки ,јасно ед ека љубовта има краток век на траење,особено оваа политичката каде главен адут е профитерството и големината на тендерите.Овојпат актуелната власт на тендер ја стави Македонија и достоинството на нејзините бранители.Тоа што владејачката македонска партија ги амнестираше војсководците на ОНА сега им се врака како бумеранг.нели е тоа она народната ‘‘со свој камен по глава‘‘Е тоа е интегративната политика на владејачкта партија.Оценката дека опозиционите македонски и албански партии требале да се тргната настрана само еприкриен адут во полза на албанското барање.Тие од овој конфликт нема што да изгубат,Тие добиваат и повеке од тоа што направиле,само не се знае на оја од албанските партии ке им припадне мнозинството гласови на следните избори.
BitolaHamiltonCanada, 07.09.2012 14:39:38
Bozinovski ne veruva vo teorii na zagovor ama vo eden vakov zagovor,i da saka nemozi da ne veruva.Za nego,indikativen e tajmingot na Slupcane,shto se sofpadna so posetata na Riker.Veruvam deka saka da reci,tajmingot na posetata na Riker shto se sofpadna so Slupcne,i izjavite na ambasadorot za vizionerstvoto na Besimi.Ova se negovite fakti so koi go gradi svoeto veruvanje za zagovor,vo koj shto gleda pritisok okolu imeto.Mene poveke mi lici deka Bozinovski gi izvitoperuva faktite kako shto nego mu odgovaraat za da ja dokazi negovata bolna teorija za zagovor-pritisok okolu imeto.G-dine Bozinovski,ne se raboti za nikakov pritisok okolu imeto,tuku se raboti za toa shto go veli analiticarot Mersel Biljali.Bozinovski ja vrti vodata kon vodenicata na Gruevski.Neka im e na zdravje na SDSM i DPA.Gruevski i Ahmeti,SO EDEN POTEZ im ja rasturija koalicijata.
Katerina, 07.09.2012 14:49:54
Ma samo objavete ja povtorno kolumnata na Zikoli od pred dve nedeli i se ke vi bide jasno koj so kakvi motivi nastapuva. Dvolicna e igrata od dvete strani, samo partijski politiki bez nikakov obzir za mrtvite. Sramno!
нено, 07.09.2012 20:45:26
Се е добро додека проблемите се решаваат во парламентот. Лошо ќе биде ако проблемите се префрлат на улица или во планина. Политички комбинаторики имало и ќе има. Кога се во прашање политичките интереси предвремени избори би му одговарале само на ВМРО бидејќи може да добие повторно мандат, а коалиционен партнер може да се бира. На наредните избори може во парламентот да влезе и друга партија и да ги сруши сегашниве комбинации.

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE

 
Што прават денеска
 


Site Meter


Време
Скопје, 31°C

Ведро

Недела
Ведро
Макс: 31°C, Мин: 12°C

Понеделник
Сончево
Макс: 32°C, Мин: 13°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани
„Рејбан“ – 75 години култен моден додаток
Ниту една ѕвезда ниту рекламна кампања не постигнала толку голем маркетиншки ефект за очилата за сонце „рејбан“ како фил...
Марио Драги ги осоколи берзите
Европската централна банка ги охрабри инвеститорите со мерките за спречување на должничката криза...
Меѓународната вселенска станица поправена со четка за заби
Станицата што чини стотици милијарди долари двајца астронаути ја спасиja со помаш на четка за заби од три долари...
Скелет на диносаурус е Франкенштајнски амалгам
Дали коските на Tyrannosaurus rex се прошверцувани од Монголија и споени содруги фосили...

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп |