Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Печатено издание
Политика Македонија Економија Хроника Коментари Свет Култура Спорт Скопје Забава Хороскоп
Коментари
06.09.2012, 18:33

Мислења

Сеирџиство без усул

Ана Павловска-Данева

Аџиев, човек со просечни познавања на правото, еден од илјадниците „маалски“ адвокати, доби шанса да стане „звучно име“ во земјата

Неверојатно како Томе Аџиев од комплетен анонимус стана главна „фаца“ во државава. Ех, што се' е човек способен да направи за да ги победи сопствените маленкост и безначајност и да се искачи до „врвот на својата некомпетентност“. Последново е цитат од познатиот научник Питерс, кој ги анализира состојбите во администрацијата.

За да не ја претворам колумнава во предавање по наука за администрацијата, сосема накратко би ги упатила читателите во анализите на Питерс. Тој тврди дека кај одредена категорија луѓе кои се нашле во јавниот сектор, со тек на времето се јавува желба за напредување во кариерата која е спротивна или несоодветна на нивните професионални капацитети. Да беше ова негово истражување правено денес и во Македонија, убедена сум дека Аџиев ќе беше најеклатантниот примерок за изработка на студијата на Паркинс.

Човек со просечни познавања на правото, еден од илјадниците „маалски“ адвокати, добива шанса да стане „звучно име“ во земјата. За жал, и пошироко! Ја зграпчил таквата можност и не ја пушта, па и по цена да ни ја извалка цела држава пред меѓународната јавност, по цена да направи пародија од еден сериозен и болен општествен процес наречен лустрација, по цена да го упропасти и така кревкиот и ронлив правен систем во земјата.

Оваа категорија луѓе, со кои Македонија изобилува, порано беа на маргините на општествените збиднувања, според нивните професионални капацитети, но актуелната власт ги прибра во своите редови, ги разгори нивните фрустрации и истовремено им овозможи шанса за себезадоволување (се разбира придружено со задоволство и на големиот шеф) со нивно удомување во клучните институции на системот.

Носењето противуставен закон, непочитувањето на целата стручна јавност, неслушањето на критиките од меѓународната заедница и немањето политички консензус за таквиот закон, се разбира не е вина на Аџиев. Таа приказна е скроена од поголеми „играчи“ од него, кои секако имаат и поголема одговорност. Но, начинот на негова имплементација, несомнено претставува првенствено одговорност на долгогодишниот и нелегитимен претседател на Комисијата за лустрација.

Сите овие збиднувања, од предлагањето на Силвана Бонева на неуставен Закон за лустрација полн со правни нелогичности и недоречености, повикувањето на непостоечки резолуции како основа за негово донесување, преку „протуркувањето“ без политички консензус, па се' до насилната и селективна имплементација од страна на Аџиев, ќе резултираат со добивање на уште еден, дополнителен критериум поставен од Европската комисија за наше приближување кон европското семејство. Лустрацијата во почетокот послужи како средство на власта за заплашување и замолчување на „своите“ непослушници, па за јавно жигосување на опонентите, за на крај да се претвори во сеирџиство како последен инструмент на дефокусирање на јавноста од реалните проблеми. За жал или за среќа, сето тоа некој однадвор го набљудува и следи, а казната ја трпиме сите. Или, со други зборови: од играчка, плачка. Наместо исполнување на постојните критериуми за влез во Европската унија, власта во својата забеганост, ни наметна уште еден, нов, наречен лустрација.

Најпрво, бидејќи му е мандатот истечен и Комисијата де јуре нема претседател, се поставува прашањето за правната важност, правната сила на секоја од одлуките на оваа Комисија потпишани од непостоечки претседател. Исто како и дневниот ред на секоја седница на Комисијата, поставен и предложен од непостоечки претседател. А, токму дневниот ред во кој се утврдува редоследот на досиејата што ќе бидат разгледувани, редоследот на лицата што ќе бидат од Аџиев прогласени за кодоши е најголемата перверзија во процесот на лустрација со кој власта се обидува да ја анимира јавноста секогаш кога ја надвасуваат крупни политички проблеми, владини кризи, економски непогоди...

Ниту правна, ниту општествена, ниту каква било логика нема во тврдоглавото инсистирање на претседателот на Комисијата за лустрација да лустрира поранешни носители на јавни функции, прескокнувајќи ги актуелните властодршци. Уште помалку има оправдување најновиот каприц на Аџиев да лустрира наредбодавци (оние кои по службена должност издавале наредби за следење кои можат да се наречат секако, но не и кодоши, бидејќи за нив се кодошело, а не кодошеле тие), наспроти лица кои заради стекнување лична корист ги кодошеле пријателите, колегите, соседите... Логика навистина нема, но има голем личен ќар!

Ако го ставиме настрана катастрофалниот закон и ја погледнеме моралната димензија на лустрацијата, ќе ни се отвори прашањето: има ли разлика помеѓу кодошите од минатото кои напредувале во кариерата наместо врз основа на професионални компетенции, преку „цинкарење“ луѓе и самиот Аџиев кој го повторува истото дело за да се одржи на функција. Разлика нема, единствено што Законот за него не важи зашто временскиот опфат му е до 2006 година, односно до доаѓањето на Груевски на власт. Оттогаш па наваму, кодоши, ситни души и лицемери кои и' се продаваат на власта нема!?

Аџиев е само ситна рипка во море со ајкули, чија улога бргу ќе згасне, но поголемиот проблем треба да се бара во фактот што слични „лустратори“ го наоѓаат своето место во судството, во обвинителството, на клучните позиции во администрацијата, во инспекциските служби, во сите регулаторни тела, дури и во универзитетската „фела“. Во општествените пори длабоко се навлезени вакви штетници, па затоа преостанатото здраво ткиво ќе треба да смогне сили самото да се избори и да ги исфрли од себе, колку и да е болен овој процес на прочистување.

(Авторката е пратеничка и потпретседателка на СДСМ)

Наш став



Објавувањето колумни и мислења од надворешни автори е одраз на намерата на „Утрински весник“ да биде влијателен глас на заедницата. Но, напоменуваме дека не се согласуваме секогаш со ставовите што ги изнесуваат нашите колумнисти, особено кога станува збор за лични дисквалификации, етикетирања без основа и извртување на контексти со цел да се наштети на други личности од која било сфера. „Утрински весник“ се оградува од таквиот речник и конотации и ги смета за непримерни во јавната комуникација.


Статијата е прочитана 2279 пати.

Испрати коментар



Игрите (во Владата) ја поминаа границата
Македонското срце бие со тахикардија
Нова сапуница



jovan, 07.09.2012 01:42:55
Da e samo Tome Adziev. Kolku podprosecni anonimusi stanaa zvucni iminja, prosto nema da ti se veruva. Tome barem ima dovolno godini, pa i nekako da mu se prosti. Sto stanuva so onie koj uste ne zavrsile fakultet a dobivaat direktorsko mesto, sovetnik na Minister, Precedatelot... So ovaa Vlada sto dozivea da vidi ovoj narod, toa nikogas ne go doziveal i videl, a i tesko deka nekogas vakvo nesto ke se povtori. Da ne spomenuvam koj se stana biznismen(so tenderi) i stanaa *elita*. Jas barem vakvo nesto vo nitu edna drzava nemam videno, a sum patuval, rabotel i ziveel vo poveke drzavi. No toa e toa, dzabe pisuvas, dzabe citame, a bogami i dzabe komentirame. Karavanot si vrvi, a kucinjata ne ni laat veke.
ФЕЛИКС, 07.09.2012 07:34:43
Сосема накратко,ако Аџиев е просечен познавач на правото и ,,маалски адвокат,,тог��ш големи заслуги за таквото нешто има правниот факултет каде што авторот на текстот предава.Оти секогаш едукаторот е виновен за слабата едукација.
velesnec, 07.09.2012 08:22:32
eden od najgolemite anonimusi vo Makedonskata administracija e sekako Jane Miljoski koj so eden poteg kako minister ja vrati Makedonija 50 godini nazad...sekako zboruvam za denacionalizacijata i privatizacijata koi bea kriminalno napraveni... vlezen vo vladata smo poradi drugaruvanjeto na tatko mu so gligorov...so toj poteg ja unisti mkaedonija no vo isto vreme gi zbogati funkcionerite i prijatelite na sdsm...daneva toa treba mnogu podobro da go znae,so niv e sekoj den...pozdrav
I Adzievski naskoro ce bide lustrirabn, 07.09.2012 08:59:36
Ne se sekiraj Ana. I Tome Adjiev posle izvesno vreme ce bide predmet na lustracija. Samo pred druhga komisija i so drug pretsedatel. Istorijata i minatoto ne uci deka posle site vladeenja so apsolutisticki obelezja i ednoumie , doajdaat momenti na procistuvanje( lustracija). E togas tookmu vakvi mediokritetski personi , koi mu izigruvaat masa na rezimot ,ce bidat predmet na lustracija. I neka Tome ne se nadeva na nekakva pomos i podrska od rezimot za koj taka udarnicki raboti. Ne toj e samo edna beznacajna persona , za ednokratna upotreba, koja treba da gi izvrsi valkanite raboti, za licata od valasta da ne si gi valkaat svoite race.
Битолчанец, 07.09.2012 09:37:23
Томе Аџиев е класичен РЕКЕТАР!!! Таков бил и ќе биде. Во изминатите десетина години како најмен адвокат од вмровските директори на јавните комунални претпријатија во Битола, наплати стотици илјади евра народни пари. Секој дил со ДПМНЕ и тоа како дебело го наплаќа. Вероватно и со лустраторската гилотиња богато ќе се офајди. Ама, власта ќе се смени...што потоа?!!
aco, 07.09.2012 10:37:54
Da profesorke mislam deka ste vo pravo za doticnata osoba no sto so oni sto ja vodea i ja vodat drzavava sto stana od Makedonija novi beskurplozni feudalci koi sopmos na vlasta go obezlicija narodot koj ke im sudi na niv
lustrator, 07.09.2012 10:59:48
Убаво напишано, ако не е нарачано.За да бидеш таков као што е нацртан дотичниот господин во оваа колумна значи дека треба да бидеш способен да опстојуваш низ годините,па и низ субјектите во кои или си член или симпатизер.Тоа е убаво што примерот се користи како пример какви не треба да владеат со општеството.Е за да нема такви,првиот филтер се партиите преку кои ваквите стекнуваат позиција,А за да нема такви партиите треба навреме да ги очистат од своите редови,а уште повеќе и од своите кадровски листи.Па после ова се поставува прашањето.Има ли такви во СДСМ и како некои ‘‘млади‘‘ членови доспееја до така високи функции за краток период неисклучувајки го и авторот на оваа колумна.Или за таквите е доволно да си само ВСС и вратите во политиката се отворени небаре тоа е бавча што секој може да ја ора како сака.Како висок функционер во СДСМ ВИ советувам сп тезите што ги искажавте во ова колумна за дотичниот маалски адвокат да ги сознаете состојбите и во Вашата организација само да не се р
BitolaHamiltonCanada, 07.09.2012 15:28:12
G-ga Pavlovska,moj sovet do Vas....SO USUL.
Митре од Ротино, 07.09.2012 20:01:16
Со досегашните заслуги сигурно апетитите му пораснале па нема да зачуди ако го видиме во Уставен Суд или повисоко ?
Istocna Makedonija, 07.09.2012 21:15:40
Poimot kariera e relativen,osobeno diskutabilna e politickata.Ne,kariera apriori i samo so sednuvanje vo udobna fotelja,so steknuvanje na pozicii,zvanja preku nok i so protekcija.G-go Daneva,da se gra- dat humanisticki,produktivni,ne karieri na hartija. Da se sraboti nesto za ovoj siromasen narod,na cij grb se uzivaat benefitite,irelevantno dali od po- zicija na valast,ili vo opozicija.

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE

 
Што прават денеска
 


Site Meter


Време
Скопје, 18°C

Ведро

Сабота
Ведро
Макс: 30°C, Мин: 13°C

Недела
Сончево
Макс: 32°C, Мин: 12°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани
„Рејбан“ – 75 години култен моден додаток
Ниту една ѕвезда ниту рекламна кампања не постигнала толку голем маркетиншки ефект за очилата за сонце „рејбан“ како фил...
Марио Драги ги осоколи берзите
Европската централна банка ги охрабри инвеститорите со мерките за спречување на должничката криза...
Меѓународната вселенска станица поправена со четка за заби
Станицата што чини стотици милијарди долари двајца астронаути ја спасиja со помаш на четка за заби од три долари...
Скелет на диносаурус е Франкенштајнски амалгам
Дали коските на Tyrannosaurus rex се прошверцувани од Монголија и споени содруги фосили...

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп |